Тетоважи

  • Креатор на темата Креатор на темата schtranga
  • Време на започнување Време на започнување
Абе ајде - не се жалам ја мене ми е жал за тие што тетовираат за толку малку пари. Ама ОК ја ве разбирам вие сакате поефтино ама не знаете дека ефтина тетоважа не е добра тетоважа. Многу причини има еве ке ви објаснам и тоа ке ги бранам оние кои тетовираат за ефтино само колку да не биде нонстоп ја нешто лош :)
738fefa02c5ab78a5b0736461f4de138.jpg

Вака сега ова денес го завршив дел е од цел ракав што не е уште готово, денешната сесија го кошташе типчево 700 евра а имаме уште две сесии до крај. Е сега зошто толку многу, материјалот е прво многу скап, посебно кај нас у Македонија ама пошто не се исплати со толку скап материјал сигурно луѓето си порачуваат кинеско или па она што викаме втора рака одработено. Тоа е прво - второ кирија у Скопје колку што знам под 200 евра за локалче околу 30-40 иде ама тука иде плус уште 200 струја вода телефон. И сега на тие 400 кога ке ставиш давачки како даноци, пензионо, социјално - бла бла ете ти станаа 600 евра е сега на 600 евра стави расходи хартии бришачи креми и др и запомни се користи медицински материјал и ете отидовме у 1000 - еј 1000 а не израчунавме бои игли машинки и др.
Абе не заџабе е кажано добра тетоважа не е ефтина тетоважа не дека било кој не тетовира добро ама и најдобриот мајстор ако те тетовира со лоша опрема за две три години ке ти се разлее и обледи тетоважата.
Сакам да ви помогнам да сватите за мене тетоважа е живот јас фамилија ранам од таа работа, нит сум излажал нит сум украл туку со две мои раце творам ако некој тоа незнае да го цени онда заслужува два три пати истата тетоважа да ја плати :)
Мислам јасен бев :)


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Чудно. :confused:
Тетовираат за ``мали`` пари а се најдобри у Македонија. :toe:

700 евра за волков мало морген што ќе ти плати некој, тука кај нас.[DOUBLEPOST=1422563176][/DOUBLEPOST]И све ова што го наброја значи 1000 евра месечно за сите давачки а они у просек имаат 500-600 евра дневница. Логика левел непостои. :toe:
 
Тоа најдобар мало морген :) уметност најдобар нема кој ве лаже пари да ви врати - Хихихи се знае у тетовирање има скречери,артисти и мајстори
1000 евра набројав само основни давачки каде р материјал работна рака па тој човек јаде ли пие ли спие ли некаде вози ли точак - Хахахахаха
Абе многу сме лоши ние Македонците еј бетер од Евреи - Евреите барем бизнис водат а кај нас само да земат никако да дадат :)


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Самиот факт што јавни личности се цртаат кај нив говори дека се најдобри. Не сум го измислил јас тоа.
 
Ја стварно ценам квалитетно изработени тетоважи, како и тату мајстори кој си го вреднуваат занаетот. Не сум од оние кои очекуваат дека за 100 евра ке го покријат цел грб и плус левиот спојлер. Добра тетоважа значи квалитетни материјали, внимателна изработка, искуство, коректен однос со клиентот и талент. Јасно ми е дека таа комбинација си држи цена и немам ништо против тоа.

Али, Boogie, за една сесија чиј краен резултат е ракав да се плати 700 евра е многу. Скапо е и нема поента да се натегаме. Таа цена не може да пројде под муабетот „основни трошоци„ Искрено, поише ќе те сфатев да кажеше дека твојот труд вреди толку, отколку муабетов со кириите, материјалите и точакот. Too much е, како сакаш врти го.
 
@Boogie не дека те напаѓам ама искрено до сега немам слушнато добар збор за тебе. Не викам дека си лош тату артист, добар си, ама не летај во облаци да мислиш дека си најдобар. Да беше најдобар ќе имаше претежно позитивни критики за тебе, а не негативни.
Цениве ти се претеризам во однос на тоа што го нудиш, поготово за македонски услови. Соочи се со реалноста.

п.с. критиките се околу твоите превисоки цени, релјефни тетоважи и тоа "јас сум најдобар" однесување
 
Самиот факт што јавни личности се цртаат кај нив говори дека се најдобри. Не сум го измислил јас тоа.
Ако тоа што некој кај некого се тетовира значи дека е најдобар тогаш се согласувам бидејки сите имаат некој познат :)
Ја стварно ценам квалитетно изработени тетоважи, како и тату мајстори кој си го вреднуваат занаетот. Не сум од оние кои очекуваат дека за 100 евра ке го покријат цел грб и плус левиот спојлер. Добра тетоважа значи квалитетни материјали, внимателна изработка, искуство, коректен однос со клиентот и талент. Јасно ми е дека таа комбинација си држи цена и немам ништо против тоа.

Али, Boogie, за една сесија чиј краен резултат е ракав да се плати 700 евра е многу. Скапо е и нема поента да се натегаме. Таа цена не може да пројде под муабетот „основни трошоци„ Искрено, поише ќе те сфатев да кажеше дека твојот труд вреди толку, отколку муабетов со кириите, материјалите и точакот. Too much е, како сакаш врти го.

Другар ја само основа набројав - верувај не заџабе се оние слики со тегла као пари собираат за тетовирање - жално е што нас луѓето тоа не го разбираат затоа и нема култура за тетовирање - затоа најдобрите копираат од други артисти кои навистина се многу добри,затоа никаде не напредуваат,нема никаква сцена тату во македонија - тоа е само еден сегмент.
Пак ке напишам за мене не е важно ја сум закажан до јули месец и тоа мислам не е ништо затоа зошто кај артисти во светов една година се чека за термин.
Доколку (како другарчето горе што вика најдобри онака од ракав) се стремине навистина да имаме такви артисти треба да ги респектираме - треба да ги платиме за да можат да одат да се доедуцираат нели во секоја фела има магистратури,докторати тука нема ништо срамно да си признаат дека им треба такво нешто.
Замисли било кој од нив да отиде на фестивал на Карибите на пример каде што е најголемата елита на тату артисти - колку пари ке им треба за да стигнат до таму :)[DOUBLEPOST=1422566816][/DOUBLEPOST]
@Boogie не дека те напаѓам ама искрено до сега немам слушнато добар збор за тебе. Не викам дека си лош тату артист, добар си, ама не летај во облаци да мислиш дека си најдобар. Да беше најдобар ќе имаше претежно позитивни критики за тебе, а не негативни.
Цениве ти се претеризам во однос на тоа што го нудиш, поготово за македонски услови. Соочи се со реалноста.

п.с. критиките се околу твоите превисоки цени, релјефни тетоважи и тоа "јас сум најдобар" однесување

Пак отидовме на најдобар муабетот - значи извини и јас немам слушнато за тебе добар муабет ама тебе сигурно не ти е гајле па затоа и не сум ти кажал. :P
Значи нема такво нешто најдобар во тетовирање - секој си има свој вкус во уметноста оној што размислува различно е едноставно дупка по прашање на вкус во уметноста :angel:
Мене може цените ми се претеризам според тебе ама ти не ги раниш моите деца туку јас ги ранам,а како добар родител јас сакам на моите деца да им пружам се така да кога е македонија во прашање цените може се и мали затоа зошто е се многу скапо.

п.с. извини ја не правев муабет за мене воопшто погрешно си сватила ја ги бранев 'најдобрите' дека се слабо платени и дека според мене вредат повеке,незнам како испадна муабетов у негатива:cool:
 
Последно уредено:
Другар ја само основа набројав - верувај не заџабе се оние слики со тегла као пари собираат за тетовирање - жално е што нас луѓето тоа не го разбираат затоа и нема култура за тетовирање - затоа најдобрите копираат од други артисти кои навистина се многу добри,затоа никаде не напредуваат,нема никаква сцена тату во македонија - тоа е само еден сегмент.
Пак ке напишам за мене не е важно ја сум закажан до јули месец и тоа мислам не е ништо затоа зошто кај артисти во светов една година се чека за термин.
Доколку (како другарчето горе што вика најдобри онака од ракав) се стремине навистина да имаме такви артисти треба да ги респектираме - треба да ги платиме за да можат да одат да се доедуцираат нели во секоја фела има магистратури,докторати тука нема ништо срамно да си признаат дека им треба такво нешто.
Замисли било кој од нив да отиде на фестивал на Карибите на пример каде што е најголемата елита на тату артисти - колку пари ке им треба за да стигнат до таму :)


Јас тебе лично не те напаѓам. Немам твоја тетоважа и не познавам никој што има твоја тетоважа, а противник сум на оценување нешто толку деликатно како тетоважи преку слика.

И уопште не се противам на тоа дека добра тату треба да држи и добра цена. Се противам на претеризам од типот што го спомнав погоре. 700 евра за незавршен ракав? Премногу е. По секое рационално размислување. Единствен начин да се вметне некаква логика во таа цена - со толку завршена работа - е човек да се фокусира на уметничкиот аспект, кој од друга страна е индивидуално доживеан и не трпи тарифи.

И зошто јас да плаќам за некој допрва да се доедуцира? Магистрите и докторите на науки не очекуваат дека потенцијалните клиенти треба однапред да вложат во нивното образование, така? Респектирани се затоа што веќе го имаат потребното.
 
Па ја мислам дека ние како граѓани ги плаќаме магистрите и докторите - нели они работат зимаат пари собираат на страна од својата плата и после се доедуцираат.
Ја воопшто не измислувам ништо ново значи ова во тетовирањето е стандард традиција во секоја земја освен Македонија ај да не кажам и балкан затоа зошто во околните земји веке има мајстори кои се многу многу пред нашиве но тоа не заради нивната умешност туку заради нивната можност.
Во другите земји има некаква култура за тетовирање,ова ти што напиша многу биле 700 евра да го спомнеш надвор ке ти се скинат од смеење - ја зборам 700 евра за македонија бидејки само гардероба на еден тинејџер е минимум 1000 евра онака грубо а гардеробата ја мењава барем еднаш во годината.
Ало тетоважа треба да е еднаш платена и за цел живот да трае - молим ти се 700 евра се малку,некој тука на форумов ми го спомна Самохин - кај Самохин се работи еден само третман у ден и тој третман чини 1400 евра - значи еден третман - понекогаш една тетоважа бара 5/6 третмани а човекот живее у Украина - мислиш стандардот у украина е појак од стандардот на Македонија.

Ние у Куманово викаме - колку платиш толку клатиш :D
 
Самохин? Зашто одиш со тој муабет? Кој овде во Македонија, па и било каде може реално да му парира на Самохин? Конкретно на неговите портрети?

И каква врска има каде живее? За Самохин не се прави муабет на локално ниво, туку на светско, или барем европско. Ова ти е исто ко да кажеш дека Маријан Стојановски треба повеќе да го плаќаме и респектираме пошо, рецимо Дејв Ган зима 30 пати повеќе од него, а они и двајцата пеачи, нели.
 
Човек он работи у Украина - кое светско ниво,сите се на светско ниво денес 21 век живееме - мислиш ако кај нас некој добар уметник се образува соодветно неможе да е Самохин - или тогаш е ок ако наплаќа 1400 евра у македонија ама јас несмеам а ?
 
Uboo vikaat vo Kumanovo. I ova so cel pamet go kazuvas za tinejdzer? Daj ne me smej ti se molam.Ova go zboris za deca na ministri i pretsedateli go zboris neli? Znaes kolku zema plata eden doktor? I edno semejstvo moze da prezivee i so 200-300 evra na mesec. Ako se zalis dnevno sto prosecno zarabotuvas poveke od 100€ ( da receme) sto da recemo za luge sto rabotat vo konfekcii? Malku ideme oftopic veke. Inace tetovazi od 700+ € vo Amerika i drugite razvieni zemji. Tuka so nas standard - ne.
 
Човек он работи у Украина - кое светско ниво,сите се на светско ниво денес 21 век живееме - мислиш ако кај нас некој добар уметник се образува соодветно неможе да е Самохин - или тогаш е ок ако наплаќа 1400 евра у македонија ама јас несмеам а ?


Од кај да знам ја дали некој може да е као Самохин ако, значи, ако се образува соодветно? Првата тату на Димитри сигурно не коштала 1400 евра сесија. Цената му е толкава откако покажал што знае и умее. Кога овде, во МК, или било каде, некој ќе направи тату приближно квалитетна како тие на фраеров, слободно нека наплаќа исто, еве ја и без пари маркетинг ќе му вршам и кампањи за собирање средства ќе организирам.
 
Самиот факт што јавни личности се цртаат кај нив говори дека се најдобри. Не сум го измислил јас тоа.

Се слагам за ова и јас бев таму кај емилија чекав 4 месеци али затоа се вредеше :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom