Тенис, Лондон 2012

  • Креатор на темата Креатор на темата Види Фотос
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Едно е јасно... Тука веќе и да нема реални и објективни членови, скоро сите се да не кажам дволични... Едно мислат, друго пишуваат (најголем дел се од фановите на Надал)... Ќе изнапишат убави зборови за Федерер или Ноле (и тоа по победа на нивниот пулен или по заслужен пораз, мада тогаш не им е до фалење и дичење), ама кога дојде ваква тема за муабет, односно споредба помеѓу двајца, се покажуваат вистинските лица... Секоја чест за исклучоците...

Пример за тоа е горе од модераторчето... Од никаде го вмеша резултатот од финалето на РГ, демек понижување на противник... Многу ниско модераторе, многу... Па и одбра кој тенисер ќе го понижуваш :facepalm:
 
Муабетот со 6-1 6-3 6-0 е дека Рафа го реши Федерер т.е. му одржа лекција по тенис на земја во тој меч, иако беше Федерер и повеќе од загреан за титулата, нели му недостасуваше и тогаш....

Јас никогаш не сум сакал Надал да освои нешто благодарејќи на лошите игри на противниците и после да гледам лесен плен за него во финалето, нека биде маж и нека го победи најдобриот, во овој случај Федерер од Вимблдон 2012 и да докаже дека всушност тој, Надал е подобар. :)

Ама ти изглеа се имаш навикнато на доминацијава на 3цава најдобри последниве 5 години, па затоа така зборуваш. Пред 10тина години па наназад, не било никакво чудо, напротив, се случувале изненадувања во финале да одат играчи надвор од топ 5, па и топ 10. По твојата логика титулата на Надал на Ролан Гарос 2010 година не ја сакаш и е без кредибилитет бидејќи Федерер и Џокович отпаднаа во 1/4 финале, додека противниците на Надал во 1/4 финале, 1/2 финале и финале, респективно, беа Алмагро, Мелцер и Содерлинг. Пак ќе речам, навикнат си на доминација на шака играчи, и затоа така зборуваш. Нормално е играч од топ 3 да ги искористи киксовите (мада не е кикс 1/4 финале да отпадниш, само што сега стандардите се ултра хај) на останатите од топ 3, и тоа не значи дека титулата треба да биди занемарена. Си бил константен, си тепал се до финале, си освоил. Simple as that.
 
Да бе секогаш фановите на Надал, фановите на Надал, чим излезе веста одма се израдуваа фановите на Ноле на Фб. Овие на Федерер пак почнаа со филмот демек се исплашил да не изгуби од некој аматер( зарем има нешто подволично од ова??????;))
 
Едно е јасно... Тука веќе и да нема реални и објективни членови, скоро сите се да не кажам дволични... Едно мислат, друго пишуваат (најголем дел се од фановите на Надал)... Ќе изнапишат убави зборови за Федерер или Ноле (и тоа по победа на нивниот пулен или по заслужен пораз, мада тогаш не им е до фалење и дичење), ама кога дојде ваква тема за муабет, односно споредба помеѓу двајца, се покажуваат вистинските лица... Секоја чест за исклучоците...

Пример за тоа е горе од модераторчето... Од никаде го вмеша резултатот од финалето на РГ, демек понижување на противник... Многу ниско модераторе, многу... Па и одбра кој тенисер ќе го понижуваш :facepalm:
Немој да ми кажеш дека не ти е мило што Надал се откажа, јас ќе ја напуштам модераторската позиција, само поради тебе, можеби ти ќе бидеш подобар модератор, а не " ниско модераторче".

Дефинитивно ова е последното мое мислење во темава се додека не почнат Олимписките Игри и ве молам не ме цитирајте со цел да ви одговарам повторно бидејќи тоа нема да го видите.
 
Немој да ми кажеш дека не ти е мило што Надал се откажа, јас ќе ја напуштам модераторската позиција, само поради тебе, можеби ти ќе бидеш подобар модератор, а не " ниско модераторче".
Jaс како фан на Новак, по мило би ми било Новак да ја освои титулата победувајќи го Надал, отколку Радек Степанек (лупам рандом тенисер..)
Нели така се докажува кој е најдобар, ако го победиш според вас подобриот од себе.
 
