Teтово

  • Креатор на темата Креатор на темата JoCkI
  • Време на започнување Време на започнување
Ѓабе нема шанса македонец да биде градоначалник на Општина Тетово
 
Некако поважно ми е како ќе работи наредниот "градоначалник", ама искрено не очекуем ништо...
 
Абе убав си е градов, само да му текнеше на некој од копилињава у општина да се засекира малу за околинава овде место да гледаа што појќе паре да напраа од све и свешто наоколу, ќе биде супер.
 
За мене е,ако е таков градот,имам убаај спомени
Замината си надвор од Тетово ако не и од државава, затоа ти е убав градот... и ја да заминем ќе ми биде убав пошто туе сум пораснал и ка што пиша убави спомени... ама реалноста сеа е друга, не гледам ниедна убаа работа у градов...
 
Ако видиш дека негде се рушуе куќа, туека ќе никне зграда барем 10 катница. Дали е плански изработено не е важно, дали ќе биде скоро залепена до друга зграда и да не можеш да отвориш пенџер без да се загледате со комшиете очи у очи исто не е важно. Контињерине низ град са истите уште од ја ка сум се родил... Парк некаков со зеленило сега има напраено после господ знае колку године. И ете го полека полека ќе стане испосрано и таму... Глема и средношколци ка волој се пентара на местава што са напраени за деца малии. Спортски го нема, а и не дека го имаше, туку само све појќе и појќе се уништуеше, при терени за све и лизгалке и нишалке, а навечер што ти не се собира таму и господ знае шо можеш да најдеш сабајле. И сега е оградено напраено. Па фала богу, поарно таке да биде него да продолжи да се распаѓа тоа. А и ден денеска памтим ка смо иделе да глеамо нешо фудбал/одбојка/кошарка/ракомет итн. ка играа људи ради реда само таке. И ете, пошто смо прости и смо стигнале до тоа дереџе, некој го купи тоа, и сеа ќе си прае паре од тоа. Сами смо си криви за тоа и тоа е тоа. Друго, коле на свака страна, мислиш појќе коле има у градов него људи што има, да не можеш дете да пуштиш надвор да игра. Цел ден треба да се мислиш дан истрча на улица, и недај боже да го удри кола. Тоа, после друго, ете и кучиња скитници, ако појда на возрасен чуек ќе знае што како и ќе ги избрка. А на дете недај боже.....? Друго, га глеам травана околу културнион дом што е, абе слама....жарче да летне и да се фати убоо отиде тоа све. А не е само таму таква травата никаква... И господ знае колку други работе има што се деградираа со време. И по ова само можем да закључим дека на "људиве" у општина ич свирчето не им чуе за градот. Туку прај паре од што можеш и колку можеш појќе а тоа тури му пепелот на другото... Ако почна да пишта људиве у градов, изеди гомна нешто на телевизија и почни нешто ситно колку да ги отераш у пичку матер културно, и ОП истото пак... мизерија. Абе колку само дрвциња ново посеани ги имаа испокршено низ град.... И зошто?! Ќе ти наплати казна дрвото?! Ова и копилиња со коле и будале ненормални што намерно ги крша.... Градов е мал, има потенцијал да се среди у многу брзо време ама да се поочне со работа ка што треба и полека полека. Ама бизнисите им са поважни на едниве, а другиве ги боли таквоото, у смисла "Не е од татко ти." работава..... и таке :) абе смешки...
 
Замината си надвор од Тетово ако не и од државава, затоа ти е убав градот... и ја да заминем ќе ми биде убав пошто туе сум пораснал и ка што пиша убави спомени... ама реалноста сеа е друга, не гледам ниедна убаа работа у градов...
Како и да е мене ми е убав град и секој ден одам во Тетово
 
Како и да е мене ми е убав град и секој ден одам во Тетово

Е ако де, убоо е тоа шо ти се свиѓа. Ја само кажуем како е од гледна точка на некој што живи у Тетово.
 
теута го пушти ли водоводот, пред месец рече за некој ден, не сум у тек, апдејт некој на темава?????
 
Мислам дека не е. Ќе го пушти ако победи пак на избориве ама и тогаш е прашањето дали ќе го оствари тоа ветување.
 
Многу работе рекла таја, ама затоа барем се глеа колку е зборот... Таке да, не треба да се очекуе многу.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom