Thinking outside the box vs. ограниченоста на луѓето

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
Колку вие размислувате outside the box? Дали сметате дека сте отворен дух, дали размислувате малку пошироко, од повеќе аспекти или обично го прифаќате она што прво ви се дава?

Многу често се кажува како луѓето се ограничени, како коњи што гледаат само напред, ме интересира дали вие сте се соочиле со човековата ограниченост и како истата се манифестира? Дали со постапки, со зборови или?

Како да се надмине ограниченоста? Како да се размислува пошироко и да се прошират човековите духовни хоризонти?
 
Aко не ми се љутиш, само ќе го изнесам моето мото, кое воедно е и одговор на целата тема..ако се љутиш..можам и да смарам малце..

Question everything! <=-- <3
 
Колку вие размислувате outside the box? Дали сметате дека сте отворен дух, дали размислувате малку пошироко, од повеќе аспекти или обично го прифаќате она што прво ви се дава?
Outside the box is only the distance that my eyes can see. Не дека сум затворен, но едноставно не можам сите работи да ги согледувам од сите аспекти поради некои мои морални вредности кои си ги имам зацртано. Сепак, имам широки согледувања и за добри 90% од работите кои ни се случуваат ги разгледувам сите аспекти, а потоа го одбирам она кое највеќе ми одговара.

Многу често се кажува како луѓето се ограничени, како коњи што гледаат само напред, ме интересира дали вие сте се соочиле со човековата ограниченост и како истата се манифестира? Дали со постапки, со зборови или?
Човековата ограниченост е нажалост една од главните карактеристики на секој од нас. Само среќата е што има доста кои успеваат ограниченоста да ја претворат во ништо повеќе од една тенка бариера која станува минлив дел од животот. Ограниченоста се манифестира со заостанување од модерното и држење до нешто кое било порано. Се манифестира преку несоочување со реланиот свет и сето она кое тој го носи со себе.

Како да се надмине ограниченоста? Како да се размислува пошироко и да се прошират човековите духовни хоризонти?
Ограниченоста може да се надмине, само ако сами на себе си го дозволиме тоа. Единствен начин да се размислува пошироко е да се прифати начинот на кој функционира периодот во кој ние живееме, и само така ќе се достигнат подалечни духовни граници кои на тој начин се’ повеќе и повеќе ќе се прошируваат. Штом еднаш успееме да ја преминеме бариерата на ограниченоста, потоа се’ е полесно.

Како што некој некогаш кажал по првото присуство на човек во вселената:
After this huge step, the sky is no longer a limit.
 
Ако ја гледаш претставата како таква ке ти биде интересна. Али никогаш нема да дознаеш кој е зад кулисите ако не се запрашаш. Неможам да ги сфатам луѓето кои живеат како што им е кажано и ништо повеќе. Не се ни обидуваат да размислуваат повеќе за тоа. Колку повеќе се интересираш да дознаеш дали е нешто како што е кажано, толку повеќе ке добиеш знаење. Сум се соочил со луѓе најчесто за религија кои се како коњи заслепени (едвај сум ги убедувал дека не е тоа буквално Адам и Ева и синовите туку се тоа кои било луѓе и се земени како пример) Али џабе... Штета што постојат такви луѓе.
 
Една од темите која секогаш, ама баш секогаш ја отварам во друштво само различно преформулирана : „зошто во последно време забележувам се` поголема за(с)тапеност кај младите еден вид копи пејст ограниченсот. Интересно е дека човекот многу учи од околината во која е сместен. Но во последно време ги слушам секаде сличните муабети наместо да видам некое отскокнување од границата. На пример: машки муабети мора ама апсолутно мора да се за спорт (фудбал) или оговарање на личности (женски) како и подвизите на т.н. фраери или женските што која каде купила, кој со кого како се врзал... Нормално дека има и исклучоци...

Сега да одговорам на прашањата што ги постави Crazy in love.

1.Често, да не речам секогаш ги гледам одговорите на проблемот малку одстрана. Можеби е лесно да се стигне до крајот на проблемот но сигурно постојат и алтернативи.

2. Да. сум се соочил. И ако на почетокот успеам да му ги објаснам сите оние алтернативни решенија на соговорникот, во ред. Но, ако тој се запне со неговата ограниченост, не вреди понатаму. Сепак негови се проблемите и тој треба да биде свесен за нив.

3. Со душевна прошетка. А таа се прави со излегување од секојдневната рутина, со испробување на многу нови нешта (нормално не се`) со живеење на исполнет живот.
 
Искрено во мое прво би зборувал, не сум ограничена личност, а пред се, размислувам малку пошироко кога станува збор за иднината. Поширокиот дијапазон на моите мисли се должи на неограниченоста на мисловниот процес, кој денес е се позастапен кај некои луѓе, особено помладата генерација. Нормално, сум се соочил со типови на луѓе кои ти прават се едни та исти муабети, и постојано повторуваат некои скојдневни фрази,од кои искрено ми се повраќа. Но што е, тука е, одамна сум си пресудил да не живеам ограничено, од денес за утре, туку знам дека најбитна е иднината, и така ќе продолжам со моите размисувања.
 
Една од темите која секогаш, ама баш секогаш ја отварам во друштво само различно преформулирана : „зошто во последно време забележувам се` поголема за(с)тапеност кај младите еден вид копи пејст ограниченсот. Интересно е дека човекот многу учи од околината во која е сместен. Но во последно време ги слушам секаде сличните муабети наместо да видам некое отскокнување од границата. На пример: машки муабети мора ама апсолутно мора да се за спорт (фудбал) или оговарање на личности (женски) како и подвизите на т.н. фраери или женските што која каде купила, кој со кого како се врзал... Нормално дека има и исклучоци...

Сега да одговорам на прашањата што ги постави Crazy in love.

1.Често, да не речам секогаш ги гледам одговорите на проблемот малку одстрана. Можеби е лесно да се стигне до крајот на проблемот но сигурно постојат и алтернативи.

2. Да. сум се соочил. И ако на почетокот успеам да му ги објаснам сите оние алтернативни решенија на соговорникот, во ред. Но, ако тој се запне со неговата ограниченост, не вреди понатаму. Сепак негови се проблемите и тој треба да биде свесен за нив.

3. Со душевна прошетка. А таа се прави со излегување од секојдневната рутина, со испробување на многу нови нешта (нормално не се`) со живеење на исполнет живот.

комплетно се сложувам со саладин
со неколку адони :)
1. така функционирам и јас со проблеми.. ама и општо за донесување небанални одлуки гледам логично на ситуацијата и си ги гледам реалните опции .. и после одбирам една која според мене е најдобра...

2. исто и јас.. само шо јас настапувам поупорно.. барам многу начини да го оттргнам од неговата запнатост.. доколку милам дека сум во право..

3. и со прифаќањето на реалноста и користење на логиката ..
 
Воопшто не се сметам за ограничена личност.
Немам предрасуди за никој,секогаш сум отворена за нови совети и идеи :).
Ограниченоста кај некоја личност најмногу се појавува како резултат на средината во која живее и дружењето со слични луѓе.
Речиси секој човек може да ја надмине ограниченоста со повеке дружење,запознавање на нови луѓе..најмногу патување...Traveling broadens your mind & horizon :)
 
Невозможно е сам да си процените во кој кош спаѓате ради само-преценување.
Има амеби кои едвај си го гледаат прстот пред носот, а ќе убијат цел ден аргументирајќи дека многу повеќе и поотворено размислуваат од тебе.
Жално.
А ограничувањето е лечливо. Ако навреме се дијагностицира „болеста“.
 
Колку македонците се *openminded*?

Колку луѓето во Македонија се со поинакви погледи на свет и поинакви сфаќања за животот?
Или па мислите дека врие од затупени мозоци на овие простори?
Шо мислите....има повеќе опенмајндед или повеќе ограничени умови?
Ве нервираат ли ограничени луѓе? Дали им објаснувате и ги убедувате вие на пример како слободоумни за некоја ствар?
Шмек4е:smir:....(мразам 4етвор4иња)
 
Шмекер пичка му матер знаеш да ме потрефиш со темиве =)

Ич ама баш ИЧ не се openminded ....Правејки муабет со пријатели од западна Европа/Америка ... сфатив уствари колку тоа ние сме старомодни и колку се држиме до некои *комунистички верувања* ....

Нема што да се нервирам со нив .... Или ке разберат или ке си останат на своите *верувања* :):smir:
 
Колку луѓето во Македонија се со поинакви погледи на свет и поинакви сфаќања за животот?
Или па мислите дека врие од затупени мозоци на овие простори?
Шо мислите....има повеќе опенмајндед или повеќе ограничени умови?
Ве нервираат ли ограничени луѓе? Дали им објаснувате и ги убедувате вие на пример како слободоумни за некоја ствар?
Шмек4е:smir:....(мразам 4етвор4иња)
Да бевме open-minded немаше да дојдат женЦки од Русија да ми предаваат за тоа да бидеме по open-minded и да ги гледаме стварите и од друга перспектива...Научив thing or two од нив tho...
Затупени мозоци, не...Ама се конформисти, и нејкат да мрдаат чим им е добро...Ме нервираат ограничени луѓе во смисол на нормалните ствари (who am i to define normal)...Пробувам да ги убедам, ама не иде...И мене така пробувале да ме убедат, ни јас не сум попуштал...Така да....Се е релативно :smir:

п.с. леле користење англицизмииии.... *facepalm*
 
Дали под open-mindedness се подразбира поддршка на секакви Евроамерички девијантни појави и други чуда? Дали тоа open-minded е доблест, зашто сега е во тренд во земјите на кои упорно се обидуваме да се огледаме, кои и служат за пример на нашата заостаната земја на која и треба туторство во напредокот во 21-виот век, а конзервативните луѓе се етикетираат како ограничени и комунисти? Дајте дефинирајте, што е тоа open-minded човек, што е тоа заостанат комунист, па после ќе зборуваме.
 
кон се...ама буквално се...значи од тоа што не сме отворени, доаѓа до конфликти, дискриминација па дури и војни!...
Не се мисли како отворени за да пробуваме нови чуда, и пози во сексот...

конкретно...Кога не размислуваме со своја глава, и донесуваме заклучоци на база на “баба ми така вика“, доаѓа до конфликти и меѓу народи, за признавања на земји и народи, како што е ова со гејлада...
 
Двете теми се споени затоа што разработуваат еден ист проблем. Не би сакал како последица на оваа тема да се отвори тема Колку се open minded луѓето во Америка, па во Австралија, па во Индија итн итн.
Продолжете со дискусијата овде, и како и во секоја дупла тема земете ги во предвид и прашањата на оној кој ја отворил другата тема (во случајов прашањата на Шмекерот)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom