Тетоважи

  • Креатор на темата Креатор на темата schtranga
  • Време на започнување Време на започнување
Готово, се заљубив!!! :love:
Ем нежно, ем секси.
Пурпурна, аристократска.
Паднав во искушение, а тоа е мошне мошне опасно, значи сум на чекор до остварување.
Ај нека стои, да слегне малку, мада фиксацијата е интензивна.

9288742950951898PGYkjMokc.jpg
Јас истава ја сакав, но ми рекоа требало да има некакво значење за мене. Цвет нема никакво значење за мене :)
 
Јас истава ја сакав, но ми рекоа требало да има некакво значење за мене. Цвет нема никакво значење за мене :)

Кој те излажал дека треба тетоважа значење да има ?
 
Глупости.Тетоважа можеш и од исклучително естетски причини да си ставиш без да има некакво значење.И пола од тетоважите се без значење,какво значење има еден трајбл или лав или кловн или Бети Буп?Што означуваат тие?
Слободно да си стаиш таков цвет на стопалцето,баш е убав и нежен и женствен.И да си го поливаш редовно да не ти венее.
 
Глупости.Тетоважа можеш и од исклучително естетски причини да си ставиш без да има некакво значење.И пола од тетоважите се без значење,какво значење има еден трајбл или лав или кловн или Бети Буп?Што означуваат тие?
Слободно да си стаиш таков цвет на стопалцето,баш е убав и нежен и женствен.И да си го поливаш редовно да не ти венее.

Мене мачето ми има огромно значење! Па и лавот има исто(за тие од вемеро). :icon_lol:

Инаку во план сум третата тетоважа да ми биде нешто овака.

545985_10200165370311868_1045370762_n.jpg

И оваа ми има значење исто така...

Сепак, leandra, доколку цветов ти се допаѓа многу и мислиш дека никогаш нема да се покаеш што го имаш, слободно.
 
Шо сеа Перл ќе го стави на нога и двете ќе го шетаме. Ич несакам да делам работи :)

И јас. Особено не тетоважи. Ти можеш како идеја да видиш од некого, меѓутоа ми е глупо да ја истетовираш бувално истата тетоважа. Така мене една ме извести дека одамна сакала маче, па го видела моето и ќе правела такво. Збеснав! :icon_lol:
 
Шо сеа Перл ќе го стави на нога и двете ќе го шетаме. Ич несакам да делам работи :)
Ако имаш другарка, колешка, било кој што го знаеш што знае убаво да црта, можеш да му објасниш отприлика што сакаш и ќе ти нацрта тетоважа :) вака направи една роднина моја.
 
Јас истава ја сакав, но ми рекоа требало да има некакво значење за мене. Цвет нема никакво значење за мене :)

Знаеш како викаат, ко прије, њему џевојка :)
Јас оваа ја ставам со амдибајрамовски процент :):)

Штом веќе почнав да се распрашувам по луѓе за искуства, квалитет, процес, цени, тоа значи дека кинисав по калдрмата. Ако ја сакаш толку многу, истетовирај се. Во крајна линија, никогаш нема гаранција дека тетоважата ќе ти биде уникатна, сите ние од некаде добиваме идеи, освен ако самите не си нацртаме нешто наше. Ниту јас не можам да бидам сигурна дека некој нема да ја види, дали тука, дали на нет, и да ја стави истата. Во секој случај, знам дека мојата нога, со нејзината форма, должина и облик, не само што трпи ваква тетоважа, туку дури и посакува. Другите, како им е ујгун, така нека прават :)

Нејсе.
Инаку и јас сакав тетоважата да ми биде со значење, имав точна идеја што сакам, нешто сосем друго, за на друго место од телото, исклучиво црно бела, на граница помеѓу трајбл и привидна апстракција, да биде слика во слика, но да не може да се види и препознае, освен ако јас не ја "издадам" приказната. И тамам најдов нешто приближно на тоа што го барав, му ја дадов на пријател со инструкции како да ја модифицира и тогаш ..... е тогаш цветот ми падна во раце. Не, не ми падна, туку самиот ме пронајде. Барав нешто трето, кликнав по грешка и ете го пред очи ми се смее. И беше љубов на прв поглед, да не речам pure lust. Знаев дека е моја, сум била родена со неа, само таа си чекала самата да се нацрта. Ако првата ја бирав и обмислував разумски и трезвено, оваа ја имам во срцето без да сакам. Затоа и сум решена, знам дека нема да се каам. Штом мене ми се случува да одам по улица и сама да се наведнувам со главата нанапред и имагинативно да ја "ѕиркам" како ми стои и да и` се смешкам, знам дека тоа е тоа, веќе е дел од мене.

Зошто ти го кажувам ова.
Ако ја сакаш до тоа ниво, стави ја.
Во спротивно, барај ја онаа тетоважа што ќе те остави без здив.
Што ќе знаеш дека е твоето второ јас :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom