Тепачки

  • Креатор на темата Креатор на темата Antagonist
  • Време на започнување Време на започнување
Тепачка...хмм еднаш само се имам степано во второ оделение, со една другарка ( и ден денес се дружиме )таа беше прво, по пат за на училиште и замисли бе со чадори се тепавме, чадорите ренди ги напрајвме и најако од се беше брати што сакаше да не одели се смеша и фатија тие двата да се тепат :) и на крај закаснавме за на училиште и наставничката неоправдани ни пиша.
лол која белавџивка сум била ко мала.:pos2:
 
Ја ич нејќев да се тепам у животот.
Од мал бев за мир и толеранција(така ме научи мама).
Ама за несреќа се паднав у најлошото можно одделение,шо се појавило со генерации у моето основно.
Така да,морав континуирано да јадам и да давам ќотек.
Али ипак,сум имал само три големи тепачки у животот.
У едната ми го прснаа носот.
У другата,ја тепав:).
И третата беше после ко поголем,коа му пукнав аркада на некој,а требаше да му напраам многу повеќе.
У средно не сум се тепал,а у глобала сум против тие ствари,пошто ми изгледаат како дебилен,нееволуиран начин на докажување alfamale комплекси,како да сме у некоја глутница(иако можеби и сме).
 
Насилството не е решение, ама кога ќе ти го пукне филмот некое неразбрано створење, влагаш со клизачи (ко Каталински у 83-ќа), без размислување
icon_lol.gif
Не се тепајте, водете љубов!
 
прво да прашам дали се рачунаат тепачките на работно место.Ако се рачунаат тогаш имам многу,а за приватни тепачки и таму бројот е солиден,но во последно време се повеќе ги избегнувам незнам зашто таков период најверојатно.
 
... Абе се тепам сваки ден со браќава дома бре! Некој за ферка? :baeh:

ако изгубам стапува во акција братми
 
хах... интересна тема...
па можеби бев 4то одд кога седевме јас и мојата најверна другарка до игралиштето во нашето школо... и децата кои играа на игралиштето ја шутнаа топката накај нас и ја погодија другарка ми во глава... Јас се налутив и им реков да не ја фрлаат топката накај нас... И си побарав беља... повторно ја фрлија и повторно ја погодија другарка ми ... Се нанервирав и им реков дека ако уште еднаш ја фрлат ке морам да им ја дупнам... И се разбира дека ја фрлија уште еднаш и јас го извадив шестарот од ташна и им ја дупнав топката... и коа приметија дека туши дојдоја децата, а воедно и најјаките фраери во тоа време во школо и ми викаат ке си купиш нова... И јас се засилив и им велам море јас вас ке ве натерам мене да ми купите една кретени едни.. и дојде едно детенце што и ден денес ми се пува а е три глави пониско од мене а ми е генерација и ми удри клоца... Јас се пренервирав и го удрив со нога по градите и легна на земја детево ... и само се виткше се виткаше и стана и ми мавна шамар и во тој момент сакав мнооогу да заплачам ама сакав да дотраам машки и јас му мавнав бокс појак ( во лутината) и овојмалце се залаши и се насмеа и рече еј, види ја оваа и си замина... образот ме болеше многу, како и од шлааницата така и од повредената гордост...:pipi:
 
Еднаш во 4то одд еден мој школски вриеше многу (се правеше некој) па после на фин леп начин го средив тоа. 1 2 3 земав камен, го погодив у окото и после у болница кмишел 1 ипол саат на очно... :nesum:
Ова се случи кога бев во Италија. Еднаш си пишувам со едни мои другарки преку скајп и они нормално како е у италија ова она. После ми пишуваа дека му се јавиле на нив мојте другари дека се степале со едно дете ама потоа и полиција ги бркало.
Тогаш кога се вратија децата, се уклучија на скајп и се ми кажаа. Едно дете вадело муабети за мене ваков сум бил ваков сум бил. Децата разбрале кој викал така за мене, го начекале на паркот и фино лепо го прешибаа. Му го пукнаа носот, заработил 4 5 клоци, до 6 до 8 бокса а и исто така му а скинаа и кошулата што ја носел...(кутриот го излагале за да дојде демек некое девојче го чекало) И така дојде свечен, си замина како од афричка дупка да испаднал. Така да после кога си дојдов од Италија ми се извини.
 
Дешавкава у 8мо одд.Тогаш интезивно тренирав карате 5 тренинзи неделно, пубертет ме маваше се курчев на све живо, и си поминувам ја у чаир покрај едно шпонско школо и глеам еден типац ми се курчи дај 50 ден. ја таков море марш мочко еден и коа му ја запукав шака-нос-патос. арно ама у моментите на курчење не заприметив, дека баткава бил со 2 другарчиња кои отишле одоколу.и коа ги видов тргнав да бегам али си застанав и двајцата ги испопукав поштено на под завршија и ја таков пун со самодоверба уште на сред Чаир ги пцујам плукам врз нив коа се обидуваа да станат ги враќав на под со по клоца.али у тие уфилмани моменти не заприметив дека звонеше у школово,и коа искочија 234534634534534 души и ја видоа ситуацијана дека им ги газам другарите коа ми се стрчаа, мислам дека срцев удар ке ме стегнеше:vozbud: ,нозете ми се отсекоа али од страв побрзо у животот не сум трчал:pos2: и најбитно не ме фатија:vozbud:
 
хаха се имам тепано доста...ама покето пати сум јадел котек оти секогаш се зафаќав со поголеми од мене...и двајца ке ми дојдеа и толку ми беше...секогаш ке памтам пред три години ко ми бараја пари едни...јас инаетчија...демек ке се тепам со тројца на едниот му ја закачив другиот ко ме плесна со боксирачот...абе млекото го повратив од мајка ми....па за срека паднав и ме остаја само со еднаш..ама и парите ми ги остаја:baeh:ме имаат и со шипка удрено...ама не болеше многу...а јас тие шо ги имам тепано...шо знам не ги имам многу удрено..само око подсинато така а ребра не...оти ми е жал..грев...ке ги удрам колку да ги паднам да не се осмелат да ми вратат....не сакам ни јас тепачки и не се чепкам прв...освен ко ке сум изнервиран и се ми смета....и така беше последниот пат на 21.11 оваа год. си идам пијан од кај школскиот на именден бев....изнервиран како и цела вечер и по пат се разминвам со двајца и за инает насредина му поминвам и се турнав во двата и му се пуштив оти се туркале демек...ми манаја убај тупајнци ама срека шо сум полничок па не се познаваше нишо.. и така...
 
Ko копиљ се имам тепано со некои маалски дечишта, посебно тие што тортурираа мачиња и кучиња и тие што ја тепаа сестра ми. :icon_lol:
Еден период, до кај 6-7 години, владеев кај мене на улица, дека бев најстара од сите комшичиња, па ваљда некој авторитет им бев :)

Али увек строго за правда сум се тепала. Пример, еднаш тој Иван ја истепа сестра ми и мајка ми ми забрани да се дружам со него за да не ја тепа веќе, али ја смислив стратегија: ако го истепам ја него, ќе прекине он да ја тепа неа и после пак ќе можеме да се дружиме. И бидна. :icon_lol: Teпав пошо Иван ми попушташе.

Или тие дегените од уличката пред мојата, само некои заврзлами правеа, наоѓаа мачиња и им врзуваа ствари за опаш, тепаа кучиња со камења и такви насиље глупости. Море еднаш тој еден дебел како сум го истепала, ептен поише се тркалаше, отколку што се движеше, иначе ќе си изедев ќутек. :icon_lol:


Иначе генерално МРАЗАМ насилство, зошто го сметам за најдебилен, најнизок и најнерационален начин за решавање на проблемите. Толку ми е одбивно насиљето, што прееска го глеав Брус Ли и не ми беше толку занимлив како коа бев мала, зошто не се фокусирав на неговата боречка вештина,туку на тоа колку ги боли неговите супротници секој негов удар. :icon_lol:
Ко деца сфаќам, свеста не ни е доволно развиена па не можеме да си ги контролираме нагоните и да изнајдеме мирно и рационално решение, али коа ќе видам некои драчевци по дискачи со фазонот:„Маме му ебам, ми ја погледна пи4ката, сеа ќе му ја пукнам муцката!“ и таков се сили ко вол незауздан у „запаличу пола града“ моуд... Е не ги можам.
 
Мразам тепање иако сум учествувал како мал. Во тепачки во школо често зашто бев најмал и сите ми се закануваа ова она и затоа често си ја бранев честа. Но подоцна во средно баталив тоа и мирен бев цело време зашто и така никој не ми збореше ништо против мене.
 
ТЕМАВА Е ЗАКОН.
последен пат сум се тепал во седмо одделение .еднаш се тепав на улица кај нас со еден циган и да си се пофалам лом го направив ама па еднаш нашколо ми дојде друг циган и оково ми го направи ѓон.ми беше големо колку една тиква,ама со да праам,таа е. сум се тепал и со други ама ништо интересно.по некоја тупаница.
:vozbud::vozbud:
 
Ne znam ne se sekavam na takvi momenti od mojot zivot,valjda kako mala sum se tepala ...ne mi e vo stil agrsijata.
 
еднашка во 3-то одд го акнав на едно дете со наочари што беше дека 2-3 дена ми мрчеше м*да и мене ми зоври и му закачив една и си избега он. И тоа ми е една и единствена тепачка во мојот живот......се чудам дали да додадам уште една тепачка со едно дете во клас, ама не ми се оди кај директорот бе се да му е*ам
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom