The Newsroom

  • Креатор на темата Креатор на темата Anon
  • Време на започнување Време на започнување
Денес почнува новата сезона на серијата со најлошата љубовна приказна што ја имам видено, се надевам нема да ја продолжат.

Ќе ја гледам пак само заради Вил, глумата и ликот се совршени!
 
Ја изгледа некој 2рава сезона бе?
Greatest love story(ies?) ever. :D
 
Полошо финале и од прва. Пу! Ова срање не заслужува 3та шанса (сезона)
 
Искрено, јас не приметувам никаква хемија помеѓу Џим и Меги. Дури и премногу исфорсирано ми делува обидот на сценаристите да ги спојат, како да морало да има љубовен тријаголник по секоја цена. Не знам што е финтата, ама се пласира демек некаква јака љубовна приказна, а ја сум во стилот на 'meh'. Ист е случајот и со Дон и Меги.

Other than that, се' си е совршено и секоја епизода го оддржува истиот стандард кој Соркин го постави уште во пилот-епизодата, во првите пет минути. Мекензи ја обожавам, совршен лик со маани. Вил исто. Џејн Фонда беше одлична претходната епизода и би сакал да се појавува почесто. А дијалозите, дијалозите би можел да ги слушам со часови. Токму поради нив една едно-часовна епизода ми се чини како да трае 10 минути.
Освен романсата се друго е на место. Само делот со Вил и Мкензи ми е некако ок, а кај споредните улоги ептен исфорсирана и стереотипична романса според мене ја има колку само да се каже дека ја има, а подобро да ја нема.
 
Многу ми е криво што трета сезона ќе биде последна :(
 
Не очекував ваков крај на епизодава. :несвест:
многу ми падна жалче за Чарли што умре, омилен ми беше
:place:
 
Не беше достојна епизодава за финале на цела серија освен последните 20 мин еве.
Се на се океј серија, имаше доста интересни моменти, а и некои досадни епизоди ама добра е за денгубење.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom