40 ГОДИНИ ЧКЕМБАРИ!
Дел од реквизитите кои се припремени по повод огромниот ЈУБИЛЕЈ кои ни претстојува во следниот период. Реквизитите ќе можите да ги набавите на чкембарскиот штанд пред Епинал, кој ќе биди поставен од 19ч.
- Белиот шал е инспириран од еден од најубавите Чкембарски транспаренти.
- Шалот ,,Птицо моја” е инспириран од истоимената Чкембарска химна.
- Шалот ,,Ко вчера да беше” е посветен на престојниот јубилеј кој ќе биде одбележан со тој слоган.
- Бар шалот е направен со македонски вез и пелистерски бои и го има редизајнираниот наш амблем по повод 40 год. Чкембари.
- Чкембарски Фанзин бр.9
- Фрешери за во кола, привезоци, маски за телефон и шолји со редизајнираниот наш амблем по повод 40 год. Чкембари.
- Чкембарски налепници.
#КоВчераДаБеше
Прегледај го приврзокот 452639
Пофалба за бројот на извадени реквизити, ама не е само да удриш на квантитет.
-Редизајнираното јубилејно лого чкрипи – презаситено е со симболи и елементи на мал простор: кулата, детелинката, планината, тупаницата, 40-ката, па уште разгоропадениот арслан со шал одозгора… Малку како лого на агенција за обезбедување од Виница, направено околу 2002, што од немукает не го смениле, па го користат и денес.
-Шалот инспириран од македонски вез е добар, со тоа што мислам дека тоа парче заслужува да се најде подобро дизајниран амблем на него.
-За фанзинот секоја чест, очајно фалат такви работи на сценава.
-Белиот шал е благ ужас. Обидот за вклопување на Битола во Пелистер и 1985 во Чкембари е тотално неуспешен. Горниот ред со текст со црвени букви исто е очоболие и тотален вишок. Идејата да биде посвета на важен транспарент е добра, изведбата не.
-Птицо моја со стадионот – идејата добра, кон визуелниот момент имам резерви, ама проаѓа.
-Налепниците – ок, со познати мотиви и во рамките на очекуваното.
-На фрешерите, фигурата на навивачот има ДУПКА ВО ГЛАВАТА за да се протне ластичето за закачување. Ужасно решение што лесно можело да се избегне.
-Добра е идејата за маски за мобилен, да се прошара со различни производи.
Генерално, носечкиот дизајн со логото за 40-годишнината требало да биде изведен многу подобро. А го има на пола производи...