Тетовирање на името на партнерот/партнерката

  • Креатор на темата Креатор на темата Mädchen
  • Време на започнување Време на започнување

Дали би го истетовирале името на партнерот/партнерката?


  • Вкупно гласачи
    320
Не би го направила зашто како прво не би ставила воопшто било каква ТРАЈНА тетоважа за мене, а камоли за некој друг... А како второ, не постои некоја доволно голема причина за да го направам тоа... Ако го сакам има и други начини да му докажам...

А ако веќе решам да направам такво нешто, не мислам да ја тргам тетоважата ако раскинеме... Ако завршило убаво ќе ме потсеќа на убавите моменти, ако било лошо ќе ме потсеќа да не правам веќе такви грешки... А и не е во ред... Како да се каам за се' што било па сеа ќе пробам да ги избледам сеќавањата со тоа што ја тргам.... А со тоа уствари ништо нема да направам... А ако остане нешто после вадењето, некоја лузна или нешто слично, уште полошо.... Можеби би можела да се доправи во нешто друго, али ипак ќе знам дека сум ја направила заради некоја личност во животот која ми значела, а таа сега ја нема... И не е ок...
 
Не,
Бидејки во секој момент може да настане кавга и слично па што после ?
Не,не,не
 
у никој случај, подобро ќе истетовирам име од другар отколку име од женска!
 
никогаш, ако тетоважата останува засекогаш немора да значи дека и љубовта :)
 
Би го истетовирал само на тој начин што потоа може да се направи трајбл и да не се глеа името :)
 
еден комшија мој на раката имаше тетовирано срце и три имиња на жена му и на двете керки!
15 години после тоа жена му го остави и сега дефинитивно размислува да ја избрише тетоважата!

Епа сега нека си ја сече раката! :tapp:
 
Нема шанси.
1.Не сум мераклија за тетоважи.
2.Се може да се случи со партнерката. Ако недај боже раскинеме што ке треба да си барам друга со исто име?:)
 
Чиста глупост. Ништо не би истетовирала.
 
Не и тачка. :) Нема да го истетовирам името...Еве ќе го истетовираш и ако ти раскини партнерот што фајде?
 
Не тетовирам ништо. Имам доволно бемки.
 
Сакам да се тетовирам ама уште малце да пораснам И тоа дефинитивно нема да биде името на партнерката :toe: :helou:
 
не би..пошо има други начини на докажување на љубовта..али ок ако на некој им е мерак нека се тетовираат па сеа ако се зезнат јебига :)..другар на татко ми има напраено тетоважа со името на некоја си негова женска Јана и после раскинале и го има прецртано..и така му стои до ден денес.. :)
 
Строго ќе го тетовирам.
Само размислувам во кој облик, се двоумам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom