ТИФОМАНИЈА!

  • Креатор на темата Креатор на темата 87_47
  • Време на започнување Време на започнување
Brera Strumica - Shkendija 06.03.2024

1709804341735.png
 
@Hristo1312 Koj vika deka na tv ja gledav :) ? Bev na utakmicata. Prvo vlegovte koga vekje bese pocnata utakmicata odnosno kasnevte.Vtoro, moravte da ja razbudite obicnata publika bukvalno zaspana bese. Treto nemase uopste potreba anti sk ali tuka vie si znaete.
Na momenti ozbilno se napravi silen pritisok so svirezi I dossmta bese dobro na momenti koga se peese lihnida.
Сите сте за Охрид, само не признавате :jeeee:
Пиши друг пат, ќе дајме пиво и плашици во некој ПАБ.
Еснав луѓе сме хехе :)))
 
РЕЗИМЕ!

Комити Запад | ФК Вардар-ФК Работнички (06.03.2024)

МОБИЛИЗАЦИЈА
Видео најава и плакат
Герила акција со платно на младата екипа
Неколку нови графити на младата екипа како најава.

Мобилизацијата траеше 2 дена.

БРОЈКА
Трудот и напорот на групата си дава резултати, па така во среда, во работен ден, во најлошиот термин имавме горе-доле 150 луѓе во копот. Бројката постојано растеше затоа што луѓето си заминуваа од работа. Можеби најдобра бројка досега за среда, но тука не смее да се запре. Се прашувам само колкава ќе беше бројката да игравме за титула...

КОРЕО/ПИРО
Корео немаше, додека пак имаше баклијада, и повремени палења на бакљи. Треба што повеќе да се работи на овие натпревари, да им се даде значење, да не се чека само викенд.

НАВИВАЊЕ
Секогаш е најдобро на вакви натпревари. Се навива 90 минути, без прекин, како што треба. Има видео извештај, така да секој може да погледне.

ЧКЕМБАРИ БИТОЛА
РК Пелистер-РК Алборг (28.02.2024)

МОБИЛИЗАЦИЈА
Како што гледам, немаше никаква акција, дури мислам ни плакат.

БРОЈКА
250 по моја проценка иако двомотките покриваат, па можеби и тоа да влијае.

КОРЕО/ПИРО
Кореото беше составено од двомотки, 30-тина на број, пропратено со шалови и беше убаво за око. Секако ќе беше поубаво и ,,мангупите" од прв ред да кренеа шал, ама они се тука за ,,друго". Секоја група има вакви позери и мора да се работи на тоа. Барем акции да правеа па да им простиш..
Пиро немаше.

НАВИВАЊЕ
Нема видео извештај, не можам да коментирам.

ФК Пелистер-ФК Саса (02.03.2024)

МОБИЛИЗАЦИЈА
Плакат

БРОЈКА
Еден чекор напред, назад два. Бев скептик за претходното издание и ми се потврди мислењето дека младите дечки од Баир се потрудиле и привлекле луѓе. На овој натпревар против Саса, кој патем е резултатски важен, во копот имаше 50-тина членови. Долго време се провлекува мислењето дека групата ја влече постарата екипа која мислам има респект од цела Мак тифо сцена, ама се поставува прашањето што понатаму? Кој е компасот? Останува да видиме...

КОРЕО/ПИРО
Немаше

НАВИВАЊЕ
Не можам да коментирам затоа што немаше видео извештај.

ФК Пелистер-ФК Детонит Плачковица (05.03.2024)

МОБИЛИЗАЦИЈА
Немаше ништо.

БРОЈКА
Бројка 15 луѓе, но тука е поважно што се одработуваат забранети гостувања. Мора да ни стане на сите јасно дека само вака се води борбата. Е сега, пак доаѓаме до тоа што го напоменав, речиси истите фаци, како сите слики од гостувањата да се исти, барем повеќето. По мене, мислам дека мноогу треба да се работи на мобилизација, затоа што вака само постарата екипа ќе фура дур може.

КОРЕО/ПИРО
Немаше

НАВИВАЊЕ
Нема видео извештај, не можам да коментирам.

ЛОЗАРИ ИСТОК | ФК Тиквеш-ФК Силекс (06.03.2024)

МОБИЛИЗАЦИЈА
Немаше ништо. Не разбирам, порано имаа добар дизајнер, па барем можеше плакат да се извади, чисто да се знае, да се повика членството. Некако, како самата група полека да осеќа дека работиве не одат, но наместо да ги мотивира, изгледа дека е обратното.

БРОЈКА
25 луѓе, еве и повеќе нека се, бидејќи при претходното резиме членови на групата ми замерија за нешто, кое патем ништо не менува. И да се 30 пак е ништо, пак негде е заебано и факт е дека не функционира. Не е бројката проблем, туку што воопшто групата не оди во нагорна линија по однос на ова. Една група на цел град...

КОРЕО/ПИРО
Немаше ништо, барем нема слики ниту видео.

НАВИВАЊЕ
Не можам да коментирам, нема видео извештај.

АЈДУЦИ СТРУМИЦА | ФК Тетекс-ФК Беласица (02.03.2024)

МОБИЛИЗАЦИЈА
Немаше ништо

БРОЈКА
10 луѓе, но одлично е што се одработуваат гостувањата. Тука не смее да се има голема замерка, особено од групи како Ајдуци кои се борат во моментов за преживување.

КОРЕО/ПИРО
Немаше ништо

НАВИВАЊЕ
Нема видео извештај, не можам да коментирам.

ВОЈВОДИ ТЕТОВО
Не најдов ниту една слика, ниту па видео извештај на нивната официјална страница, за натпреварот против Беласица.

ВИНАРИ НЕГОТИНО | ГФК Вардар Неготино - ФК Охрид (05.02.2024)

МОБИЛИЗАЦИЈА
Освен протокол плакат, немаше ништо друго.

БРОЈКА
Групата покажува каква таква константност во последно време, но мора да се продолжи со работа, за да не испадне дека овие изданија се само одлика на еуфорија..
Инаку, бројката после Комити мислам најдобра за ова коло, некаде околу 70-80 луѓе, е сега..на сликата се гледа дека многу има кои не припаѓаат таму, ама со време ваљда ќе оформи убава група, убав коп.

КОРЕО/ПИРО
Немаше

НАВИВАЊЕ
Нема видео извештај, не можам да коментирам.

ФАМИЛИЈА АЕРОДРОМ | КК МЗТ - КК Феникс (03.03.2024)

МОБИЛИЗАЦИЈА
Плакат, кој патем мислам дека веќе губи одредена ,,УЛТРАС" поента. Некако, од еден убав стил, полека се затера во некои си дизајнерски правци, кои повеќе, МЕНЕ ЛИЧНО, ми изгледаат непотребни и несоодејствуваат никако со приказната на ФА. Почитувам правец да се разбереме, само некако мене лично ми изгледа безвезе..

Освен ова, немаше ништо друго.

БРОЈКА
По мене, ФА се некоја баскет верзија на Лозари. Во моментов ситуацијата е слаба, па така во копот имаше само околу 50 членови.

КОРЕО/ПИРО
Немаше, само беше истакната парола за починатиот член на ЦПБ.

НАВИВАЊЕ
Нема видео извештај, не можам да коментирам.

ЦПБ | КК Работнички - КК ФМП (03.03.2024)

МОБИЛИЗАЦИЈА
Видео најава во сала, со која групата повика на натпреварот, со акцент дека истиот ќе му биде посветен на починатиот член Андреј Грковски. Нека почива во мир!

Покрај тоа беше изработен и графит.

БРОЈКА
Веќе вообичаена слика, 50тина луѓе горе-доле. Тешко оди враќањето на оваа група, а најмалце мислам дека за тоа има влијание СРЦ Кале, затоа што е буквално на 300м од салата во Градски Парк..

КОРЕО/ПИРО
Корео немаше, само мини баклијада при што се крена платно за починатиот член.

НАВИВАЊЕ
Нема видео извештај, не можам да коментирам.

РИБАРИ ОХРИД | РК Охрид-РК Победа (05.03.2024)

МОБИЛИЗАЦИЈА
Плакат

БРОЈКА
Околу 30-тина членови во копот, можеше подобро..

КОРЕО/ПИРО
Немаше ништо

НАВИВАЊЕ
Не можам да коментирам, нема видео извештај.

РК Охрид-РК Алкалоид (03.03.2024)

МОБИЛИЗАЦИЈА
Немаше, барем не видов

БРОЈКА
70-тина луѓе во коп, мораше на ова да се поработи, не дека градот секојдневно има дерби натпревари...се гради добар тим, групата мора да го следи тоа.

КОРЕО/ПИРО
Немаше ништо.

НАВИВАЊЕ
Немаше видео извештај, не можам да коментирам.

Неодработено гостување во Неготино. Не ја знам причината иако Винари мислам дека се коректни во однос на тоа.

ФАЛАНГА ШТИП
Се уште нема никаков извештај.

МАЈМУНИ ПРИЛЕП
Се уште нема никаков извештај.
 
ЦПБ | КК Работнички - КК ФМП (03.03.2024)

МОБИЛИЗАЦИЈА
Видео најава во сала, со која групата повика на натпреварот, со акцент дека истиот ќе му биде посветен на починатиот член Андреј Грковски. Нека почива во мир!

Покрај тоа беше изработен и графит.

БРОЈКА
Веќе вообичаена слика, 50тина луѓе горе-доле. Тешко оди враќањето на оваа група, а најмалце мислам дека за тоа има влијание СРЦ Кале, затоа што е буквално на 300м од салата во Градски Парк..

КОРЕО/ПИРО
Корео немаше, само мини баклијада при што се крена платно за починатиот член.

НАВИВАЊЕ
Нема видео извештај, не можам да коментирам.
Многу ми е јако коа ќе прочитам тешко оди враќањето на оваа група или нешто у тој стил. Според што го заклучи тоа? Лани ова време бевме 60 луге на дерби а сега во неделата имавме 76 влезници од нашиот влез на Работнички фмп и да беше натпреварот посветен за Андреј но у принцип немаше некој посебно дојдено плус минус тие сме лугето. Како знаеш ти дали нема влијание салата или има? Ако некад у животот си билл у парк ќе знаеш дека А трибина била полна на секој натпревар ако не фул бар 60% не битно со кој се игра зошто има луге постари а и помлади што сакаат да си го гледаат Работнички. Од парк салата до Кале имаш бар едно 20 минути плус пешки одење у група. Дербито бевме околу 250 души што се неаме собрано толку 6 години така да незнам као не глеаш напредок, сезонава кореографии пароли најави и по некој графит се доказ дека се работи и напредува. Не знам што очекуваш преку ноќ да се врати бројката од 2011 2012.. Исто ко кај вас што не се врати преку ноќ него 2 ипол години се окозивте од работа за да стигнете од 50 луге до тука. Така да многу многу не му се замараме што е наше ќе си дојде. А до тогаш биди малку пообјективен во твоите резимиња и барај дневница од кајгана зошто баш глеам дека ти е ова примарно занимање. Поздрав батееее хаххх.
 
Дали ми е примарно занимање, покажува изгледот на мојата група, на копот. Со добра организација, нема за што да му ја мислиш, дури имаш и слободно време :)

Форум е за коментирање, јас тргнав во ова зошто сакав другите да ги повлечам, со цел са може да се гради здрава дискусија, здрав правец.

Контекстот со Градски Парк беше поради песната која вие ја направите, не го отворив јас тоа прашање. ,,Минатата година бевме 60, годинава сме 76" како да го окарактеризирам??? Тешко или идеално?

Графитите ги набројав, а бидејќи се правиш слеп при очи, ќе видиш дека тоа со ,,тешко оди враќањето" го пишав под точката БРОЈКА, не под КОРЕО/ПИРО бидејќи ми врати со се само не во однос на бројка. Те молам дербито да не го рачунаме, една утакмица во однос на 30 други е.

На крајот, убаво е што коментираш, не само ти било кој друг.

Во однос на дневници, да не ти враќам на тоа, зошто и самиот си знаеш како ти функционира групата. Така да, полека..:)

Патем, чисто прашање, дали наплаќате карти на членовите за влез? Искрено не знам, прашувам?
 
Песната беше конкретно за ситуацијата со салата у тој период зошто не се предземаше ништо и од страна на управата и од страна на општината. Дербито го спомнав во контекст дека за дерби утакмица бевме 60 луге а сезонава на небитни утакмици сме 60-70 луге. За дневнициве кажав уште пред почетокот на сезонава добро оди сите сме среќни 2 бона зимаме од утакмица плус за секој навивач има обезбедено по ДВЕ ПИВА И СЕНДВИЧ плус превоз и им наплаќаме по 60€ влез. И ова окарактеризирај го како симпатија ми беше како малл.
 
Gotovo dogovoreno:) samo nemoj ko pestanci da ispadne :)
"Пешчанци" не се Охриѓани :pos:
Автоматски споено мислење:

Прегледај го приврзокот 408970

Фудбалот во Македонија се игра за?
Прегледај го приврзокот 408970

Фудбалот во Македонија се игра за?
Добро бе само Рибари беа будали, шо секое коло, и ко имавме само една трибина сите можеа да гостувет!?
Да ви се посерам во групите, шо му чутите на управите, и не најдвите начин да му поможите на гостите!
Кавадарци имат една огромна трибина, една зад гол, и една помала наспроти.
Прајме муабет да се примат грубо 40до50 луѓе ...
Ама изгледа полесно ви е така...
 
Освен @87_47 што дава резиме за сите групи нема ли по еден поединец од секоја група да се најде што ќе дава резиме
Или тешко е да се признае нашата доминација на Мак Тифо цената
 
Вие во вашето постоење , на една екипа немате дозволено да гостува , како се осмелуваш ова прашање да го поставиш?
Кога имаше две трибини, колку пати имате гостувано, оваа сеозна не гостувавте ли?
Нашиот терен се реновира веке 3 години ние секогаш сме отворени за да помогнеме иако има забрана за други групи да влезат и навиваат. Во кавадарци беме оваа сезона и трибината беше топ али вакви игри и смешни дописи причини нема никаде во светот.
 
Освен @87_47 што дава резиме за сите групи нема ли по еден поединец од секоја група да се најде што ќе дава резиме
Или тешко е да се признае нашата доминација на Мак Тифо цената
Здрава дискусија хаххххх
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom