- Член од
- 5 април 2012
- Мислења
- 8.122
- Поени од реакции
- 8.911
The Night Of
Се работи за нова крими драма од HBO која што е инспирирана од британска серија. Кастингот и продукцијата се на очекувано високо ниво а исто така и приказната е возбудлива и полна со мистерии.
Главниот настан во серијата е убиството на една млада и проблематична девојка. Сомнежите веднаш се насочени кон човекот кој последен беше со неа Назир Кан примерен граѓанин но од имигрантска фамилија и со пакистански корени. Во првата епизода беа нафрлани повеќе ликови кои што се сомнителни дека имаат удел во убиството.
Сепак мислам дека примарна цел на серијата е да ни го претстави американскиот систем за правда како и полицијата и начинот на кој што тие па и околината се справуваат кога со него се соочуваат маргинализираните групи во општеството.