- Член од
- 29 јуни 2005
- Мислења
- 1.284
- Поени од реакции
- 14
Тенорот Благој Нацоски го разврза „македонскиот јазол“ со новинарот на РАИ
Новинарот ме вадеше од кожа со своите непристојни коментари, вели Нацоски за написите на новинар на РАИ
Енио Ремондино, новинар на угледната и моќна италијанска државна телевизија РАИ и повремен дописник од Балканот, кој поради сопствено незнаење во репортерските записи Македонците ги нарекувал „Славобугари“, по средбата со нашиот оперски пејач Благој Нацоски, не само што го сменил ваквиот начин на непристојно известување туку и во својот текст насловен како „Јазолот на македонската нација, приказна што се' уште раскарува“ признава дека направил „огромна грешка со Македонците Славобугари“ и ветува дека подобро ќе ја проучи историјата......
Вака пишуваше во својот текст Енио Ремондино:
„Директен лет од Скопје кон Рим. Муабет со патник седнат до мене, инаку сонародник. Потоа средба-судир со патникот седнат во редот пред мене.
’Вие сте новинарот Ремондино?‘
Веднаш се прашувам дали ќе ми дели комплименти или навреди? Сепак, не стануваше збор за комплименти. Младичот, некаде под 30 години, висок и крупен со перфектен италијански и добро образован. Значи, странец, но кој живее во Италија. Неговото оспорување е прецизно, ме обвинува со следново: ’Вие треба да престанете да не' нарекувате Славобугари. Ние сме Македонци и точка. Нашата култура е единствена, античка, ние не сме ниту Бугари ниту Словени’“, ја пренесува новинарот реакцијата на Нацоски.
Во натамошниот текст Ремондино признава, сепак, дека направил огромна грешка, нарекувајќи не' Славобугари и ветува дека подобро ќе ја проучи историјата.
„Решавајќи да си ја признаам грешката околу неточностите што ги имав изнесено, откривам преку Интернет дека мојот нов пријател е најголемиот македонски тенор на сите времиња. Се вика Благој Нацоски и живее и работи во Италија, каде што гради блескава кариера. Всушност, открив дека скоро ќе се скарав со идниот Павароти од Македонија. Македонија, не ’Бивша Југословенска Република Македонија’, како што сака Грција. Драг маестро Благој, држете си го цврсто петтолинието, затоа што историјата си ја пее и си ја свири секој како што сака“, пишува во својот напис италијанскиот новинар по средбата со македонскиот тенор.
http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=454BDFC71D52E8449FAAFF85EC196933