Љубовен Каскадер
fekalija
- Член од
- 28 декември 2011
- Мислења
- 4.371
- Поени од реакции
- 6.209
Тероризмот како поим веројатно за прв пат се појавува во Франција за време на Големата Француска Револуција како термин кој го опишува теророт кој бил наметнат од страна на Јакобинците во Франција. Сепак, се до нападите во САД во 2001 година, тероризмот скоро и да не бил тема на филозофска дискусија.
Пред нападите постоеле многу малку написи во кои постои екстензивна дискусија во врска со тероризмот, па така денес оваа тематика се разглобува во многу филмови, книги, бихејвиористички студии, дебати итн.
Додека во подфорумот Свет веќе постојат гомило теми кои функционираат делумно информативно, делумно вентилирачки, темава ќе се насочи кон две прашања:
Дали тероризмот е дефиниран исклучиво од своите последици, односно оние последици кои ни е во природа да ги забележуваме бидејќи ги сметаме за екстремни и одбивни?
Дали дефиницијата може да биде волку упростена? Дали тероризмот е дефиниран само како акт врз цивили и невини лица? Дали тогаш политички атентат е тероризам?
Со оглед на тоа дека не постои унифицирана концептуализација за тероризмот, веројатно не постои ни еден одговор на прашањето дали тероризмот може да биде морално оправдан.
Строгата дефиниција на тероризмот може тешко да биде бранета на морално поле за разлика од поселективен тероризам кој цели кон единки кои не можат да се наречат цивили/невини.
Сепак, мора да постои дискусија токму за првите, за невините/цивилите.
Дали можеме да рационализираме дека жртвите на тероризмот технички се “виновни” во контекст кој го дефинирале самите терористи или пак можеме да го браниме на деонтолошка основа?
Доколку го усвоиме првиот предлог, тогаш дали тероризмот е навистина тероризам?
Дали можеме да го оправдаме бомбашкиот напад кој убива 10тина државни работници доколку самата власт е опресивна? Секако дека не.
Ниту можеме да ја оправдаме смртта на луѓето кои загинаа во бомбашките напади во 2001 во САД, чисто бидејќи се жители на држава со сомнителна надворешна политика.
Останува да се разгледа вториот предлог, односно да се фокусираме на последиците како главен фактор при донесување на одлуката.
Дали тероризмот кој покрева позитивни промени во одредена сфера може да биде оправдан, без разлика на предизвиканата штета? До кој степен?
Дали ќе ги наречеме терористи или борци за права? Терористи или комити?
Како дијаметрална спротивност на вториот предлог се јавува апсолутното игнорирање на последиците и етикетирање на тероризмот како морално неоправдан чисто поради тоа што е.
Сепак, и тука можеме да се запрашаме, дали деонтолошки концепти како правда се оправдани двигатели на терористички акти?
Па така, кои се аргументите за моралната оправданост на тероризмот? Кои се против?
Дали воопшто може тероризмот да биде дефиниран строго или флуидноста е неизбежна?

- Што претставува тероризмот?
- Дали тероризмот може да биде морално оправдан?