Teтово

  • Креатор на темата Креатор на темата JoCkI
  • Време на започнување Време на започнување
Џабе, пак ќе се осеќа...а на вести кажаја демек "депонијата запалена пред да биде релоцирана во Понеделник" ххахахахахаххахахаха каква глупост еј.... 13 године не сменија ништо, и демек сеа ова се деси и ќе ги убеда свите дека ќе га преместуеле стварно...
 
Последно уредено:
Барајте кој ги добил парите за преместување и можеби ќе ви стане јасно кој го запалил ѓубрето. Истите кој треба да ги чистат улиците од снег.....
 
Не ќе беше лошо и Албанциве да излезеја на првиот протест.. Абе ниедна партија неможе да ме допре да излезем пред општина!!
 
Не ќе беше лошо и Албанциве да излезеја на првиот протест.. Абе ниедна партија неможе да ме допре да излезем пред општина!!

За Југохром колку македонци имаше?
Овие пред општина беа вмровци, протест имаше од Екогерила кај депонијата.
 
Не беа вмровци, не е тачно. Имаше членоој и од вмро и од сдсм, имаше и неопределени. Бев на двата протеста, не зборим напамет. Као прво ја не сум член на ниедна партија и не добив повк од никого, туку сам излегов чим видов дека има нешто. И нема овде место за поделба, Македонци, Албанци, дишимо од воздухот свите, цел град и свите треба да покажа реакција, да се побуна, а не у време на протест кафиќите да бида фул и од нутра да те гледаа и да ти се смеа „глеј ги будали, протестираа демек ќе смена нешто“.

Ништо не бидуе од нас, ќе не отруа, ќе ни еба мајката а мие ќе ќутимо. Се прашуем што ќе беше у случај да ова беа митинзи организирани од партија. Тогај ќе вриеше народ, ќе се блокираја улице. Ама тогаш јбг, се работа за прогрес у партија, треба да те вида дека си излезен, а сеа ка се работа за загаден воздух, јбг, тогаш не моем, на кафе сум.
 
Екогерила си ја завршува работата, Југохром престана да работи се до поставување на филтрите, депонијата почна да се дислоцира.

На протестите за Југохром кога загадувањето во Тетово стигнуваше до 990 пм честички за кубен метар, имаше многу луѓе. Има слики и видеа и тоа може да се потврди.

Вчерашниот митинг беше организиран од вмровците кои се активираа сега за локалните избори, можеби учествувале и други луѓе ама организаторите се тие. А под нивна организација не очекувајте албанци бидејќи тие имаат политичка цел.
Досега само Екогерила се покажаа дека немаат влијание од политиката и секогаш се тука да реагираатт за секоја појава која го загадува воздухот.
 
За Југохром колку македонци имаше?
Овие пред општина беа вмровци, протест имаше од Екогерила кај депонијата.[/QUOTE
Југохром не е главниот загадувач на Тетово!! Дали некогаш пред депонијава Југохром важел за загадувач на Тетово?
Во зима проблемот е тоа што Тетово е во котлина лошата инфраструктура, многу згради, огревот со дрва палењето на депонијата па и плус магла ете ти катастрофа..
Еве сега летен период се си беше ок се додека не му ебаја мајката на ѓубрето..
Не ми се верува дека олку прост народ живее тука во Тетово.. Зборувам за тие што имале можност а не дошле на протест, тука спаѓаат и партиските војничиња од сите 4страни..
Нека се утепаа нека не чекаат чадот да ги убие!!
 
Toни, не се слажемо за некој работе.

Депонијата уште не почна да се дислоцира, а за тоа има докази и од људи од терен. Померена е само 500м или 1км подоле. Плус, депонија не се дислоцируе со 1 багер и два камиона, поготово не толку голема депонија. Ене ноќеска пак горело ѓубрето, многу људи што жива у близина ми го кажаја тоа, не можеле да спија од смрдеа.

Околу Југохром не можемо да се сложимо никако, пошто ова што се деси денојве беше ептен пострашно.

А што се однесуе до протестиве. Ја се прашуем ако вмро стварно ги организираше кј беа истите тиа вмровци што у голема бројка излагаја на прошлогодишните контра-протести у Тетово ? Сами тогаш се фалеа со голема посетеност. А вчера и завчера имаше по 20-30 нивни членоој и горе-доле исто толку членоој на сдсм.

И наша грешка е и тоа огромна грешка, ако допуштимо политички партие да организираа протест за вакви работе. Не мора да зависимо од еден ебан повик од штаб и за ова. Мене највише ме нервира што немаше масовна и спонтана реакција од људиве. Град од 80.000 људи, а испаѓа дека загадуењето ги засега само 0,25 % од цела популација. Мене тоа ме тишти и ме нервира овја два дна. Ги избелеа тастатурете од пишуење статуси по фб, а на протест нигде ги нема.
 
Екогорила кога протестираа кај депонијата? Или тоа што свиреа бах 4ца го рачунаат за протест?
 
Денес моментално приметив дека има 3-4 од ЈКП со четки, лопати што го собираат ѓубрето од улицеве и тоа у 15 часот што е чудно за градов. Чистеа и пред контејнерите ама контејнерите никако да им текне да дојдат да ги испразна. Ај што го собраа ѓубрето, контејнерите ги оставија брдо полни да смрда и мачки да се собираат, никако да им текне да напраат дезинфекција на улицеве него битно само површински да се замете колку да се види дека нешто се работа.
 
Последно уредено:
Па кој имаат еден камион од Хитлер заборавен за цела околина од Милетино до Старо Село што очекуаш :pos:
 
да не знаете во тетово дали има и ако има шинтерница за собирање на кучиња каде се наоѓа??
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom