Тетоважи

  • Креатор на темата Креатор на темата schtranga
  • Време на започнување Време на започнување
Од кај да знам ја дали некој може да е као Самохин ако, значи, ако се образува соодветно? Првата тату на Димитри сигурно не коштала 1400 евра сесија. Цената му е толкава откако покажал што знае и умее. Кога овде, во МК, или било каде, некој ќе направи тату приближно квалитетна како тие на фраеров, слободно нека наплаќа исто, еве ја и без пари маркетинг ќе му вршам и кампањи за собирање средства ќе организирам.

Да прав си ама квалитет без култура нема - е затоа ти викам скапо е кај нас се а тетовирањето ефтино - значи нема култура прво на оние кои тетовираат,сами себе се фалат се кудат,кај нас во Македонско студио нема такво нешто како менаџер - а и поима немаат колку за еден артист е битно да има менаџер.Тоа е една работа друга работа нели и погоре кажав сите се 'најдобри' кај нас,у македонија репер за најдобар е ако дојде некој познат и каже слушај ке ти направам интервју,рекламичка ке те зборам а ти мене беспари ке ме тетовираш и после ете најдобар е а работи у шупа и стерилизатор нема а камоли друго нешто.И кое најдобро која култура е тоа,ајде тој некој нека дојде со мене во Франкфурт на фестивал да не кажам на Карибите на фестивал каде што само елитата се собира.Па за тоа треба минимум 2000 евра у џеп да стави - ама не нашиве ке си одат у Бугарија и у Албанија на фестивали и тоа ке им е репер за најдобри пошто толку далеку гледаат - немаме ниту некоја било каква култура за тетовирање затоа зошто прво луѓето што тетовираат не се ценат самите себе,не седнуваат да кажат да ја сум почетник ми треба да научам туку седнува и се учи на другари пријатели тетовирајки беспари - тоа школо не е а и од такво школо напредување нема.
И да @Eva Molotow може не слушнала за мене ама сите што тетовираат во Македонија знаат кој сум јас - знаат дека повеке од 20 години тетовирам,некои ме ценат некои ме плукаат ама на сите во Македонија јас и моето студио сме им репер за светско - е тоа е жално,затоа нема култура во тетовирањето во Македонија,сите тие самохин само на хартија го гледаат јас ете бев со него на Кариби на фестивал и тој зема награда во неговата категорија а ја си земав награда во моја категорија - е тоа е култура,тоа е репер - затоа ја тетовирам за 700 евра а не за помалку - не во Македонија каде сака и да е, на крајот на краиштата и во Македонија и во Украина,Америка или Австралија цената на Материјалот за тетовирање е иста дури кај нас е и поскапа пошто е потешко достапна.

п.с.Ваква тетоважа за да трае цел живот треба култура прво па се друго.
10257704_10206001012123692_6162922647649507920_n.jpg
 
Последно уредено:
Boogie, прво, да те поправам - цела вечер ми се обраќаш у машки род - женско сум :D

Понатаму, колкава цена ќе ставиш за твоите тетоважи е твоја работа. Ако стварно си букиран уште од сеа до јули, очигледно постојат клиенти кои се спремни да платат толкава сума пари за да носат твоја тетоважа и за тоа - секаков респект.

Мене муабетот шо ми засмета беше дека таа цена соодвествува со покривање на основните трошоци. Таа цена е набиена. Дали во твојот случат набиеноста е оправдана или не, не навлегувам, пошо како шо кажав - не ти ја познавам работата доволно. Али, ако сме реални, овде, во МК, сите сте светлосни години далеку од Самохин и малку е смешно да ги споредувате вашите цени со неговите. Зашо и како е тоа така, мене како клиент - не ме занима и јас нема да платам толку пари ако веќе знам дека нема да добијам толкав квалитет.

Конкретно, за нашиве тату мајстори, артисти или како и да е правиот термин, можам да зборам за Мичич (од попознатите), пошо имам негова тетоважа од која ја лично сум задоволна. Од друга страна, другарка ми исто има негова тетоважа, далеку поголема и покомплицирана од мојата, која не личи на нишо. Пендева ја утепаа од фалење - колешка моја има ракав праено кај нејзе, мене не ми праи кеиф. Чуро има пристојни тетоважи. Све ова е субјективно, мое мислење и доживување, далеку од конечна дефиниција за нивната работа.
 
