The Voice (US)

  • Креатор на темата Креатор на темата Zlatikevichius
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 октомври 2011
Мислења
19.102
Поени од реакции
47.873
Локација
Скопје
The Voice е холандско талент шоу, креирано од холандскиот продуцент Џон де Мол џуниор и холандскиот пејач Роел ван Велцен. Направено како своевиден одговор на Idol франшизата, на The Four, Rising Star и The X Factor, но според мене дефинитивно ја надминува популарноста на секое од нив. Оригиналното шоу е насловено The Voice of Holland, како што се насловени и сите други верзии на The Voice франшизата, со името на државата додадено во насловот. Единствено шоу во чиј наслов го нема името на државата е американскиот и воедно - најпопуларниот The Voice. Кај нас најблиску е хрватскиот The Voice Croatia за кој има посебна тема и се имаат одржано неколку (4) сезони. Неодамна МРТ ги доби правата за првата сезона на ова шоу кај нас, во Македонија и истата е планирана да почне со емитување некаде во 2027 година.

The Voice (US) е најпопуларната верзија на ова шоу глобално. Секоја година на NBC има по 2 сезони на ова шоу - една на пролет, една на есен. Моментално се емитува 30 сезона!!! Оваа сезона во жирито седат: Адам Левин (кој беше и член на жирито во оригиналната, прва сезона на шоуто, и четирикратен победник во истото), Кели Кларксон (поранешна победничка на American Idol и исто така четирикратна победничка во шоуто) и дебитантите во жирито, Квин Латифа и кантри ѕвездата Рајли Грин.

1793208946941.png

Во првата сезона од шоуто, таму некаде пред 15-тина години во жирито беа Адам Левин, Кристина Агилера, Сило Грин и Блејк Шелтон. Во наредните 15 години и низ 30-те сезони на шоуто, низ жирито имаат продефилирано ѕвезди како Шакира, Ашер, Гвен Стефани, Фарел Вилијамс, Мајли Сајрус, Алиша Кис, Џенифер Хадсон, Џон Леџенг, Ник Џонас, Ариана Гранде, Мајкл Бубле, Снуп Дог и многу, многу други. А како гости и помошници на жирито се имаат појавено: Сиа, Аланис Морисет, Робин Тик, Лајонел Ричи, Мери Џеј Блајџ, Роб Томас, Тејлор Свифт, Шерил Кроу, Ед Ширан, Шер, Крис Мартин, Дајана Рос, Ели Гоулдинг, Марк Ронсон, Меган Трејнор, Селена Гомез, Миси Елиот, Риана, Доли Партон, Шон Комбс, Пинк, Чарли Пут, Тим Мекгроу, Фејт Хил, Селин Дион, Ди Џеј Калед, Шанаја Твејн, Џое Џонас (најавен како член на жирито за следната, 31 сезона), Кели Роуланд, Шон Мендез, Хајли Стеинфилд, Халси, Кит Урбан, Мараја Кери, Вил Ај Ем (член на жирито во британскиот The Voice), Дуа Липа, Бебе Реџа, Бренди, Шон Пол, Малума, Стинг, Синтија Ериво, Лиен Рајмс, Луис Капалди, Лизо, Алекс Ворен и многу, многу други.

Победници на до сега 29 поминати сезони биле: Хавиер Колон, Џермејн Пол, Касади Поуп, Даниел Бредбери, Тесан Чин, Џош Кауфман, Крег Вејн Бојд, Сојер Фредерикс, Џордан Смит, Алисан Портер, Санденс Хед, Крис Блу, Клое Кохански, Брин Картели, Шевел Шепард, Мејлин Хармон, Џејк Хут, Тод Тилман, Картер Рубин, Кам Ентони, Грл Нејмд Том, Брајс Ледервуд, Џина Мајлс, Хантли, Ашер Хавон, Софронио Васкез, Адам Дејвид, Ејден Рос и Алексиа Џеј. Познати учесници кои не победиле но направиле огромни кариери и огромен успех на Билборд Хот 100 листата се: Морган Волен, Мелани Мартинез, Либианка, Кристина Грими, Лорен Алред, Никол Галион, Колин Хоторн и Фуши.

Од членовите на жирито, со најмногу победи, 9 до сега, е Блејк Шелтон. По 4 имаат Адам Левин и Кели Кларксон, Нил Хоран - 3, Мајкл Бубле - 2 и Риба Мекентајр, Кристина Агилера, Алиша Кис, Ашер, Џон Леџенд, Гвен Стефани и Фарел Вилијамс - по една победа.

Победникот во шоуто добива 100 000 долари и договор со Јуниверзал Рекордс.

Секоја сезона започнува со Blind Auditions, по што следуваат дуели, нокаут рунда и лајв шоуа на крај. Секако од сезона во сезона и од држава во држава овие рунди варираат.

Како што реков, моментално се одржува 30 сезона на The Voice Америка, и тој јубилеј ми беше повод да отворам тема за шоуто, кое е дефинитивно најгледано во светот. Знам дека ќе има коментари дека никој не станал ѕвезда и сл. но многу од изведувачите имаат платинумски тиражи на своите албуми, песни на Билборд топ листата, рекордни бројки на iTunes и YouTube и дури cult followers како Џордан Смит (победникот на 9 сезона), Мелани Мартинез, Морган Волен, Кесиди Поп, Даниел Бредбери и Грл Нејмд Том, на пример.

Го следам шоуто неколку сезони, и американската верзија и хрватската, британската и австралиската, но мислам дека оваа 30 сезона на американската верзија ми е најзабавна до сега. Жирито е ептен топ погодено и константно имаат меѓусебни закачки, доскочици и dad jokes што го прави позабавно од вообичаено. Во исчекување на македонската верзија на шоуто, споделувајте тука што од американската ви се има допаднато, а зошто да не и да ѕирнете што се случува во новата сезона која моментално е во тек.
 
Бугарската верзија загледав неколку учесници и е одлично. Настрана тоа што они си обожаваат музика фолк или чалга што ја викаат бугарите.

Бугарите имаат добра продукција.
Нормално лиценца па е направено по потребите на лиценцата ама сепак се скоцкано средено одлично.
 
Последно уредено:
Бугарската верзија загледав неколку учесници и е одлично. Настрана тоа што они си обожаваат фолк или чалга што ја викаат бугарите музика.

Бугарите имаат добра продукција. Нормално лиценца па е направено по потребите на лиценцата.
Темава е, Марче, за американскиот The Voice. За Бугарите никому не му е гајле.
 
Темава е, Марче, за американскиот The Voice. За Бугарите никому не му е гајле.
Добро пиша ти дека си гледал и британска и хрватска па затоа и пишав за бугарската. Горе доле сите се исти со некој измени.
 
Активно ја следев сезоната во која се натпреваруваше Nathan Chester, другарче од брод.
Еве го наговиот настап заедно со Bryan Olesen. Двајца извонредни момци кои се споија во дуетите, Брајан победи во тој дуел а Нејтан беше спасен од Џон Леџенд.
На крај двајцата стигнаа до големото финале, Топ 5.
2 години подоцна Нејтан има компанија преку која настапува како гостин забавувач во театрите на Princess Cruises бродовите и понекогаш Брајан доаѓа со него на брод.
 
Оваа сезона не знам дали некој ја следи - од една страна ми е поинтересна заради жирито и доскочиците меѓу Адам и Рајли и закачките на Адам и Кели, ама од друга страна, мислам дека иако вокално сите се топ, нема некој кој направи да паднам на газ, ко во претходните. Немаше ни еден настап и ни еден дуел кој ми беше онака - memorable. Е сеа, ќе видиме дали ќе има нешто такво во следните епизоди. Следува cut week, прв таков во американскиот The Voice, каде ќе испаднат повеќе од пола од преостанатите пејачи (моментално има 28 останато, по дуелите, а од нив само 13 одат во live show-ата).
 
Back
На врв Bottom