.
Еве и од сајтот на Кумани:
На овој натпревар имаше полиција во неверојатно голем број. Целиот град беше под опсада како да е воена состојба. Натпреварот го обезбедуваа 500 полицајци, од кои 15 возила преполни со припадници на специјалните единици. Имаше и агенција за приватно обезбедување.
Натпреварот започна со гласност од која не се слушаше дека постојат гостински навивачи. Беше направена и кореографија која се состоеше од: Во централниот дел на запад беа подигнати небо сини картони со крст на средината. Од двете страни од нив се наоѓаа потесни картони со по 2 прави плави траки. На долниот дел над оградата се наоѓаше натпис: С'С (аблем на град Куманово кој ги заменуваше буквите КУМАНОВО) ДО СМРТ. Во текот на на натпреварот беа подигнати уште 2 пароли истовремено, кои се однесуваа на натпреварот во мал фудбал кој Комити го одиграа со полицијата пред неколку месеци и на кој присуствуваа повеќе министри и цел куп новинари од весници и ТВ. По тој натпревар преставниците на оваа група изјавиа дека со ова започнува успешна соработка помеѓу комитите и полицијата ( што се покажа и на овој натпревар по тоа како беа чувани). Инаку на нашата парола во погорниот ред беше напишано: "КОГА ЌЕ ГО ИГРАТЕ РЕВАНШОТ СО ACAB?!" Испод оваа се наоѓаше друга парола како продолжение на првата: "БРАТСТВО ЗА СИТЕ ВРЕМИЊА". На ова сметаме не е потребен додатен коментар. Паролата зборува сама за себе.
Како што напоменавме во почетокот и првото полувреме навивањето беше одлично, додека во второто полувреме малку попушти. Меѓутоа на тоа сакале или не иако не треба да е така веројатно свој допринос даде и константното водство на Вардар. Сепак навивањето не престана во ниту еден момент.
Па како и секогаш и по завршувањето на натпреварот нашите ракометари беа испратени со песна и покрај поразот. На полувремето имаше обид да се пробие полицијата и да се дојде до гостите, но за тоа покрај толку специјалци на толку мал простор зад северната трибина немаше никаква реална шанса. Како што по натпреварот добивме информација некоја помала група пред натпреварот на автопатот ги каменувала автобусот или автобусите на гостинските навивачи. Подетални информации за овој настан засега немаме. По завршувањето на натпреварот постоеше желба за пробив, но само кај домашните навивачи, додека гостите само чекаа да спасат жива глава од кумановскиот пекол и да го напуштат Куманово. И во таа ситуација освен нагурување со полицијата немаше ништо посериозно.
Хахахаха извештајов е врв. Побогу зар сите нивни извештаи содржат толку невистини. Гостите не се слушаа на почетокот???
Хахаха па како ќе се слушаме кога влеговме во десетта минута???
А што не напишале како занеме цела сала кога влегувавме, кога ќе се урнеа скалите пред влезот, кога ечеа наши песни :kesa:
Имало 500 џандари???
Па повеќе џандари кај нас има на обична утакмица со Силекс па камоли на дерби од висок ризик. Да бидеме реални немаше ниту 80 џандари во цела сала. Ние дојдовме во придружба на само 5 полицајци. Пред салата не дочекаа околу 20-30 желки, во сала имаше десетина кај нас, десетина кај Кумани и десетина претресуваа на врата заедно со Кумановските полицајци. Они доаѓале да се тепаат???
Единствени што видов да се топорат беа постарите од Србоманиве кои иако беа на 5 метра од нас а ние бевме блокирани од џандари пак ништо не правеа освен што демек замавнуваа со раката во стил ајде да се тепаме...
Да сакаа фајт можеа комотно да си влезат во терен пошто пред нив џандари немаше, што во Кале не е практика...
Али моментот од целиот овој извештај е ГОСТИТЕ ЕДВАЈ ЧЕКАА ДА СПАСАТ ЖИВА ГЛАВА
Кој едвај ќекал да спаси жива глава???
Победи Вардар, останавме направивме ОЛЕ со играчите, го поздравивме Металург за следен меч и 5 минути откако заврши не избација од сала и си отидовме.
Но тоа не е се...
Најголемата глупост е дека сме биле каменувани на автопат хахахахахахахахаха
ОМГ!!!!!!
И тоа албанско Скопје што пеевте... Па како што знам и кај вас ги има на голем број особено првата населба во која влеговме беше целосно албанска. Немаше потреба од тие провокации...
Што имаме против Србија???
Едноставно имаме против оние кои се Македонци а живот даваат за Србија. Да не пастирам линк да видите како дел од Кумановчани на дуелот Македонија-Србија во мал фудбал навиваат за Србија