Немој да ми кажеш дека не ти е мило што Надал се откажа, јас ќе ја напуштам модераторската позиција, само поради тебе, можеби ти ќе бидеш подобар модератор, а не " ниско модераторче".

Дефинитивно ова е последното мое мислење во темава се додека не почнат Олимписките Игри и ве молам не ме цитирајте со цел да ви одговарам повторно бидејќи тоа нема да го видите.

Иако потенцираше дека нема да цитираш, мое е да ти одговорам...

Мене да ми е мило? Вака сега, да ти објаснам убаво... Јас сум спортист цел мој живот, и никогаш во животот не сум посакал повреда на некој, ниту пак додека играм правам фаул со намера да повредам некого... Кога играм, сакам да се натпреварувам со најдобрите или ајде, со подобрите од мене и да ги победам... Исто така и како фан на Ноле (ќе земам за пример, мада истото важи и за колективните спортови каде што сум фан), сакам потежок ждреб со цел да има потешки противници, бидејќи Најдобар си кога ќе го поминеш најтешкиот пат...
 
Само едно ќе кажам, имате среќа што ја имате RocknRolaa, и Стефан Кобе е ок или како и да беше не му го памтам никот.

Без Стефан и RocknRolaa подфорумов ќе беше само место каде хејтерите, т.е во овој случај за жал "навивачите" на Надал (и тоа главниот од нив модератор) ќе се правдаа за поразите и ќе изнесуваа резултати од грен слем турнири кои се одржале пред 4 години на тема за олимипијада, или пак ќе пробуваа да убедат некого дека Федерер све во совјот живот има освоено на среќа, затоа што Надал бил повреден :icon_lol:



Секоја ви чест, успеавте најдобриот подфорум да го зацрните, браво.

П.С. Ја заборавив Crazy In Love, извинување, и она е страшно фер и коректен навивач на Надал.
 
Иначе да се навратиме на темата (ако е возможно, а да не искрсни некоја глупост), Надал на овие ОИ ќе биде заменет со Фелисијано Лопез.
 
Rafa Nadal
Muchas felicidades Pau! me alegro muchísimo q seas tú el abanderado! eres un referente y un gran ejemplo para todos nosotros! un abrazo fuerte y disfruta el momento! q lo mereces!

Pau Congratulations! I'm so glad you're the standard-bearer! You are a reference and a great example to us! A big hug and enjoy the moment! You deserve it!:pipi:
 
Аман бе луѓе рилекс малку, сте се закарале па па па...
Не можам да преболам што ќе го нема на Олимпијада, ќефот ми се уништи и нормално нема да ми биде подеднакво забавно штом него го нема. Исто ко што ќе беше разочаран било кој од дечките кои си навиваат за соодветниот тенисер ако тенисерот икс не би учествувал.

Живот иде даље ќе гледаме што ќе се случува на турнирот, здравје нека има вредни натпревари, па шо да не и Мареј да ќари злато нали? Нема спортист без успони и падови во кариера, бидете фер спрема човекот и имајте разбирање за неговата одлука.
 
Стварно бесконечни се овие муабети. Нема потреба од спомнување на РГ 2010, Хале 2003, и Скопје Опен 2000. Било тоа поминало. На сите ни е јасно дека Надал е најдоминантниот играч на сите времиња на земја, но исто така е јасно дека на другите подлоги е доста послаб и понеконстантен. Доказ за тоа е ланската сезона, освен Грен Слем финалињата на Вимби и УС Опен. Останатото после РГ на брзите подлоги беше катастрофа, а најубав показател е Мастерс купот во Лондон. Федерер е најдобриот во историјата нема дилеми тука, и константен на сите подлоги. Нема везе што си навивам за Надал али ова е факт. Е сеа не знам ме мрзи да ги читам претходните страни, ако има некој што се сител на откажувањето на ОИ од страна на Надал нека му служи на честа, само НЕчовек може да го направи тоа.
Затоа остајте ја темава, служи за ОИ а не кога Ноле го тепал Роџер или кога Надал изгубил од Содерлинг, тоа е минато.
 
Браво за организаторите, баш ги личи терените со розева боја :)

217849_10150975822083732_971834922_n.jpg


Еве нешто и за Psyside :D
552312_10150975821533732_17242249_n.jpg
 
539039_10151048810894941_445910619_n.jpg


јако е логото на швајцарската репрезентација, јаболче и стрела :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom