Terra Nova

ја гледав првата епизода , ја има веќе на сите познати торент страни
мене ми се допаѓа првава епизода многу, мислам дека ќе биде доста интересна да се гледа натака

:cuc:
 
Не очекував толку да е добра серијава, навистина сум изненаден каков тек на настаните, многу брзо се одвива цела серија, има интересна приказна ( ако нешто не ја расипат како што се случи со lost).
Почнете да ја гледате навистина е многу добра, не само што е добра приказната добри се ефектите и местата каде што е снимана, а особено сум изненаден од актерите.
--- надополнето: Sep 27, 2011 8:54 PM ---
https://www.facebook.com/TerraNovaFanPage

Еве ја и facebook страната, има доста позитивни коментари така и очекував :)
 
Планирав да ја гледам, ама по рејтинзите за првата епизода, малку ќе почекам да видам што ќе се случи понатаму. Не сакам да гледам, па да ја откажат без завршеток.
Да не се разбереме погрешно, рејтингот од 3.0 и 9 милиони гледачи е ОК, ама за хајпувана и прескапа серија како оваа и најавувана веќе со месеци, не е ни спектакуларно. Да беше на NBC можеби и ќе беше спектакуларно. Па на ABC имаше веќе две подобри премиери на драмски серии (Revenge и Pan Am) што беше сосема неочекувано.

8:00PM
CBS How I Met Your Mother 4.5 12 10.500
ABC Dancing with the Stars 3.3 8 16.230
FOX Terra Nova 3.1 8 9.220
NBC The Sing Off 1.7 4 4.450
CW Gossip Girl 0.7 2 1.370

8:30PM
CBS 2 Broke Girls 4.6 12 11.750

9:00PM
CBS Two and a Half Men 7.4 17 20.520
CW Hart Of Dixie 0.8 2 1.880

9:30PM
CBS MIKE & Molly 4.8 11 13.860

10:00PM
CBS Hawaii Five-0 3.3 8 11.260
ABC CASTLE 3.1 7 11.670
NBC The Playboy Club 1.3 3 3.970
 
И јас очекував нешто спектакуларно ама после 20 минути ми стана напорно за следење и се префрлив на други серии, кога ќе ми биде многу досадно ќе ја изгледам... кога подобро ќе размислам нека излезат повеќе епизоди.
 
кажете кои денови ја има на која телевизија и во кое врема да видиме за шо станува збор.
ахх и нешто друго. - да не има и оваа 200+ епизоди ко турскине па да ја гледаме 2 години?
 
ако е добра и интересна серијата зошто да нема 200 серии... ако ви текнува на Динотопија и тој серијал не беше лош ова би требало да биде нешто слично (y)
 
кажете кои денови ја има на која телевизија и во кое врема да видиме за шо станува збор.
ахх и нешто друго. - да не има и оваа 200+ епизоди ко турскине па да ја гледаме 2 години?

Ја има по торенти, побарај ја.
 
Не очекував толку да е добра серијава, навистина сум изненаден каков тек на настаните, многу брзо се одвива цела серија, има интересна приказна ( ако нешто не ја расипат како што се случи со lost).
Почнете да ја гледате навистина е многу добра, не само што е добра приказната добри се ефектите и местата каде што е снимана, а особено сум изненаден од актерите.

Да е на пола добра како лост серијава ќе е фантастична.
Не е се' до буџетот, океј ефекти и остало, туку како ќе ја изиграат приказната. Мене не ми е битна динамичноста, можам да чекам и бавно да се отпакува приказната, не како што беше случајот со пилотот, уште првиот ден акција и остали адреналински фиксови. Кога веќе се фокусираат на ефекти нека биде првата епизода запознавање на средината, доловување на убавината на тој свет и слично. Многу ми беше површно претставено. Како пат со автобус до Бугарија. Но, како да е, не е многу лоша, очекував поголем фејл, обично е така со ваквите. Ќе продолжам да ја пратам, па ќе видиме.
 
Искрен да бидам очекував многу повеќе.Ефекти стварно има глава боли ама приказнава некако ми е многу плитка како некое дете да си расказува приказна :).Тое е мое мислење незнам понатаму како ќе се одвива ама сега за сега би ја гледал само ако ми е мноооогу досадно.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Искрен да бидам очекував многу повеќе.Ефекти стварно има глава боли ама приказнава некако ми е многу плитка како некое дете да си расказува приказна :).Тое е мое мислење незнам понатаму како ќе се одвива ама сега за сега би ја гледал само ако ми е мноооогу досадно.

Да на прв поглед изгледаше како филм и како да забрши филмот и тоа е тоа, меѓутоа ова беше само прва епизода, мислам дека во следните епизоде ќе почне да се развива приказната, во првава епизода некако како да му беше целта само да не запознаат со ситуацијата и со серијата и ќе видеме следната недела.
 
Да да јасно,се осеќа и од сега на каде ќе тера приказнава само викам некако многу е површна барем првава епизода можеле да ја направат малку помистериозна да те привлече да гледаш.Мене лично не ми се допаѓа сега за сега можеби пребрзо судам,ќе видиме.
 
Хммм, пред да ја гледам, да прашам. Временски парадокс? Ако би се вратиле во минатото - зашто не постојат во денешницата т.е. 2145 година, како народ кој живеел? А ако живееле, тогаш минатото и денешницата би биле сосема поинакви. Или пак има феномен на две паралелни временски линии? Има објаснување за тоа? Ми е важно, за да почнам да ја гледам, зашто не сакам да не е логично.
 
Има објаснување,демек не припаѓале на иста временска нишка или така нешто вика инаку кога би утепале пеперутка тоа би влијаело да не се ни родиме :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom