THE PRODIGY - Охрид - 14.08.2016

Член од
29 март 2013
Мислења
4.508
Поени од реакции
4.331
Мислењата се поделени ради ликови кои настапот како прво го сватија како концерт на Продиџи а не како еден вид на повеќе часовен фестивал, 70% мислеа дека ќе почнат во 9, е сега јебеш неинформираност а на лајнапот убаво си пишеше дека од 12 ќе почнат. Секој што одел по концерти се има заебано да дојде прерано па со текот на вечерта да ти се смачи и да ти помини ќефот. Кога сме веќе кај влегувањето јас бев на партер2 и контролата на врата беше мизерија , во стилот не бомба, можев со веспа да влезам. Организациски беше мизерија, во смисла на обезбедување, редари итн, самата продажба на пивата беше со лименки а не пластични чаши каде секој може беља да направи. Авалон со тоа не ги испочитуваа самите Продиџи а и луѓето кои дојдоа за нив. Претресот на партер 1 е логичен ради тврдите предмети, на Боб Синклер имаше ропаци кои го гаѓаа со се и сешто.
За Продиџи нема да коментирам пошто се шампиони на сцена и мајстори за забава, криво ми е само за Poison и Girls што не ги пуштија.
И мене ми е криво што не ја спукаа Poison! :D

Јас бев во Фан Пит и беше добро. Во врска со озвучучвањето немам некои позначителни примедби, бев блиску и ми беше сасвим доволно јако. Имаше добра журка, турканици, адреналин! :)
Не знам како беше во Партериве и бината али во Фан Пит беше прејако.

Ок сега, не сме сите исти, не можат сите да рипаат и да се туркаат како што побара некој член погоре, не сме сите на наркотици јбг. :P Али од друга страна донекаде се слагам со тоа, Продиџи се и требаше долу да се направи скрос јако. А јас се истресив скрос! :roker:
Али нема везе, мислам дека и дечкиве се потрудија да направат атмосфера.
Јас можам да кажам дека сум задоволен од настапот, е сеа како проблем можам комотно да го посочам доцнењето од пола саат и фазла на дечкиве, требаше во 11 и 45 а тие почнаа во скоро во 12 и 30 ако не се лажам. Али арно што не дојдов многу порано, влегов кај 11 и 30.
 
Последно уредено:

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.402
Поени од реакции
6.022
I na parter eden bese top,vo blizina na shutkata,edno vreme nemase dovolno kislorod :D
Inache se presmejav so edno bate na sred shutka okolu nego, proveri na rezultati Del Potro - Murray:pos:
 
Член од
25 јуни 2007
Мислења
2.307
Поени од реакции
1.134
Концертот не беше толку лош како што некои пишаа погоре . Можеби не беше нај , ама беше далеку од лош . Квалитетот на звукот беше добар , но требаше да биде погласен . Што се однесува до времетраењето на концертот, можеби беше малку пократок но тоа е до негде и нормално затоа што ова е веќе трет нивен концерт во земјава ( сигурен сум дека првиот и вториот пат концертите биле далеку подолги ) . Баш гледав на сат и сношти концертот траеше околу 75 минути , и тоа во последно време е стандард за концерти на познати музички ѕвезди , поготово ако веќе предходно настапиле во одредена земја .
А сега за негативната старана за синоќешниот концерт , која што нема врска со Продиџи туку со организаторите .
На влезот од стадионот имаше претресување од страна на обезбедувањето како да сме криминалци . Сум бил на многу концерти и кај нас и во странство и никаде не било така како што беше сношти . Обично обезбедувањето на влезот не дозволува внесување на фотоапарати и пијалоци , и тоа е се . Но сношти не дозволуваа внесување на цигари и упаљачи што е ТЕЖОК ИДИОТИЗАМ , бидејќи внатре не беше забрането пушењето ( а и да е забрането не смее никој да ти одзема лична своина ) . Јас почнав да се расправам со обезбедувањето во врска со тоа ( луѓето може и не се криви затоа што така им било наредено ) , и некако успеав да ги убедам да ме пуштат внатре со моите цигари и упаљач , но останува фактот дека тоа што го правеа е ИДИОТИЗАМ и тоа беше направаено со цел да мораш да купиш од цигарите кои се продаваа внатре ( ако си пушач де ) . Ова е е прв пат да ми случи вакво нешто на влез на концерт и одсега натаму ќе размислам дали да одам на концерт организиран од страна на Авалон . Сум бил и на Massive attack , и на Stereo MCs , и на U2 во Солун и на James Brown и на уште многу други , и НИКАДЕ немало вакви забрани .
П.С. Заборавив да кажам дека предходната вечер бев на концерт на Ал ди Меола и немаше апсолутно никаков претрес на влезот ( можеше да внесиш и бомба ако сакаш ) .
Јас па се изненадив колку малце проверуваа. На послаби концерти повеќе проверувале. Најверојатно се зависи од влезот и човекот што претресувал :)
 

HristijanWR10

Bryan Kearney
Член од
11 април 2012
Мислења
10.757
Поени од реакции
20.465
I na parter eden bese top,vo blizina na shutkata,edno vreme nemase dovolno kislorod :D
Inache se presmejav so edno bate na sred shutka okolu nego, proveri na rezultati Del Potro - Murray:pos:
Другар мој хахахах јас пред него бев, тој со црна јас со бела мајца :ROFLMAO:
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.816
Поени од реакции
10.957
Па, немам пишано пост на форумов речиси две години :)

Гледам дека има поделени мислења за концертов, криво ми е за луѓето што си заминале разочарани од концертов, за моја среќа јас сум од странава што пројдовме топ. Негде кај 15 за 11 влеговме внатре, очекував во 12 да почнат, почнаа накај 12:20 мислам. Околу половина час каснење, не ни очекував точно во 11:45 да почнат на секако, така да за мене не беше ова многу страшно. Не се сеќавам 2005та колку точно каснеа, мислам дека беше слично.
Организацијата. Дали вработениве што проверуваат видоа многу народ па на шашма ги тераа работите појма немам, на некој проверуваа карти на некој не, на некој проверуваа ранци на некој не, рандом тотално. Многу луѓе со карти од партер 2 се протнаа накај партер 1, нормално кога гледаш дека има дупки ќе искористиш ситуација, особено кога е во прашање концерт на Продиџи.
За звукот и атмосферата. Ние што бевме во партер 1 немавме некои проблеми со слаб звук или слично, бар јас осеќав на тело дека грми музиката, затоа се изненадив кога на излегување слушав негативни коментари, @Krk1 е еден од првите што ги сретнав и ми кажа дека прошол за нигде, звукот бил слаб и лош. После од доста луѓе што беа на партер 2 слушнав исти критики. Каде и како е напраена грешка не знам, на крајот од денот и во овие случаи важи тоа, колку плаќаш толку добиваш. Во секој случај напред целиот пакет е секогаш подобар него кога се наоѓаш позади.
За гужвата. Имаше гужва а и не можеш да очекуваш да е поинаку на ваков концерт. Сепак јас немав проблеми со простор за скокање и слично, шутки имаше поприлично на првите 4-5 песни, после само на поголемите хитови се шуткавме зашто веќе енергијата се црпеше до крајни граници, Јас дехидриран бев уште на пола концерт негде.
За народот. На вакви големи и рекламирани настани нормално е дека ќе има и фанови и не фанови, и кој треба и кој тотално не треба да е на концертов, т.е. дошол за слики и чекирање. Во мојот простор повеќето од овие се расчистија после некој период.
Времетраењето. Секој што ги следи Продиџи, јасно му е дека нивните настапи траат од 75 до 90 минути, без разлика каде свират, тие нивното го исполнуваат горе долу еднакво секаде, така да оваа замерка е безвезе, не дека јас нејќам повеќе да трае, но како секаде така и кај нас. Мислам дека концертот заврши во 01:40, значи околу 80 минути времетраење. Јебига 2005та ни дадоа 15тина минути повеќе :)
Плејлистата. 2005та според мене имаше подобра плејлиста од сега. Од Продиџи има многу песни кои ги обожавам а веројатно нема никогаш да ги слушнам во живо, али еве ако мора од хитовите да е, голема дупка е да ги нема Poison и Spitfire на плејлиста. Prodigy Experience нивниот прв албум тотално запоставен овојпат со оглед на тоа што дури ни Out of space не ја отпукаа како што доликува туку ние публиката ја пеевме како акапела, стварно очекував едно последно газење да правиме тука... Јасно дека од последниот албум беше примарно да се свират песните, но не смееја првиот албум целосно да го пропуштат.
Бендот. Продиџи си се тие што се, си ја газат денс сцената и сеуште имаат енергичност, Максим мајстор за интеракција со публика и кревање на атмосферата, Кит доволно е само да го гледаш и да се полниш со адреналин, момците си ја тераат работата.
Јас излегов исцеден ко да сум трчал полумаратон, мокар ко од базен излезен, воспален, истрошен, малце оштетен :D Не отидов со очекувања дека ова ќе биде најдобриот концерт на кој сум бил, знаев дека нема да го осетам подобро од 2005та, вајда тогаш помлад, понапален, Продиџи подзаборавени и наеднаш воскреснати, цела таа еуфорија имаше ефект, веројатно и тие 4-5 илјади луѓе тогаш и таму беа процентуално пореалните фанови. Но, пројдов генерално одлично во Охрид, дали повторно на овие простори ќе ги видиме не знам, не сум сигурен, али Продиџи ми се во топ 10 омилени бендови па се надевам дека ќе склопам една трилогија од нивни концерти.

