The Gentlemen

  • Креатор на темата Креатор на темата Magic Mike
  • Време на започнување Време на започнување

Magic Mike

The difference between me and dem, my love is pure
Член од
20 септември 2023
Мислења
3.131
Поени од реакции
6.904
ems.cHJkLWVtcy1hc3NldHMvdHZzZWFzb24vMWJkNTA2ZjUtNTgyYy00MmYyLTgzNzktYjk1OGNkNWZkZmFiLmpwZw==.jpg

Серијата е креирана од Гај Ричи британската криминална акциона комедија The Gentlemen базирана на неговиот филм со исто име серијата следи сличен концепт но сосема нови ликови и друго оригинално дејство.
Еди Хорниман (Тео Џејмс) офицер во британската армија се враќа дома по смртта на татко му и неочекувано ја наследува титулата војвода. Набрзо по преземањето на имотот Еди открива два големи проблеми, брат му должи 8 милиони фунти на суров ливерпулски нарко-бос а под површината на семејниот имот се наоѓа огромна фарма за канабис.
Фармата е дел од разгранета криминална мрежа раководена од Боби Глас (Реј Винстон) кој лежи во затвор и неговата ќерка Сузи Глас (Каја Скоделарио). Семејството Хорниман со години добивало милионски надомест за изнајмување на земјиштето, Еди е решен да ја прекине таа врска но со секој негов обид тој навлегува се подлабоко во криминал.
Серијата е правена во крактеристичниот стил на Гај Ричи, црн хумор, остри и интелигентни дијалози полни со цинизам, елегантна естетика и ексцентрични гангстерски ликови.
Ја започнав втората сезона и можам да кажам дека е поинтензивна, посериозна и подобра од првата.
 
Вторава сезона беше апсурдно гламурозна, бескрајно забавна и брза криминална авантура која беспрекорно го одржува ритамот и елеганцијата во стилизиран хаос !!!
 
Сцената со кокошката во прва сезона е мислам најсмешната сцена во серија од последниве 20 години! Сум се мочал од смеа. :pos: А не беше за смеење де, ама ај.
 
Back
На врв Bottom