The Offer (2022) - tv mini series

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.863
Поени од реакции
54.396


This is a story about the greatest movie almost never made.

Под продукција на Paramount Pictures, креирана од Michael Tolkin (Ray Donovan, Escape at Dannemora), правена според aвтобиографските сведоштва на Алберт Руди за тоа како е настанат еден од најголемите и најдобрите филмови во историјата на киното. The Godfather.

Алберт Руди е продуцент на Кум, кој сосема случајно се вработува во Paramount откако претходно успешно ќе ја продаде Hogan`s Heroes мини серијата во која учествува како ко-креатор. Како прво задолжение му е дадено да го продуцира Кум, филм кој би требало да се напише и сними по истоимената книга на Пузо која во тој момент бил најпродавана книга во светот. Oткако Пузо не е способен сам да го напише сценариото, студиото го ангажира Френцис Форд Копола кој во тој момент е популарен но не доволно (има Оскар за сценарио за Патон) да му помогне да го напишат а подоцно и самиот да го режира филмот.

Мајлс Телер го игра ликот на Руди и има стварно добар настап. Добар актер е овој.
10 епизоди се и го следи целиот процес на создавање на Кум. Од пред продукција, снимање на филмот и промоција до Оскарите на крај.
Иако ја знаеме судбината на филмот, во текот на епизодите и случувањата има некои напнати моменти за кои си викаш како ли ќе се извадат од ова.
Мафијата игра голема улога во тоа време.

Френцис Форд Копола можеби ги носи сите пофалби и сите заслуги за Кум, ама после серијава кога вака ќе ти го доближат целото тоа создавање мислам дека да не бил Алберт Руди и неговиот ентузијазам, мотивација, вешти комуникациски способности, организација, ништо немаше да испадне од овој култен филм.
Апсолутно за пофалба е и Копола кој на негови 30 години не попушта од сопствените замисли за тоа како треба да изгледа филмот. Од максималната желба да работи со Ал Пачино кој во тие моменти е обичен театарски актер не доволно обожуван од челните лица на продукцијата, преку ситници како 70.000 долари за да се напраи кујна (онаа каде Клеменца праи сос и го советува Мајкл) до цврстата намера да се снима на Сицилија, сцените кога Мајкл е таму.

Одлична мини серија, брзо се гледа, нема замарање, сите што го оценуваат Кум над 8, сметам дека треба да ја изгледаат. Се учат и дознаваат некои работи кои се ама па и не се нешто општо познати. Убаво е да се види целиот тој процес на создавање на филм, кои и какви ликови се вмешани, кој каква работа извршува и слично.

Кастингот и глумата се многу погодени, особено па ликот на Копола е донесен до оригинал. Актерот премногу личи на самиот Копола, мислам дека го има скинато до детал.
Истото важи и за Ал Пачино и Марлон Брандо. Овие другиве и не се нешто познати ликови.






 

Coca Cola

Пашламарка
Член од
4 јануари 2009
Мислења
870
Поени од реакции
1.378
ja ima nekade da se simne?
 

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.089
Поени од реакции
9.000
Ја има и на SkyShowtime стриминг сервисот (2.99 евра/месечно).
 

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.572
Поени од реакции
5.980
lame
Автоматски споено мислење:

Да имав време ќе напишев книга the deep shallows of Philipp Thelphold. Да имав време велам.
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.036
Поени од реакции
34.446
Многу ми се свиѓа вака кога ќе се потрудат околу кастингот и ќе направат ликовите кои ги глумат да личат ептен како оригиналните. Сигурно ќе ја гледам, интересно делува.

Ја има и на SkyShowtime стриминг сервисот (2.99 евра/месечно).
Малку офф-топик.

Дали вреди да се претплатиш на ова SkyShowTime? Ефтино е 3 евра месечно, и дали има избор на филмови?
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.320
Поени од реакции
27.799
Дали вреди да се претплатиш на ова SkyShowTime? Ефтино е 3 евра месечно, и дали има избор на филмови?
500+ филмови имаат. За 3 евра и те како вреди. Некои филмови се веќе на Нетфликс ама имаат и многу што ги нема на други платформи.
 

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.089
Поени од реакции
9.000
Многу ми се свиѓа вака кога ќе се потрудат околу кастингот и ќе направат ликовите кои ги глумат да личат ептен како оригиналните. Сигурно ќе ја гледам, интересно делува.


Малку офф-топик.

Дали вреди да се претплатиш на ова SkyShowTime? Ефтино е 3 евра месечно, и дали има избор на филмови?
Помал каталог има од Netflix дефинитивно, поблиску е до HBO Max. Пробај го, можеш да го откажеш ако не ти фаќа око.
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
238
Поени од реакции
538
Партали серијава, браво, ко документарец, мислам ќе има и втора сезона иако е водена како мини-серија, ипак снимале и Кум 2 :D
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.067
Поени од реакции
8.123
ја па уште лани сум ја изгледал прејака 5 од 5

Screenshot_20230407_034054.jpg
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.036
Поени од реакции
34.446
Стигнав до 8ма епизода, почнаа со снимање на филмот конечно. :icon_lol:

Серијава покрај тоа што раскажува како настанал еден од најдобрите филмови во историјата, кажува и колку коцки треба да се поклопат за да се сними еден филм во Холивуд. Еден куп небитни луѓе имаат удел врз целиот процес, се мешаат секаде каде што не им е местото, даваат глупи предлози, пробуваат да ја саботираат секоја идеја на продуцентот и директорот, наместо да остават на професионалците да си ја завршат работата за која што се платени.

Можеш само да замислиш колку добри филмови, серии не биле снимени поради овие работи и отишле низ вода. Веројатно никогаш нема ни да дознаеме. :icon_lol:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom