The Gentlemen

  • Креатор на темата Креатор на темата Magic Mike
  • Време на започнување Време на започнување

Magic Mike

The difference between me and dem, my love is pure
Член од
20 септември 2023
Мислења
3.297
Поени од реакции
7.412
ems.cHJkLWVtcy1hc3NldHMvdHZzZWFzb24vMWJkNTA2ZjUtNTgyYy00MmYyLTgzNzktYjk1OGNkNWZkZmFiLmpwZw==.jpg

Серијата е креирана од Гај Ричи британската криминална акциона комедија The Gentlemen базирана на неговиот филм со исто име серијата следи сличен концепт но сосема нови ликови и друго оригинално дејство.
Еди Хорниман (Тео Џејмс) офицер во британската армија се враќа дома по смртта на татко му и неочекувано ја наследува титулата војвода. Набрзо по преземањето на имотот Еди открива два големи проблеми, брат му должи 8 милиони фунти на суров ливерпулски нарко-бос а под површината на семејниот имот се наоѓа огромна фарма за канабис.
Фармата е дел од разгранета криминална мрежа раководена од Боби Глас (Реј Винстон) кој лежи во затвор и неговата ќерка Сузи Глас (Каја Скоделарио). Семејството Хорниман со години добивало милионски надомест за изнајмување на земјиштето, Еди е решен да ја прекине таа врска но со секој негов обид тој навлегува се подлабоко во криминал.
Серијата е правена во крактеристичниот стил на Гај Ричи, црн хумор, остри и интелигентни дијалози полни со цинизам, елегантна естетика и ексцентрични гангстерски ликови.
Ја започнав втората сезона и можам да кажам дека е поинтензивна, посериозна и подобра од првата.
 
Вторава сезона беше апсурдно гламурозна, бескрајно забавна и брза криминална авантура која беспрекорно го одржува ритамот и елеганцијата во стилизиран хаос !!!
 
Сцената со кокошката во прва сезона е мислам најсмешната сцена во серија од последниве 20 години! Сум се мочал од смеа. :pos: А не беше за смеење де, ама ај.
 
Земале heavy hitters за третата сезона.

Bugzy Malone играше и во филмот :pos:
 
Последно уредено:
Прегледај го приврзокот 487167

Серијата е креирана од Гај Ричи британската криминална акциона комедија The Gentlemen базирана на неговиот филм со исто име серијата следи сличен концепт но сосема нови ликови и друго оригинално дејство.
Еди Хорниман (Тео Џејмс) офицер во британската армија се враќа дома по смртта на татко му и неочекувано ја наследува титулата војвода. Набрзо по преземањето на имотот Еди открива два големи проблеми, брат му должи 8 милиони фунти на суров ливерпулски нарко-бос а под површината на семејниот имот се наоѓа огромна фарма за канабис.
Фармата е дел од разгранета криминална мрежа раководена од Боби Глас (Реј Винстон) кој лежи во затвор и неговата ќерка Сузи Глас (Каја Скоделарио). Семејството Хорниман со години добивало милионски надомест за изнајмување на земјиштето, Еди е решен да ја прекине таа врска но со секој негов обид тој навлегува се подлабоко во криминал.
Серијата е правена во крактеристичниот стил на Гај Ричи, црн хумор, остри и интелигентни дијалози полни со цинизам, елегантна естетика и ексцентрични гангстерски ликови.
Ја започнав втората сезона и можам да кажам дека е поинтензивна free online games, посериозна и подобра од првата.
Ја гледав првата сезона и баш ми се допадна стилот на Гај Ричи. Црниот хумор, дијалозите и комбинацијата на аристократија со криминал ја прават серијата прилично интересна. Тео Џејмс и Каја Скоделарио одлично си ја вршат работата, а Реј Винстон е посебна приказна.

Ме радува што втората сезона ти е уште подобра. Дали продолжува со истиот хумор и динамика како првата или повеќе оди во сериозна криминална драма? Ќе мора да ја ставам на листа за гледање.
 
И втората сезона ја има препознатливата енергија и црн хумор на Ричи но за нијанса е посериозна и помрачна.
 
Втората ми беше толку добра првите две епизоди што ја репризирав првата сезона, па пак ги прегледав двете епизоди од втора и продолжив. А и имав заборавено што како детално, па се потсетив.
Последните 2-3 епизоди од втора наеднаш ги изгледавме, ептен беа интересни за да дознаеш како завршува.

Се надевам само за трета сезона нема да има толкава пауза измеѓу.
 
Back
На врв Bottom