So, FUCK 'EM AND THEIR LAW!
 

Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.692
Поени од реакции
882
Јас па се изненадив колку малце проверуваа. На послаби концерти повеќе проверувале. Најверојатно се зависи од влезот и човекот што претресувал :)
Јас влегов премногу рано ( околу 9 и пол ) , и немаше воопшто гужва на влезот ( Партер 2 карта ) па можеби затоа добро не тресеа сите што влегувавме тоа време . Како што кажав и во првиот мој пост на темава , јас успеав да влезам со сите работи што си ги носев во мене , но тоа се случи дури откако прописно се искарав со обезбедувањето .
 
Член од
29 март 2013
Мислења
4.508
Поени од реакции
4.331
Јас влегов премногу рано ( околу 9 и пол ) , и немаше воопшто гужва на влезот ( Партер 2 карта ) па можеби затоа добро не тресеа сите што влегувавме тоа време . Како што кажав и во првиот мој пост на темава , јас успеав да влезам со сите работи што си ги носев во мене , но тоа се случи дури откако прописно се искарав со обезбедувањето .
Јас влегов кај 12 и пол и исти курац, не ме оставија и водата да си ја внесам.
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
1.433
Поени од реакции
341
Не бев во Охрид на концертот ама некако да се надоврзам ...
Јас ги гледав пред 2~3 години на Зигет фестивал (огромен фестивал со топ продукција и све) и истото го забележавме со звукот. Гласно е ама некако не доволно, чудно ... Помисливме да не имаме оглувено ние, ама после нив гледавме и други бендови и беа гласни гласни.
Луѓето уште не ми веруваат као - беше на продиџи и беа тивки втф? Незнам ...
 

Tемјан

the Kingslayer
Член од
19 мај 2011
Мислења
691
Поени од реакции
1.141
Ми се допаѓаше тоа што воздухот беше помешан со мирис од канабис! :)
Организација 100%! :bravobe:
 

Gandradelic

Banderash
Член од
31 март 2014
Мислења
1.297
Поени од реакции
782
Авалон продукција нека си ја затвори фирмата под итно!!!
Како може таква журка да заврши у 1 ипол бе ненормални едни ?!
У 1 ипол ебено не избркаа! Немаше ништо. Ебено упалија рефлектори. Ни го начукаа професионално онака со се јајца... Срам да ви е!!!
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.341
Поени од реакции
7.454
Ама Ел Президенте Хорхе Ивано Камачо се одмора на хациендата една миља подоле...
Па немојте ви се молам вакви работи...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: M-1

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.363
Ми се допаѓаше тоа што воздухот беше помешан со мирис од канабис! :)
Организација 100%! :bravobe:
Широк спектар на супстанции морат да признам, остај ти та тревата шо му ја кажвиш овдека на дечиштава.
:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom