Тероризам

Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.209
Тероризмот како поим веројатно за прв пат се појавува во Франција за време на Големата Француска Револуција како термин кој го опишува теророт кој бил наметнат од страна на Јакобинците во Франција. Сепак, се до нападите во САД во 2001 година, тероризмот скоро и да не бил тема на филозофска дискусија.
Пред нападите постоеле многу малку написи во кои постои екстензивна дискусија во врска со тероризмот, па така денес оваа тематика се разглобува во многу филмови, книги, бихејвиористички студии, дебати итн.
Додека во подфорумот Свет веќе постојат гомило теми кои функционираат делумно информативно, делумно вентилирачки, темава ќе се насочи кон две прашања:


  1. Што претставува тероризмот?
  2. Дали тероризмот може да биде морално оправдан?


Дали тероризмот е дефиниран исклучиво од своите последици, односно оние последици кои ни е во природа да ги забележуваме бидејќи ги сметаме за екстремни и одбивни?
Дали дефиницијата може да биде волку упростена? Дали тероризмот е дефиниран само како акт врз цивили и невини лица? Дали тогаш политички атентат е тероризам?
Со оглед на тоа дека не постои унифицирана концептуализација за тероризмот, веројатно не постои ни еден одговор на прашањето дали тероризмот може да биде морално оправдан.
Строгата дефиниција на тероризмот може тешко да биде бранета на морално поле за разлика од поселективен тероризам кој цели кон единки кои не можат да се наречат цивили/невини.


Сепак, мора да постои дискусија токму за првите, за невините/цивилите.
Дали можеме да рационализираме дека жртвите на тероризмот технички се “виновни” во контекст кој го дефинирале самите терористи или пак можеме да го браниме на деонтолошка основа?

Доколку го усвоиме првиот предлог, тогаш дали тероризмот е навистина тероризам?
Дали можеме да го оправдаме бомбашкиот напад кој убива 10тина државни работници доколку самата власт е опресивна? Секако дека не.
Ниту можеме да ја оправдаме смртта на луѓето кои загинаа во бомбашките напади во 2001 во САД, чисто бидејќи се жители на држава со сомнителна надворешна политика.


Останува да се разгледа вториот предлог, односно да се фокусираме на последиците како главен фактор при донесување на одлуката.
Дали тероризмот кој покрева позитивни промени во одредена сфера може да биде оправдан, без разлика на предизвиканата штета? До кој степен?
Дали ќе ги наречеме терористи или борци за права? Терористи или комити?


Како дијаметрална спротивност на вториот предлог се јавува апсолутното игнорирање на последиците и етикетирање на тероризмот како морално неоправдан чисто поради тоа што е.
Сепак, и тука можеме да се запрашаме, дали деонтолошки концепти како правда се оправдани двигатели на терористички акти?

Па така, кои се аргументите за моралната оправданост на тероризмот? Кои се против?
Дали воопшто може тероризмот да биде дефиниран строго или флуидноста е неизбежна?
 
Нужно зло за спроведување некаква политичка агенда. Алатка, ништо повеќе. Не треба да му се придава филозофско-идеолошко значење. :)
 
Нас во школо не учеа дека тероризмот представува вооружен напад на послабите. Така мислам дека ни велеше професорот по одбрана и заштита, ама ова беше ехеее пред години и години.
А што се однесува до тоа дали може тероризмот да е морално оправдан, јас ќе кажам дека тероризмот во било каква форма неможе никогаш да е оправдан.
 
Се зависи од тоа како ке се дефинира. Ако е во смисол на намерно убиванjе на цивили дури во името на некаква може и добра идеjа за тие дека се следовници на идеjата терористите може и да изгледат херои. Но теророт е тоа вселуванjе на страв пред се, ете како си живеаш спокоjно и некоj може да ти го прекине животот.
 
Се зависи од тоа како ке се дефинира. Ако е во смисол на намерно убиванjе на цивили дури во името на некаква може и добра идеjа за тие дека се следовници на идеjата терористите може и да изгледат херои. Но теророт е тоа вселуванjе на страв пред се, ете како си живеаш спокоjно и некоj може да ти го прекине животот.
Дури и да е во добра цел или идеја сепак не оправдувам убивање на невини луѓе. Убиството во секоја форма пак си е убиство.
 
Ни jас, ама не можам да се ставам на местото на некои тепани и угнетувани па тие трпат, трпат па како не можат повеке почнуват и они да тепат.
 
Ни jас, ама не можам да се ставам на местото на некои тепани и угнетувани па тие трпат, трпат па како не можат повеке почнуват и они да тепат.
Не сум баш сигурен, ама кога некој е угнетуван и пружа отпор према угнетувачот, самиот отпор се нарекува партизанство или партизанско движење а не тероризам. Порано повеќе ги знаев овие работи, ама со годините ми испарија од главава :(
 
Тоа сакав да кажам зависи од коjа страна се гледа исто нешто, за украинската влада руските сепаратисти се терористи. А партизани иде од "партиjа" оти тие биле можеби комунисти и jас не знам баш точно, има и герилци, борци и т.н.
 
Дали убиството на 2500 Палестинци летово од страна на ИДФ е тероризам? Постои ли државен тероризам?
 
Hannibal ante portas
Граѓаните на Рим биле заплашувани со овие зборови кога од 218 до 203 година пред новата ера, кога заа време на Втората пунска војна Ханибал му се заканувал на Рим
Меѓутоа Ханибал не влегол во Рим, иако неколку пати до колена ги победил Римјаните.
Во 1631, за време на Триесет годишната војна, австриската војска ( католици )под команда на грофот Тили, го зазела Магдебург и убила 20 илјади протестанти,
Така да не се согласувам дека страдањата на циилите, сеење страв и паника се „ измислица на денешнината “
Напротив, ако се заземе некој град, вообичаено било да се убијат и ограбат цивилите. Тоа представувала плата за војниците
https://en.wikipedia.org/wiki/Sack_of_Magdeburg
 
Ако не се лажам, основниот услов да постои тероризам беше сеењето страв да е заради остварување одредени политички цели.
Во ваков случај, не постои никаква морална оправданост.
И да, најчесто државите спроведуваат тероризам врз сопствените граѓани за да постигнат психолошка контрола врз нив.
 
Ако бидеме објективни и реални,настрана муабетот дека се е контролирано и дека сите војни,терористички чинови,кријат политичка цел на одредена група на луѓе(не треба екстра IQ да имаш за тоа),има една поговорка-не секој муслиман е терорист,но секој терорист е муслиман.Е сега,зошто е тоа така ? Не можеш Швеѓанин да го натераш на терористички чин против Франција.Што лошо видел он од нив ? ништо.Од друга страна,оној од Ирак,Сирија,видел и те како лошо од сите земји на НАТО,пошто имало безброј случаеви на масакри врз нив,и што се знаат,којзнае колку не се ни знаат,и него многу лесно е да го изманипулираш.Затоа се измисли и тој вахабизам џихадизам и ред други срања.И пак,можеби и самите тие работи ги измислија светските сили,затоа што во тие земји лежи нафтата.Но,веројатно се повеќе и повеќе се освестуваат тие џихадисти,исламисти,и се повеќе им бегаат од рацете на тие политичари бизнисмени,и работат очигледно за нивната цел,првата да вратат за нивните страдања,да го осетат тоа и Европејците,и за таа по далечна но сепак блиска цел,да стане Европа доминантно муслиманска.
 
има една поговорка-не секој муслиман е терорист,но секој терорист е муслиман.
А норвежецот дека уби над 50 луге во Осло и Утjоja муслиман ли беше? Факт е дека од 90-тите години радикалниот ислам многу се активизира ама за тоа неможе да се не каже дека немат улога и то голема западните држави и пред се САД и Франциja. Шо е сега во Либиjа, во Авганистан, во Ирак после демократските интервенции? Убиjства и хаос.За тоа не е виновен само исламот.
 
Последно уредено:
Не можеш Швеѓанин да го натераш на терористички чин против Франција..
Но затоа можеш да натераш Норвежанец да изврши терористички напад врз сопствениот народ. Прашај го него што лошо видел од нив.
 
Но затоа можеш да натераш Норвежанец да изврши терористички напад врз сопствениот народ. Прашај го него што лошо видел од нив.

Цц,тоа се болни умови,он не го направил тоа за цел некаква туку затоа што е болен во умот.Колку случаеви имало такви ? 1 во 40 години ? колку случаеви има на исламисти што палат убиваат кољат ? дневно по колку ? неделно ?

И во Србија имаше случај каде што жител на село уби 10 или 15 лица не знам точно,го прашаа зошто го направи тоа вика не знам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom