Нека отвори било кој ваква тема, мислам дека ќе гори, ќе има стварно многу што да се зборува, само да оди во вистински правец дискусијата, а не секој само да си кажува за песните на неговата група и да ги крева во небеса, додека сите песни на останатите групи му се срање.
Може и во оваа тема да почнеме, како сакате.
Инаку кога се текстови во прашање, химната на Комити мислам дека е нешто што никој никогаш нема да го надмине.
Има јаки песни секако и на други навивачки групи, ама јас никако не би ја ставил на пример од ФА - Нека знае Јадранот, пред химната на Комити.
Не постои ниту една друга навивачка песна што толку се има етаблирано меѓу народот, луѓе што немаат стапнато на трибина знаат во 3 сабајле да ги разбудиш да ти ја испеат.
Се кладам и дека не постои член на Македонска навивачка група што скришно дома си ја нема пеено, без разлика што никогаш тоа јавно нема да го признаат.
Толку има некое длабоко значење текстот, идеолошки, патриотски, навивачки, емотивно...
Нема Македонец што може да остане рамнодушен на тие стихови.
Посебно делот:
Црвената е за крвта врела, за македонски градови села, а црната е за тој што жали, за Гоцевите идеали.