Премногу ОФ ТОПИЦИ ИЗНАЧИТАВ ДЕНЕСКА. Незнам дали ова што ќе го напишам и најточниот приод кон темата, воедно и ситуацијата која е премногу критична, но никој не ја забележува, едноставно се пролонгира, а 90% од Стружаните, а и македонците од ЗАПАДНА македонија не се свесни во каква ситуација се наоѓаме.
Етничко чистење ?! Да, еден вид.
Би започнал вака. Последните случувања ме натераа да размислам од кај е потеклото на ваквата ситуација, коренот. И дојдов до овој заклучок:
Генерациите 1988 ( до некаде и пред 1988 ), 1989, 1990, 1991, 1992, до 1993, се тие кои се користат како фигури, како играчки со кои се започнува процесот за ГОЛЕМА АЛБАНИЈА. КАКО, се прашувате ? Токму во овие генерации, можеби и порано, родителите Албанци, раѓаат во просек по 5-6 ( има семејства со дури 9 деца ) наспроти 1-2 на Македонците, со што се создава бројното население албанци. Сите знаеме што се случи со Бучковски и со договорот, чисто албанските села да влезат во општина Струга, за да се создаде албанска општина. Но да не навлегуваме тука, да се вратам на темата. Истите тие деца, уште како мали ( имам докази од неколку "прости" албанци ) добиваат невиден третман, уште од 5-6та година, ДА МРАЗАТ СЕ ШТО Е НЕАЛБАНСКО. Значи, тие деца кои сега се прва, втора, трета, четврта, и по факултетите во Струга, ги прават овие нереди. ЗОШТО ? Тоа не' носи кон тивкото етничко чистење. СИТЕ СЕ СЛОЖНИ кога станува збор за тепачка на македонец, и овој процес го имаат започнато последните 3-4 години, и тепаат по 1-2 македонци кои ги чекаат сами. Тие македонци, бидејќи им е влеано страв, дека повторно ќе бидат пречекани од албанците, не влегуваат во конфликти со нив, едноставно имаат страф. Некои, одат во Охрид, Битола, Скопје. ТИЕ што не се отселуваат, едноставно животот надвор од домовите, го живеат како деградирани малцинство. ТУКА е главниот проблем. Значи, самите македонци сме потиснати, поради што некои, се толку плашливи, а ги има многу, и неможат да им се спротивстават на албанците. И низ овие години се пролонгира оваа ситуација, која станува мошне сериозна, а ретко некој сериозно да ја сфаќа.
Решението ? Постои само едно, кое според мене е чиста фантазија, поради што самите македонци од страв не се сложни, и гледаат само да не бидат истепани, бидејќи знаат дека албанците можат да се соберат во група од 100, а македонците едвај 15-тина души. Решението е - возвраќање на ист начин. Но не може, па затоа почнува македонскиот ученик да се чувствува како отфрлен, поради таа доминација на албанските ученици. И КОЈ Е КРИВ ЗА СЕ ?! Некои ќе речат БУЧКО, до некаде се во право. Но вината лежи во РОДИТЕЛИТЕ, и ПРОФЕСОРИТЕ кои лично со мои очи видов дека во ланската тепачка им даваат шипки на своите ученици да удираат по македонците, и не мрднаа со прстот додека двајца ученици беа избодени со ножеви.
Незнам колку сум во право, но мислам дека доколку некој Стружанец РЕАЛНО ја согледа ситуацијата, ќе го потврди моето мислење.
Велиш етничко чистење да? За тебе тепачка помеѓу несозреани и слободно можам да кажам заостанати деца е етничко чистење? Не верувам во тоа, но ајде нека ти биде.
Е сега, кога сме кај третманите, јас мислам дека е обратно. Не знам и не можам да тврдам со сигурност за Албанците (со свои очи не гледам што прават), ама знаеме барем дека тоа што ти мисли тоа ти го зборува и прави, па ваљда не сум во заблуда. А од друга страна па, кажи ми едно Македонско семејство кое не мрази Алабанци и кое не ги учи така и своите поколенија. Само едно! Ама знаеш што, ние сме лицемери! Големи лицемери сме. Кога сум во чисто наше друштво, сите ги нарекуваат шиптаришта, зборуваат како не чинат и се` најлошо. Кога во истото тоа друштво ќе седне и Албанец наредниот ден, одма е почитуван и добар другар. Мислиш дека таа маска уште не ни е прочитана и дека секој може да го толерира тоа?
Друго ... деградирано малцинство??? Кој тоа бе дете? Ако ти се чувствуваш така, јас не! И јас сум од Струга, тука го живеам скоро цел живот, тука учев, тука имам свој бизнис и никогаш не сум се почувствувала деградирана!!! А знаеш зошто? Затоа што не му плукам позади грб на тој што ќе ме поздрави, што ми е пријател, што ми е комшија, што има повеќе пари од мене, што се облекол поубаво или полошо. И да, можеби не се сите Алабанци доволно образовани и паметни за да ме прочитаат, но ете видиш, за тоа не требало многу.
И уште нешто што мислам дека сум го спомала повеќе пати. Живеам во стан под кирија, чиј газда е Албанец од Велешта. Страшно и језиво, нели?

Знаеш колку пати го имам видено во овие четири години? Два пати. Доаѓа културно кај мене на работа неговото синче само еднаш месечно кога ќе му се јавам, да си ја земе киријата, да ме праша дали сум добра и дали има некаков проблем и толку. Покултурна фамилија здравје.
Дуќанот ми е исто под кирија, а газда е Албанец од Франгово. Тој е толку заостанат човек што прво не веруваше дека девојка е газдарица на свој бизнис. И со него и цела негова фамилија немам проблем. Ниту им се плашам ниту се осеќам деградирана од било кого. Ме почитуваат премногу, јас нив исто. Што ми треба повеќе или па нив?
Муштериите на работа ми се деца од твоја возраст па нагоре. Знаеш па тие како ме почитуваат? Од срам се воздржуваат да ми се обратат за било што, по улица да ме видат ме поздравуваат, ако јадам некаде надвор не пропштаат да ми кажат Наздравје итн итн итн. Поради тоа што сум, успевам и во мојата работа да бидам и над Алабнската конкуренција, кога станува збор за бизнис. А тоа никој на тацна не ми го дал, туку сум се потрудила да ми е така.
И не, нема да тврдам дека нема проблематични деца, затоа што тоа едноставно не е возможно! Но никој од нив не ме начекал да ме тепа на улица. Но знаеш ли зошто? Затоа што и со таквите (без оглед на нација!) постапувам смирено, за да не дојде до нешто полошо. Многу пати се случило од такви луѓе да добијам повеќе почит. И не, тоа не е затоа што сум им се понижила, туку затоа што не сум им собрала сто Македонци да ги истепаат затоа што за нешто сме се спречкале.
А бегање надвор од тука? Никогаш. Сите надвор од градов ме прашуваат зошто не го префрлам бизнисот Охрид. А јас се чудам на тие глупави прашања. Зошто таму? Таму златни се улиците и луѓето? Повеќе пари ќе имам или повеќе луѓе кои ќе ми кажат здраво? Или па едноставно нема да се мешам со "шиптариштата", кои можеле да ми наштетат? Бедотија и тешка заостанатост ти е тоа.
Решение - возвраќање со иста мера, а? Мислам дека веќе одговорив на тоа, но еве пак. Ако се тера така, верувај дека далеку ќе стигнеш и ти и сите твои истомисленици т.е. сите Македонци од Струга. Од таквите како тебе ќе дојде денот кога тука ќе останам само јас, Геџо и други два тројца, кои ќе се чудиме дали Алабанците ве исчистиле или вие сте решиле да го изберете полесниот начин и да си одите во друг град или земја. Срам да ви е на сите што некогаш сте го направиле тоа или планирате да го направите. И после ќе кажуваат тие од другите градови дека Струга појќе не е во Македонија ... е ќе кажуваат. Струга е град во Македонија и така ќе остане!!!
За крај, најверојатно има врска што ти си мало, а јас малку повозрасна, па различно ја прифаќаме реалноста. Затоа за мене секогаш ќе биде нормална, а за тебе страшна и деградирачка.
А за некои претходни коментари ... во врска со децата и сл. глупости. Што има врска па тоа? Правете сите бе колку сакате. Ви забрани некој да имате по 9 деца? Ете, владата дури и ве тера на тоа. Исто така нема врска дека сите Албански семејства имаат куп деца. Колку од тие јас што ги познавам немаат повеќе од три ... ехее, еден куп! А колку Македонски познавам со повеќе од 3. Порано биле побројни ... ете пример, баба ми (Бог да ја прости) има 4 сестри и 3 браќа. Вујко ми има 4 деца. Јас имам брат и сестра. И што? Зарем е тоа муабет кој треба да се дискутира и злоупотребува за вака гнасни цели?
п.с. Знаете јас кои луѓе ги ценам? Добрите. А тој Принц што ви јаде лајна на вакви теми (така пишувам дека така вие тоа го гледате) откако е зачленет на форумов, треба малку да го прочитате и да научите нешто од него, затоа што тој е Албанец да, кој од сите Македонци во нашава ни земја се покрена да и помогне да болна Македонка! На неговиот повик за помош, знаете колку му се јавија? Двајца Албанци и четири Македонки. Ама тешко е да си човек во денешно време ... полесно е да земеш и плукаш на се` што нема врска со твојот лош живот, отколку да го живееш подобро и да помагаш на други, дури и кога тоа значи да жртвуваш дел од себе.
Продолжете со вреѓања сега додека имате време, дека темава секако одамна нема цел и е полна со оф топик постови, па ќе заврши за брзо во канта.