Цената е 2199$ ПОЧЕТНА цена, што значи ако ја сакаш таа конфигурација што си ја споменал горе ќе треба да одвоиш околу 3000$.
За 3000 долари дали си свесен јас каков лапотп можам да земам? Ова само ќе голта прашина.
--- надополнето: 12 јуни 2012 во 04:06 ---
---------------------------------------------------------------------------------
Да не испадне само плукаме заради цената. Лапопов има перфект резолуција, особено ако сте фотограф или сте со видео едитирање таа резолцуија доста ќе ви помогне.
ми се допаѓа што е слаб и лесен како MacBook Air
значи тоа што јас спомнувам погоре е 2199 долари. не 3. ај погледај поубаво.
без разлика, премногу пари се и за минимум конфигурацијата. очигледна е намерата да се направи ултра профеционален лаотоп - како замена за дескопите кои се' помалку се во фокусот на Apple.
веќе рековме, сеуште НЕМА друг лаптоп со толкава резолуција.
да не збориме дека поддржува 3 дисплеи во исто време: својот на максимум (2880Х1800) и 2 екстерни монитори на 2560Х1600 секој!
--- надополнето: 12 јуни 2012 во 21:20 ---
И морам да ги додадам и уште овие: IBM, Sony и Toshiba
За истите пари ( некогаш и за помалку ) ја добивате истата конфигурација или појака а истовремено добивате поголем квалитет и издржливост.
Поквалитетно нешто моментално од овие четири нема - посебно од Dell и IBM, а тешко дека во блиска иднина и ќе има.
IBM веќе одамна не прави кориснички компјутери и лаптопи, мислеше на Lenovo?
Toshiba e најчкарт машина што постои!
Тоа беше муабетот - перформансите што вчера ги објави Apple - ги нема никој!
Не заборавајте: 256 GB SSD, 2-та USB порта се 3.0. Не еден 2.0 а еден 3.0 (за поефтино), резолуција у ПМ!
Поквалитетно изработен лаптоп од Mac - нема. Unibody, алуминиум - од едно парче излеано све.
Каков Dell, какви бакрачи! Dell изгледа смешно во споредба. Можеби Vaio, Samsung и ултрапортаблите на Lenovo се обидуваат да се приближат ама уште фурни леб се потребни.
Издржливост? оди на Ebay да видиш колку многу исправни стари Apple машини се продаваат. Баш мековите ги бие глас дека не се расипуваат. Жена ми купи iBook G4 во 2004. Уште работи како првиот ден. Излупена му е тастатурата и батеријата не држи - ама малиот пегла. ни харддиск се расипал ни бутур.
јас имав iMac G4 (столна лампа) од 2002. Уште се користи кај сестра ми во кнцеларија. ништо не се расипало (само DVD-то)