Тиесто растури во Скопје !
Нема зборови со кои може да се опише тричасовната журка што ни ја приреди еден од најголемите диџеи кои престојувале во нашиот главен град, мегапопуларниот Тиесто. Дискотеката Колосеум, во петокот, беше претесна за да ги "здоми" сите искрени фанови на електронскиот звук и на "летечкиот Холанѓанец". Главна причина за неговото трето гостување во нашата земја беше презентацијата на новиот албум, Елементс оф Лифе. Новиот материјал е микс од прогресив и транс звуци, но може да се забележи дека има и неколку одлични рејв нумери кои се заштитен знак на некогашниот број 1 диџеј во целиот свет. Убедливо најголеми овации гостинот од Холандија доби за одличната нумера со фронтменот на Faithless, Maks Jez, Dance 4 Life. Освен од неговиот голем хит од претходниот албуб, Jus Be – Remixed, Traffic, скопските журкаџии беа пријатно изненадени и со миксот на добро познатата песни на Prodigy, Smack My Bitch UP и на легендарниот хит на Wamdue Project, King of my castle. Во последниот дел од журката доминираа транс звуците, а на крајот симпатичниот гостин и се заблагодари на публиката за одличниот прием.