Thinking outside the box vs. ограниченоста на луѓето

Х

Ханзо

Гостин
кон се...ама буквално се...значи од тоа што не сме отворени, доаѓа до конфликти, дискриминација па дури и војни!...
Не се мисли како отворени за да пробуваме нови чуда, и пози во сексот...

конкретно...Кога не размислуваме со своја глава, и донесуваме заклучоци на база на “баба ми така вика“, доаѓа до конфликти и меѓу народи, за признавања на земји и народи, како што е ова со гејлада...
Право, од аспект на меѓунационални односи не само Македонија, туку и целиот Балкан е затворен и ограничен на својата заедница. Секако, зборувам за the average Joe, не за сите. Ама таква е околината, таква е кармата, Балканот е место на вечна омраза и војни. Буре барут.
Сепак, ме интересира идејата на авторот на темава. :)
 

~windy~

urban hippie
Член од
10 септември 2008
Мислења
774
Поени од реакции
119
Thinking outside the box vs. ограниченоста на луѓето
Колку вие размислувате outside the box? Дали сметате дека сте отворен дух, дали размислувате малку пошироко, од повеќе аспекти или обично го прифаќате она што прво ви се дава?

Ја малку сум збунења! Малкочко...
Дали разгледувањето на работите од повеќе агли, нивна анализа и премерување не прави поотворени и пофлексибилни во прифаќањето нови идеи, или пак соочување со нив и прифаќање на истите без многу размислување, м?
Предизвик!
You see it, you grab it!
Разгледувањето и анализата можат да бидат долготраен процес после кој неретко ќе се откажеме или ќе најдеме нешто кое не соодветствува со општествените норми и правила, не се вклопува со нашите размислувања, ни заматува поглед и ќе не спречи да го прифатиме плашејќи се од одбивањето и етикетирањето од оние околу нас.

I like it the other way around!
Сакам интимно да општам со предизвиците и да го пробам, а потоа и прифатам она што ќе ми се најде на патот.

Осетлива е темава!
Јас би рекла дека печатите во пасош прошируваат и прочистваат бели дробови. Загушливо е на едно место. Бајат станuва воздухот во кутијата колку и да има промаја и дупчиња.
Се загушуваш и таму надвор. Различен е воздухот и тешко се дише на почеток. Vertigo и матен поглед, ама со време се избиструва, се проширува и изострува. And it feels so damn good!
Стануваш толерантен за различни култури, примаш во својот живот луѓе од Англија па до Јужна Африка и дишите и гледате заедно. Им помагаш да ги препознаат мирисите, ти помагаат да ги препознаеш формите, а ги има проклето многу. Тогаш зошто да се ограничувам на оние кои ми се веќе познати?!?
Доаѓаш на Запад и стануваш луд за се што е источно. Се случува. Уај? Зашто никој нема да ти залепи етикета поради тоа, ниту пак ќе те осуди и ќе ти каже дека не е правилно. Оу уел...ќе ти лепнат твоите етикетче крејзи ама ху керс??
If it makes you happy, it can't be that bad...




Шо мислите....има повеќе опенмајндед или повеќе ограничени умови?
Има исплашени луѓе. Страв од промена, страв од пробување и експериментирање и прилагодување. Удобно е во кутијата, топло и безбедно!
Факинг загушливо ениуеј.
Надвор се пука и загаден и воздухот. Е душа мила ризик јак! Крик од пети и јууууриииш!!!

Is thаt alright?
:icon_eek:
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Колку вие размислувате outside the box? Дали сметате дека сте отворен дух, дали размислувате малку пошироко, од повеќе аспекти или обично го прифаќате она што прво ви се дава?

Многу често се кажува како луѓето се ограничени, како коњи што гледаат само напред, ме интересира дали вие сте се соочиле со човековата ограниченост и како истата се манифестира? Дали со постапки, со зборови или?