Ух извини да мислев машко си - извини стварно не беше намерно.
И не ме разбирај погрешно ја сакам да си муабетиме и сакам сите да напредуваат ја гарантирам дека и кај нас има некој Самохин само треба да му помогнеме - верувај не набивам цена многу сум реален, ја сум нон стоп меѓу луѓе, нон стоп муабетам за тетовирање ( лоша работа знам ама деформација од мал :) ) Верувај ми едни патики се сто евра и една тетоважа 100 евра жално е - не е фер за другите мене ми е жал бидејќи се млади мора да напредуваат, ние у Македонија ке сме горди на нив, тие треба да ги сватиме како репрезентативци државни ама за клуб не играат туку само за сите нас.
Нивниот талент е вроден и сите се добри и талентирани, професионалноста е друг муабет со професионалност не се раѓа мора да научат. Немора сите, кој сака нека учи а кој несака ке стагнира ама греота е оние кои сакаат да бидат повеке да неможат поради тоа што ние околу нив незнаеме да ги цениме.
И пак ке повторам треба љубов и култура за тетовирањето кај нас не пичкарање и фалење не оди тоа така-така нема никад тој некој Самохин од Македонија да биде препознаен.
И да завршам, кажав во Македонија многу малку работам но сепак подработнувам, студиото си е таму каде што е ја за работа тука ниту било каде не сум молел или па да тегнам некој за рака да се тетовира кај мене - јас не тука секаде каде да пишам или да зборувам за себе зборувам затоа зошто ја сум горд што од таква македонска ситуација сум стигнал тука кај што сум - и јас така ке си умрам бидејќи ја мојот сон и мојата љубов ја живеам.
Може малку романтично и олдскул ама таков сум :)


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
И да @Eva Molotow може не слушнала за мене ама сите што тетовираат во Македонија знаат кој сум јас - знаат дека повеке од 20 години тетовирам,некои ме ценат некои ме плукаат ама на сите во Македонија јас и моето студио сме им репер за светско - е тоа е жално,затоа нема култура во тетовирањето во Македонија,сите тие самохин само на хартија го гледаат јас ете бев со него на Кариби на фестивал и тој зема награда во неговата категорија а ја си земав награда во моја категорија - е тоа е култура,тоа е репер - затоа ја тетовирам за 700 евра а не за помалку - не во Македонија каде сака и да е, на крајот на краиштата и во Македонија и во Украина,Америка или Австралија цената на Материјалот за тетовирање е иста дури кај нас е и поскапа пошто е потешко достапна.
Не сум слушнала за тебе?
Имам релјефна тетоважа на грб од тебе, минијатурно трајблче кое ми го наплати 7000, ама ај, тогаш не бев доволно информирана. :)
 
Не сум слушнала за тебе?
Имам релјефна тетоважа на грб од тебе, минијатурно трајблче кое ми го наплати 7000, ама ај, тогаш не бев доволно информирана. :)

Опаааа и мајсторот е крив нели :) иако не те знам која си може си права може и лажеш ама еве прифаќам кривица.

Еве и ке прифатам дека сум крив јавно на форум и прифаќам и последица да сносам не е проблем ама за други да знаат ке пишам тетоважа не е работа само на тетовирачот туку и на клиентот затоа пишував погоре дека треба да се има менаџер кој тоа соодветно го образложува на клиентот. Значи тетоважата е 50% - 50% работа на клиентот и на тетовирачот ако клиентот не ја заврши работата како тетовирачот или обратно нормално тогаш се случува се и сешто но ние во светот на тетовирањето велиме "мајсторот е секогаш крив"


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Опаааа и мајсторот е крив нели :) иако не те знам која си може си права може и лажеш ама еве прифаќам кривица.

Еве и ке прифатам дека сум крив јавно на форум и прифаќам и последица да сносам не е проблем ама за други да знаат ке пишам тетоважа не е работа само на тетовирачот туку и на клиентот затоа пишував погоре дека треба да се има менаџер кој тоа соодветно го образложува на клиентот. Значи тетоважата е 50% - 50% работа на клиентот и на тетовирачот ако клиентот не ја заврши работата како тетовирачот или обратно нормално тогаш се случува се и сешто но ние во светот на тетовирањето велиме "мајсторот е секогаш крив"


Sent from my iPhone using Tapatalk
Нема зошто да лажам, што добивам јас од тоа?
Се знае дека релјефни тетоважи дека се продукт од предлабоко тетовирање, а не од негрижа на клиентот. Јас соодветно си се грижев за тетоважата.
Што е релјефна тетоважа? Подуена? Испукана?
На допир се осеќа дека е малце подигната за разлика од остатокот од кожата.
 
А ти значи Тетовираш и знаеш дека е многу длабоко тетовирано. Аха ОК сега ми е јасно се и не е проблем ете пак ке кажам дека ја сум крив пошто школо да давам немам намера сепак за школо се плаќа :)


Sent from my iPhone using Tapatalk[DOUBLEPOST=1422575799][/DOUBLEPOST]Да не биде фалба ама ете ке пуштам само онака дека е гордост да се кажеш единствен Македонец помеѓу елитни мајстори за тетовирање. Таму тие со рељефни тетоважи не ги пуштаат convention-2015.jpg fr030.jpg fr031.jpg fr040.jpg
 
Последно уредено:
А ти значи Тетовираш и знаеш дека е многу длабоко тетовирано. Аха ОК сега ми е јасно се и не е проблем ете пак ке кажам дека ја сум крив пошто школо да давам немам намера сепак за школо се плаќа :)
А што, мора да тетовираш за да знаеш дека релјефна тетоважа е резултат на длабоко тетовирање? :pos:

Ти мора да си дипломиран електроинженер штом знаеш да користиш компјутер. :)

Дај те молам не се бламирај, очајно делуваш.
 
Опаааа електроинжињер значи со домашно учење на компјутер - браво бе девојче сега ме убеди - да крив сум длабоко сум бушел имаш право. Само молим те да не биде пак не сум доволно информирана Хахахаха
Србите викаат ко пита не скита ;)


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Опаааа електроинжињер значи со домашно учење на компјутер - браво бе девојче сега ме убеди
Мило ми е што го сфати абсурдот на твоето тврдење дека мора да тетовираш за да знаеш дека длабоки тетоважи се релјефни. :)
- да крив сум длабоко сум бушел имаш право. Само молим те да не биде пак не сум доволно информирана Хахахаха
Србите викаат ко пита не скита
Тоа не бев доволно информирана се однесуваше на фактот дека не побарав други тату артисти за да се информирам за цени, за нивни сработени дела и сл.
 
Сватив сватив - и си напишав и погоре може прочита а може и не ама тоа е професионализмот кај нас е секој комшија е водоводџија или електро инжињер :)

И знам дека кога ке побараш други тату артисти тие секогаш едни на други мани си наоѓаат сепак у Македонија живееме да не се лажеме така да и да не е длабоко ке стане длабоко а за тоа нели нетреба да си електроинжињер - ама ако еве пак крив сум и горд сум што сум крив :) Еве види и оваа е длабоко :)
volk01.jpg
 
На позитивната страна, да не излезе дека само мрчам, тетоважата не е ни малку избледена, иако е направена пред 6 години. :)
 
@Eva Molotow ете за да знаеш пишувам како функционира на запад не кај нас - за секоја замерка и проблем консултација околу веке направената тетоважа се прави во студиото каде што е одработена тетоважата. Не ради човекот што те тетовирал туку поради фактот што тетоважа се плаќа еднаш и таа треба да е како што тебе ти одговара,значи за заштита на клиентот - се друго се само муабети трчи лажи за да се привлечат луѓе,посебно кај нас - пљук систем е она што највеке мрзам,нема никаква соодветна реалност некој да ти кажува што означува подуеноста кога сите се едуцираат кај нас од јутјуб или било каков сајт од интернет.

п.с. ова е искрено напишано немам намера да се натегам - на запад има правило артистите не чепкаат туѓа тетоважа!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom