TGI Автомобили

Член од
7 април 2015
Мислења
2.636
Поени од реакции
1.525
Кое е вашето мислење за ТГИ автомобилите, дали имаат иднина иднина наспрема Електричните и автомобилите на течен гас ЛПГ. Инаку ТГИ автомобилите работат на природен гас (Erdgas). Еве пример за автомобил на природен гас од VW, но познато ми е дека има и автобуси од јавниот превоз кој работат на природен гас во Европа. Дали има шанси овој енергенс да заживее во нашата држава?
https://www.volkswagen.de/de/models/golf-tgi.html
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.714
Поени од реакции
15.586

и јас бев загреан за метан, ама само во Скопје и Куманово имало по една пумпа, наводно сега и Гостивар...можеби да ми е блиску пумпата... зависи и колку е прецизен мерачот...
 
K

kicodarker

Гостин
А што е толку подобар метанот од плинот на пример? Не ја разбирам до толку длабински целава ствар,но проблем досега кај повеќето е самото вградување на плинскиот уред и издржливоста на моторот на такво погонско гориво.
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.636
Поени од реакции
1.525
А што е толку подобар метанот од плинот на пример? Не ја разбирам до толку длабински целава ствар,но проблем досега кај повеќето е самото вградување на плинскиот уред и издржливоста на моторот на такво погонско гориво.
Овие се такви од фабрика со таков мотор, кликни на линкот од голфот, ти ништо не вградуваш, специјален мотор е за таа намена со боца под возилото https://www.volkswagen-newsroom.com/en/natural-gas-engines-tgi-3652
 
K

kicodarker

Гостин
Абе видов, ама муабетов е што е појќе метанот од плинот, зошто не заживеа досега плинот,сите го возад но со интервенции и повремени дефеци затоа што е афтермаркет, а метанот го имаш како директно погонско гориво на нов автомобил.
 
Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.637
Поени од реакции
27.838

Поевтин е двојно од плинот
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.564
Кое е вашето мислење за ТГИ автомобилите, дали имаат иднина иднина наспрема Електричните и автомобилите на течен гас ЛПГ. Инаку ТГИ автомобилите работат на природен гас (Erdgas). Еве пример за автомобил на природен гас од VW, но познато ми е дека има и автобуси од јавниот превоз кој работат на природен гас во Европа. Дали има шанси овој енергенс да заживее во нашата држава?
https://www.volkswagen.de/de/models/golf-tgi.html
Не знам како се овие со фабричен, јас имам возено возило со вграден плински уред од Макпетрол, минував 300 километри со 430 денари, мотор 1.4 со 77коња. Предност во однос на плинот е што има исто снага како со бензин, потрошувачка слична на таа со бензин, а главна негативна страна беше што возилото беше премногу тромаво, преку 200кг тежеше целиот систем, задницата му беше постојано како да е товарено и како што спомнаа погоре маката беа пумпите каде може да се наточи, само на таа кај мост Влајко и во Куманово имаше да се наполни. Ако не се лажам сега имало и на таа на 8ми Септември и мислам дека требаше да стават и на таа во Петровец, (низ муабет со човек од Макпетрол ми спомна дека требало да отворат и Ресен за да го покријат југозападниот дел), али веќе година и кусур не го имам возилото и не следам што се случува со метанот.
 
Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.637
Поени од реакции
27.838
Не знам како се овие со фабричен, јас имам возено возило со вграден плински уред од Макпетрол, минував 300 километри со 430 денари, мотор 1.4 со 77коња. Предност во однос на плинот е што има исто снага како со бензин, потрошувачка слична на таа со бензин, а главна негативна страна беше што возилото беше премногу тромаво, преку 200кг тежеше целиот систем, задницата му беше постојано како да е товарено и како што спомнаа погоре маката беа пумпите каде може да се наточи, само на таа кај мост Влајко и во Куманово имаше да се наполни. Ако не се лажам сега имало и на таа на 8ми Септември и мислам дека требаше да стават и на таа во Петровец, (низ муабет со човек од Макпетрол ми спомна дека требало да отворат и Ресен за да го покријат југозападниот дел), али веќе година и кусур не го имам возилото и не следам што се случува со метанот.
Тешка е многу боцата зашто е дупла,јака.Метанот е многу опасен и затоа мора боцата да биде со многу дебели зидови и затоа е толку тешка.Сум слушнал дека амортизерите задни многу брзо страдат кај возила со вграден метан.Инаку живеев,т.е уште живеам на 100 м од пумпата кај влајко,дали 5-6 возила дневно застануваат кај метанот.[DOUBLEPOST=1555365426][/DOUBLEPOST]Еднаш го прашав пумпашот околу економичноста,ми рече дека со 200 ден поминувале 100км што е екстремно евтино возење
 
Последно уредено:
Член од
7 април 2015
Мислења
2.636
Поени од реакции
1.525
Поевтин е двојно од плинот
Не знам колку е ефтин кога има потрошувачка од 2.9 кг на 100км надвор од град и 4.5кг на 100км во град, е сега не ја знам цената на природниот гас и распространетоста, секако ние заостануваме со целата таа гасна инфраструктура, но ете штом на Германците им е исплатливо, знам дека Америте даваа субвенции во 1980тите за да се прејде на метан, но немаше голем успех поради ефтината цена на нафтата.
Kraftstoffverbrauch Erdgas (CNG), kg/100 km: innerorts 4,7-4,5 / außerorts 2,9 / kombiniert 3,6-3,5, CO₂-Emission in g/km: kombiniert 98-95, Effizienzklasse: A+
 
Член од
14 октомври 2017
Мислења
232
Поени од реакции
109
Aко се зголеми производството на електрични коли, би купил само кинеска кола. Не ми требаат некој си скапи (бмвиња и некој таму бла бла премиум) а на батеријата пишува мејд ин чајна а плаќаш 100 илјади евра за шо? За името.. пфф.. А за тие упола пари си купуваш кинеска кои ги има доста добри како ДФК, Геели и останатите. Кина је недостижна бре људи.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom