TGI Автомобили

Дискусија во форумот 'Автомобилизам и мотоциклизам' започната од dace@mkd, 15 април 2019 во 12:32.

  1. dace@mkd

    dace@mkd

    Член од:
    7 април 2015
    Мислења:
    1.202
    Допаѓања:
    599
    Кое е вашето мислење за ТГИ автомобилите, дали имаат иднина иднина наспрема Електричните и автомобилите на течен гас ЛПГ. Инаку ТГИ автомобилите работат на природен гас (Erdgas). Еве пример за автомобил на природен гас од VW, но познато ми е дека има и автобуси од јавниот превоз кој работат на природен гас во Европа. Дали има шанси овој енергенс да заживее во нашата држава?
    https://www.volkswagen.de/de/models/golf-tgi.html
     
  2. Ireal

    Ireal

    Член од:
    12 март 2009
    Мислења:
    11.242
    Допаѓања:
    5.132
    и јас бев загреан за метан, ама само во Скопје и Куманово имало по една пумпа, наводно сега и Гостивар...можеби да ми е блиску пумпата... зависи и колку е прецизен мерачот...
     
  3. kicodarker

    kicodarker

    Член од:
    29 јуни 2006
    Мислења:
    887
    Допаѓања:
    1.442
    А што е толку подобар метанот од плинот на пример? Не ја разбирам до толку длабински целава ствар,но проблем досега кај повеќето е самото вградување на плинскиот уред и издржливоста на моторот на такво погонско гориво.
     
  4. dace@mkd

    dace@mkd

    Член од:
    7 април 2015
    Мислења:
    1.202
    Допаѓања:
    599
    Овие се такви од фабрика со таков мотор, кликни на линкот од голфот, ти ништо не вградуваш, специјален мотор е за таа намена со боца под возилото https://www.volkswagen-newsroom.com/en/natural-gas-engines-tgi-3652
     
  5. kicodarker

    kicodarker

    Член од:
    29 јуни 2006
    Мислења:
    887
    Допаѓања:
    1.442
    Абе видов, ама муабетов е што е појќе метанот од плинот, зошто не заживеа досега плинот,сите го возад но со интервенции и повремени дефеци затоа што е афтермаркет, а метанот го имаш како директно погонско гориво на нов автомобил.
     
  6. Наќо Скопски

    Наќо Скопски Поручуе

    Член од:
    3 април 2017
    Мислења:
    3.689
    Допаѓања:
    5.997
    Поевтин е двојно од плинот
     
    На kicodarker му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Кеплер

    Кеплер

    Член од:
    14 јануари 2015
    Мислења:
    5.251
    Допаѓања:
    7.065
    Не знам како се овие со фабричен, јас имам возено возило со вграден плински уред од Макпетрол, минував 300 километри со 430 денари, мотор 1.4 со 77коња. Предност во однос на плинот е што има исто снага како со бензин, потрошувачка слична на таа со бензин, а главна негативна страна беше што возилото беше премногу тромаво, преку 200кг тежеше целиот систем, задницата му беше постојано како да е товарено и како што спомнаа погоре маката беа пумпите каде може да се наточи, само на таа кај мост Влајко и во Куманово имаше да се наполни. Ако не се лажам сега имало и на таа на 8ми Септември и мислам дека требаше да стават и на таа во Петровец, (низ муабет со човек од Макпетрол ми спомна дека требало да отворат и Ресен за да го покријат југозападниот дел), али веќе година и кусур не го имам возилото и не следам што се случува со метанот.
     
  8. Наќо Скопски

    Наќо Скопски Поручуе

    Член од:
    3 април 2017
    Мислења:
    3.689
    Допаѓања:
    5.997
    Тешка е многу боцата зашто е дупла,јака.Метанот е многу опасен и затоа мора боцата да биде со многу дебели зидови и затоа е толку тешка.Сум слушнал дека амортизерите задни многу брзо страдат кај возила со вграден метан.Инаку живеев,т.е уште живеам на 100 м од пумпата кај влајко,дали 5-6 возила дневно застануваат кај метанот.
    --- Споено дупло мислење, 15 април 2019 во 23:57 ---
    Еднаш го прашав пумпашот околу економичноста,ми рече дека со 200 ден поминувале 100км што е екстремно евтино возење
     
    Последно уредено: 15 април 2019 во 23:57
  9. dace@mkd

    dace@mkd

    Член од:
    7 април 2015
    Мислења:
    1.202
    Допаѓања:
    599
    Не знам колку е ефтин кога има потрошувачка од 2.9 кг на 100км надвор од град и 4.5кг на 100км во град, е сега не ја знам цената на природниот гас и распространетоста, секако ние заостануваме со целата таа гасна инфраструктура, но ете штом на Германците им е исплатливо, знам дека Америте даваа субвенции во 1980тите за да се прејде на метан, но немаше голем успех поради ефтината цена на нафтата.
    Kraftstoffverbrauch Erdgas (CNG), kg/100 km: innerorts 4,7-4,5 / außerorts 2,9 / kombiniert 3,6-3,5, CO₂-Emission in g/km: kombiniert 98-95, Effizienzklasse: A+
     

Сподели преку: