The Innocent

  • Креатор на темата Креатор на темата Corvus
  • Време на започнување Време на започнување

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
Локација
Merged with the shadow
Мајсторот на современата шпанска мистерија Пауло Ориол има (релативно) нова Нетфликс мини серија El Innocente. Серијата има 8 епизоди кои траат по околу еден час, а вкупната минутажа е 7h 47m (што ќе беше супер ако серијава беше за авиони). Излезена е на 30ти Април годинава и изгледа ветувачки, особено по огромниот успех на Contratiempo и El Cuerpo (а за фановите на сци-фи исто така и Mirage), филмовите на Ориол станаа must-watch предлози за сите љубители на драма и трилер мистериите.

The Innocent е адаптација на истоимената новела на Харлан Кобен, и го обработува животот на човек на кого еден немил настан од младоста му ја предодредува иднината. Не би сакала многу да навлегувам во приказната и плотот, најмногу што треба да се знае е дека ги има сите Ориоловски елементи - ништо не е случајно, секоја акција води кон реакција, не верувај никому, минатото никогаш не останува таму кај што треба. Главната улога ја има Марио Касас, односно истиот главен актер од Контратиемпо.



1632848498067.png
Во продолжение, ви оставам и линк до имдб за серијата, меѓутоа мој совет е да не се чита ништо за серијава, туку дирекно да се гледа без многу research.


 
Последно уредено:
Гледана уште ко излезе. Одлично почна, последните епизода-две дали го погодив крајот или се раскашави дејството и падна оцената. Оцена 8/10.
 
Стварно топ почеток имаше ама последните 3-4 епизоди тапа некако.
Конфузна, нелогична, натрупани настани за што пошокантен плот твист и крај, не е нешто што ќе се памти и раскажува.
Нетфликс продукција класика, тинејџери ќе се ложат дека е врв врхова и ќе ти брцнат у око ако почнеш да им ги објаснуваш и потенцираш фалинките и нелогичностите, нешто као за Ла Каса де Папел.

Убаво е да се види Африка од Серанови во озбилна улога, се разубавила.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom