Џонтра Волта
Qué miras, bobo?
- Член од
- 20 јули 2020
- Мислења
- 7.598
- Поени од реакции
- 47.312

This is a story about the greatest movie almost never made.
Под продукција на Paramount Pictures, креирана од Michael Tolkin (Ray Donovan, Escape at Dannemora), правена според aвтобиографските сведоштва на Алберт Руди за тоа како е настанат еден од најголемите и најдобрите филмови во историјата на киното. The Godfather.
Алберт Руди е продуцент на Кум, кој сосема случајно се вработува во Paramount откако претходно успешно ќе ја продаде Hogan`s Heroes мини серијата во која учествува како ко-креатор. Како прво задолжение му е дадено да го продуцира Кум, филм кој би требало да се напише и сними по истоимената книга на Пузо која во тој момент бил најпродавана книга во светот. Oткако Пузо не е способен сам да го напише сценариото, студиото го ангажира Френцис Форд Копола кој во тој момент е популарен но не доволно (има Оскар за сценарио за Патон) да му помогне да го напишат а подоцно и самиот да го режира филмот.
Мајлс Телер го игра ликот на Руди и има стварно добар настап. Добар актер е овој.
10 епизоди се и го следи целиот процес на создавање на Кум. Од пред продукција, снимање на филмот и промоција до Оскарите на крај.
Иако ја знаеме судбината на филмот, во текот на епизодите и случувањата има некои напнати моменти за кои си викаш како ли ќе се извадат од ова.
Мафијата игра голема улога во тоа време.
Френцис Форд Копола можеби ги носи сите пофалби и сите заслуги за Кум, ама после серијава кога вака ќе ти го доближат целото тоа создавање мислам дека да не бил Алберт Руди и неговиот ентузијазам, мотивација, вешти комуникациски способности, организација, ништо немаше да испадне од овој култен филм.
Апсолутно за пофалба е и Копола кој на негови 30 години не попушта од сопствените замисли за тоа како треба да изгледа филмот. Од максималната желба да работи со Ал Пачино кој во тие моменти е обичен театарски актер не доволно обожуван од челните лица на продукцијата, преку ситници како 70.000 долари за да се напраи кујна (онаа каде Клеменца праи сос и го советува Мајкл) до цврстата намера да се снима на Сицилија, сцените кога Мајкл е таму.
Одлична мини серија, брзо се гледа, нема замарање, сите што го оценуваат Кум над 8, сметам дека треба да ја изгледаат. Се учат и дознаваат некои работи кои се ама па и не се нешто општо познати. Убаво е да се види целиот тој процес на создавање на филм, кои и какви ликови се вмешани, кој каква работа извршува и слично.
Кастингот и глумата се многу погодени, особено па ликот на Копола е донесен до оригинал. Актерот премногу личи на самиот Копола, мислам дека го има скинато до детал.
Истото важи и за Ал Пачино и Марлон Брандо. Овие другиве и не се нешто познати ликови.