Како да се надмине ограниченоста? Како да се размислува пошироко и да се прошират човековите духовни хоризонти?
Па, се сметам дека сум отворен дух, секогаш ги гледам работите од повеќето страни,а не само од моја гледна точка.
Е, сега понекогаш знам да прифатам на почеток она што прво ќе ми се даде, но потоа со тек на време ќе почнам поинаку да размислувам,а не да верувам само на една личност.
Е сега, се имам соочено со таква ограниченост, а најчесто за ограничени ги сметам оние кои подпаднале под нечие влијание или им се наметнало некое мислење и не сакаат поинаку да го менат. Се друго поразлично од тоа e за никаде или не е во ред.
А,како да се надмине ограниченоста.. тука пак ќе го надоврзам со моите две претходни реченици, се додека потпаѓаме под нечие влијание и се додека некој постојано ни наметнува мислење или пак додека некој за нас претставува пример за човек на кој треба да се огледуваме и да земаме примери, дотогаш неможе да се надмине таа.
Кога си сам со мислите или пак секогаш сакаш да слушнеш повеќе примери, си немаш таков идол во животот, тогаш си помалку ограничен...
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.324
Поени од реакции
7.785
Колку вие размислувате outside the box? Дали сметате дека сте отворен дух, дали размислувате малку пошироко, од повеќе аспекти или обично го прифаќате она што прво ви се дава?

Многу често се кажува како луѓето се ограничени, како коњи што гледаат само напред, ме интересира дали вие сте се соочиле со човековата ограниченост и како истата се манифестира? Дали со постапки, со зборови или?

Како да се надмине ограниченоста? Како да се размислува пошироко и да се прошират човековите духовни хоризонти?
За болдираното не би зборувал туку би оставил другите да оценат.

Научи да резонираш како идиот, но не заборавај да резонираш како генијалец.

Секогаш за се постои причина, или нешто што тоа го причинило, заборавајќи го ова и потпирајќи се на судбина или така требало да биде, нема никогаш да го откриеме изворот или причината за тоа нешто. Секогаш за се има причина.
Не мислам дека луѓето се ограничени туку размислуваат на начин својствен на нив, јас треба да го забележам кој е тој начин и соодветно да одговорам.
 
I

Intex

Гостин
Па ја себеси се сметам за open mind личност. Не ги делам лугето по боја на кожа, по националност, по сексуална ориентација и сл. За мене се сите исти, со секаков можам да бидам пријател. Кога разгледувам некој проблем, го разгледувам на секој можен начин и не би сакал никој да биде повреден или разочаран од мене.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Целта треба да биде постојано усовршување и унапредување кон сите области или кон онаа во која што доминира одредена личност.
Ограниченост не прифаќам секогаш се обидувам да покажам дека постојат повеќе 'јас' во мене.
И не очекувам нормално сите да ме прифатат и во се да успеам но најбитно е да не бидеме наивни и да не потклекнуваме бидејќи во животот ништо не е лесно.
 

^The Cherry^

Proof Of Perfection
Член од
4 јануари 2009
Мислења
163
Поени од реакции
1
Кога човек е ограничен- не можеш да го смениш ! Толку време ограничен и сега одеднаш- промена. Ееее тоа е многу за нив. Инаку на нерви ми идат таквите луѓе...ама какви се, такви се ! :tapp:
 
Член од
20 мај 2007
Мислења
1.139
Поени од реакции
153
Хммм... Отсекогаш ме интересирале нештата гледани од разни перспективи, па затоа и сакам да ги слушам луѓето кога раскажуваат за нивните ставови околу разни работи, зашто со тоа ми откриваат дека нештата навистина можат да бидат разгледани од безброј аспекти. Додека тие кажуваат, јас веќе за истото тоа си имам изградено став, и во зависност од квалитетот (според мои критериуми) на она што го говорат, можат да предизвикаат мали модификации на она што јас сум го замислил. Но воглавно и без тоа, се сметам за доста неограничен на тоа поле, па дури и некогаш сум бил критикуван што нештата ги гледам и анализирам од голем број аспекти, дел од кои се и многу малку веројатни.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.324
Поени од реакции
7.785
Кога човек е ограничен- не можеш да го смениш ! Толку време ограничен и сега одеднаш- промена. Ееее тоа е многу за нив. Инаку на нерви ми идат таквите луѓе...ама какви се, такви се ! :tapp:
Кој вели дека не можеш, покажи му ги контурите, покажи му го патот и оп имаш човек со многу поголеми сваќања.
Цело разбирање за едукација и образование го имаме разбрано како удоволување на професорите за оценка. Па се учат глупости напамет кои што поим немаме што значат, ама добро ги повторуваме како папагали. Кога ќе го прашаш човек што значи тоа? Ќе ти речи не знам, што сакаш повеќе од тоа. Тој не размислува и не донесува одлуки самостојно, неговиот ум е на патерици.
Објасни му на човек дека нештото се учи за да се примени во живот, и ако тоа нешто не може да го примени тогаш не треба ни да го учи :toe:.
 

Paranoik

내 ♡, ∞.
Член од
10 август 2008
Мислења
1.873
Поени од реакции
451
/resurrecting another topic of discussion.
10 Аве марии за светата Леона. :pos:


Чекајте малку.
Од кога thinking outside the box се поистоветува со луѓето кои се open-minded?
И како размислувањето надвор од „кутијата“ може да помогне?

Ако „кутијата“ да речеме е даден проблем кој треба да го решиме, како со размислување надвор од неа ќе дојдеме до заклучок? Има некои линкови кои се поврзани со суштината на проблемот?
Според мене, thinking outside the box нема никаква врска со начинот на размислувањето и во никој случај не може да се смести против конзервативноста.

И како што кажавте, ако се сите конзервативни, нема да дојде до војна.
Со појавата на либерализмот почнале сите препреки, сите војни, сите недоразбирања.
...мразам етикетирања.
 
С

Сатори

Гостин
Чекајте малку.
Од кога thinking outside the box се поистоветува со луѓето кои се open-minded?
И како размислувањето надвор од „кутијата“ може да помогне?
Од моментот кога поимите си ја добиле својата дефиниција.
Секогаш сум го обожавала метафоричниот пристап зошто луѓето веруваат во буквалност.Да се размислува надвор од кутијата, односно анализата на проблемот да овозможи да се бара решение надвор од стандардната вообичаена понудена палета, а за да можеш да си дозволиш твојата интелегенција и фантазија да се рашири надвор од границите на она што веќе сите го знаат како решение треба да си отворен во умот. (терминов :) )
Ако „кутијата“ да речеме е даден проблем кој треба да го решиме, како со размислување надвор од неа ќе дојдеме до заклучок? Има некои линкови кои се поврзани со суштината на проблемот?
Според мене, thinking outside the box нема никаква врска со начинот на размислувањето и во никој случај не може да се смести против конзервативноста.
Ако размислувањето што е даден поим само со себе нема врска со начинот на размислување па не знам што има.
А конзервативноста е вкоренетост која што се учи по пат на социјализација и секако дека луѓето кои што имаат тенденција да го разгледуваат проблемот како нешто решливо без помошните познати методи се либерални.Конзервативец ќе го прави она што му го налага традицијата, нема да има прозорци во неговата желба за решавање затоа што нема ни врата, а не па убав пејсаж.
И како што кажавте, ако се сите конзервативни, нема да дојде до војна.
Со појавата на либерализмот почнале сите препреки, сите војни, сите недоразбирања.
...мразам етикетирања.
Што убава етикета.
 

Blackout

An emotional retard
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
451
/resurrecting another topic of discussion.
10 Аве марии за светата Леона. :pos:


Чекајте малку.
Од кога thinking outside the box се поистоветува со луѓето кои се open-minded?
И како размислувањето надвор од „кутијата“ може да помогне?

Ако „кутијата“ да речеме е даден проблем кој треба да го решиме, како со размислување надвор од неа ќе дојдеме до заклучок? Има некои линкови кои се поврзани со суштината на проблемот?
Според мене, thinking outside the box нема никаква врска со начинот на размислувањето и во никој случај не може да се смести против конзервативноста.

И како што кажавте, ако се сите конзервативни, нема да дојде до војна.
Со појавата на либерализмот почнале сите препреки, сите војни, сите недоразбирања.
...мразам етикетирања.
ете ти на пример размислуваш надвор од ,,кутијата,, на поставеното прашање и наместо да го дадеш бараниот одговор даваш сопствено размислување....
јас лично се сметам за личност која прилично размислува на сите страни....и во кутијата и надвор од неа на радиус од 5 км.
а луѓето кои размислуваат во еден правец најчесто на ја сваќаат опцијата за друг начин на размислување и гледање на работите од друга перспектива што искрено е многу жално.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Да го парафразирам Дејвид Ајк...Еднаш кога ќе излезеш од кутијата разбираш во колку мала кутија си живеел до тогаш...

Во поново време има нова кутија која се вика либерализам а која се наметнува на место на старата кутија на конзервативноста...и двете имаат исти извор...

Значи во различни периоди кутијата имала различни форми а малкумина биле надвор од неа...
 

Chapstick

Сам свој психолог
Член од
7 август 2009
Мислења
2.986
Поени од реакции
311
Многу размислувам.Не дозволувам да останам само на тоа шо ке ми го кажат...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom