Не негирам дека е едно од најголеми дербиња, реплицирав на тоа што го имаа напишано дека Вардар-Пелистер не можело да се мери со ова дерби и дека бидејќи пропаднало ова дерби, почнало да се фаворизира Вардар-Пелистер. Смешки.
Пренапумпани беа бројките на двете групи за дербиња и како што кажав мобилизација правеа на база на неоснована омраза. Се тепаа ко буљаши по школи и до ден денес знаат да се замараат средношколци да се напаѓаат на основа од каде доаѓаат. Знам бар 5 луѓе што беа нападнати во другата населба, а Н од навивачи немаа, освен на дербиња што одеа. Едните беа спремни со КЦ да се фатат под рака за да се тепаат со другите. Место да се тепаат до Шверцери, само меѓу себе се напаѓаа (со исклучок на тепачката на ФА со Омер на Камени мост и тепањето по школи со КЦ).
ФА имаа златни години, МЗТ стана шампион, јадранска лига и имаа завидни сезони.
Двете групи имаа партиска поддршка и затоа завршија како што завршија, се повлекоа попаметните и потоп.
Еве не мора на навивачки план, кој од тие генерации уште ги прати овие клубови? Не мора на трибина, на тв, на нет, било каде. Следат ли некаде, коментираат ли по социјални мрежи?
Никаде, ни на форумов, ни на ФБ, нигде нема дебати ко што има(ло) за дуели Вардар со Пелистер.