Како ќе кажеш шефе, ако речеш не смее да ти реплицираме, нема проблем
Ко за некој што не бил во 2010 на ракометот, доста упатено сум пишувал на темата

Како вчера го памтам денот. Се чекаше на четвртиот автобус. На влез на сала се пееше Еееее да бидеш дел од нас, јунак да си мора, ќе се срушеа скалите. Во сала тоа дрвените клуши едвај издржаа. За жал, немавме некои којзнае какви слики дека не дозволуваа да се симнеме доле.
Тие малку слики заминаа во историјата со пропаѓањето на Комити форумот.
Сега кога ќе се присетам имаше некоја група што отиде на своја рака пред ракометот и вистина е дека имаше некои брканици, ама никој немаше дуел.
Немам поим за кое гостување збориш друго, кога против вас не сме имале друго гостување освен ова. Никого не сте нападнале тука, извадивте едно смешно соопштение. Па уште ние сме носеле полиција со нас, мислиш јас ги договарам мвр. Нормално дека ќе има полиција кога е натпревар од висок ризик. Ете во 2010 сум пишал дека не ми се чинело дека има многу полиција, ама не се сеќавам.
Во Куманово од годините од кои одам на утакмици, имаше гостување:
- Со Башкими кога влетавме после некое мешународно гостување и за малку не им паднавме кореографија шеталица. Ова беше праисториско, не знам ни која година.
- Гостување кај Милано завршено со каменување со шипците.
- Гостување со Шкендија во Куманово кога ВАШИ ЧЛЕНОВИ ПОМОГНАА НА ЧЛЕНОВИ НА КОМИТИ кога ЕБР удри офанзива на Комити.
И секако, Металург-Вардар финале на куп во 2019. И за таа утакмица имам многу пишувано. Не бев со чентовци, кои си дојдоа ненајавено на своја рака. Бевме екипа од форумов и седевме подалеку на трибината. Како што кажав, пред утакмица имавте напад врз дете од Куманово кое тренира во Вардар и му земавте маица, па татко му во акна тужба во иднина. Влеговте во сала, пеевте сисај Вардаре и ниту една страна не нападна, иако немаше скоро ич полиција. После сите (раштркани низ сала, плус децата од кумановската школа) скандиравме Ајде, ајде, Вардаре, додека гледавте попарени од ваша трибина.
Патем, со другиве носевме знаме (фан знаме да речеме), да бевте малку поупорни може ќе дојдевте до убав трофеј
Други наши дуели биле на ракомет со Комбат и кога се спасивте кога не не пуштија да излеземе од Градски, а вие одевте во Парк на кошарка. Друго видување со вас ми е помагањето од 10-тина наши членови со Лирија на полуфинале Куп, кога извадија парола за Кичево, а дека вие сте следни.