Teтово

  • Креатор на темата Креатор на темата JoCkI
  • Време на започнување Време на започнување
Па и ти, трпение треба малку, чекај, уште 2 месеци не се правија откако почнаа со работа. Се брзаш некаде? Па и со години да оди тоа, ќе се направи на крај, тоа е важно.
Кој чека ќе дочека.

Вака би требало да изгледа финално тротоарот. Туку ова на вторава слика кај клупеве и зеленилово е осветлување ?

241jhol.jpg

214vc0g.jpg

efj7n9.jpg
 
Последно уредено:
А вода има цел град, доволно паркинг места, депонијата доле кај ЕВН, го средија тоа па уш тротоариве останаа?
 
А вода има цел град, доволно паркинг места, депонијата доле кај ЕВН, го средија тоа па уш тротоариве останаа?
Паркинг места веќе и нема како да средат и да сакаат друже ;)
 
Тоа театар што ли ќе е кај домот на култура што беше паркингот плачеше за катна гаража. Под пазар као мало пазарче тоа треба да се направи катна гаража. Неможе пазар да нема паркинг. Да имам влас би направил уште две три катни гаражи и 20 денара паркинг а зонското 100 денара. Катна може позади рамстор у центар, позади рима. Има места но се нема желба. Тогаш кој сака пред дуќан 100 денари а на паркинг 20 денара. Кој е фраер нека плати. Само тој филм не го гледаме кај нас
 
На Тетово највеќе и треба патеки за точаци низ град и казни за тие кои ќе ги блокираат патеките, од Штулов универзитет до центар комотно можат повеќето со точаци, нема потреба од кола.
 
Што? нема да има палми?
Не. У Скопје не преживеаа а не па во Тетово.

Туку сабајлево гледам имаше камион со бекатон плочкете така да денеска више и ќе ги ставаа. Како на сликата се такви сллични модерни.

На Тетово му треба доста измени урбанистички плус пешачки зони, патеки за точаци и катни гаражи.

Пред некој ден гледав видео на фејсбук снимка со дрон панорама од небо и градов е натрупан со згради и други објекти.Многу мал дел зелена површина има.
 
Аабе пешачки зони, и точаци а паркови и зеленило не треба а? :D
 
Не. У Скопје не преживеаа а не па во Тетово.
Не е тоа важно. Битно е да се лапнат парите од тендер за снабдување со палми, садење на палми и одржување на палми. Тоа што после една година ќе пцовисаат, не е битно, пошто парите више ќе бидат лапнати.
 
Овие си ги редат како им текне бекатонкеве. Еден дел без црвени, еден дел со црвените на една страна, еден со црвените на лева страна а друг дел жолти место црвени. ХАОС Човече:facepalm:
 
Овие си ги редат како им текне бекатонкеве. Еден дел без црвени, еден дел со црвените на една страна, еден со црвените на лева страна а друг дел жолти место црвени. ХАОС Човече:facepalm:
Сакаат шарено да биде, тие што имаат епилепсија напад да добијат :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom