Телма Телевизија

  • Креатор на темата Креатор на темата Lincoln Burrows
  • Време на започнување Време на започнување
Добри си се вака, не им треба музички шоуа. :)
Било што нека направат затоа што им фали уште некоја емисија која би се прикажувала попладне.
Филмополис им беше интересна емисија и таа би можело да ја вратат, Шестиот ден исто беше добра емисија. Тие некој емисии што им беа добри не требаше да им стават крај.
 
Hangover викенд на Телма. Во петок првиот дел а во сабота вториот.

Се повеќе почнува да ми се допаѓа Телма. Имаат добра утринска, интересни филмови, интересна македонска серија, Жаре со негово шоу. Уште да им текне да смислат некое гејм шоу, или музичко шоу од нивна продукција а може и да купат лиценца.

Јас сакам квиз шоуто Тркало на среќата да се врати на телевизија.
Или Џандар збира да се врати.

Тешко е квиз како Потјера да го има кај нас, бидејќи не верувам да има луѓе кои би биле ловци, немаме ие таков профил на луѓе.
Потјера како квиз не се емитува ниту во поуредена држава како Словенија, а не па кај нас.
 
Е не знам за организација инаку мислам дека има и кај нас луѓе кои би биле ловци.
 
Нема шанси таков квиз да успее кај нас. Ловецот никогаш нема да победи, освен ако не му ги кажат одговорите. Да не зборуваме за тие што ќе се пријават.
Подобро си е вака сепак.
 
Мислам дека емисијата на Жаре - Еден на еден и серијава Преспав се едни од најдобрите неколку нешта што се емитуваат на нашиве телевизии. Башка според прегледите на Јутуб, Еден на еден заедно со Се или нешто, се најгледаните Македонски емисии.

Hangover викенд на Телма. Во петок првиот дел а во сабота вториот.

Се повеќе почнува да ми се допаѓа Телма. Имаат добра утринска, интересни филмови, интересна македонска серија, Жаре со негово шоу. Уште да им текне да смислат некое гејм шоу, или музичко шоу од нивна продукција а може и да купат лиценца.
И јас мислам дека можат да направат некое музичко шоу и тоа да биде во Македонска продукција. Еве можат да направат нешто како што беше На иста адреса, само во нормален термин за да можат сите да го гледаат.
 
Не воопшто не вакво туку мислам на музичко шоу каде разно разни музичари и соло артисти ќе се претстават во живо, мини настап. Вакво нешто имаат РТС Србија.
 
Не воопшто не вакво туку мислам на музичко шоу каде разно разни музичари и соло артисти ќе се претстават во живо, мини настап. Вакво нешто имаат РТС Србија.
Па добро, во секој случај било какво музичко шоу би било добро да имаат и секако тоа да биде наше, затоа што тое е нешто што им фали во програмата. Јес да викаат во некои од емисиите и пејачи, но тоа не се емисии - музичко шоу.
 
Има ли некој Телма HD? На аналогната на телекабел пишува HD до логото, на макс тв гледам не е така?
 
Има ли некој Телма HD? На аналогната на телекабел пишува HD до логото, на макс тв гледам не е така?
Само што снимката не е во HD.. Инаку е додадено од 18.11.16 после Топ Тема..
 
Toп Тема ќе има и уште едно издание Топ Тема - на ваша страна каде ќе има анкети, анализи и повеќе прилози, повеќе теми кој ќе бидат и малце надвор од политичките случувања. Дебатите остануваа но ќе имаат еднаш месечно дебати надвор од студиото по градовиве и плус некакво жешко столче Сето тоа освежено со нов дизајн и уште некој содржини. Почнуваат од вечерва со новото издание.
 
Е не знам за организација инаку мислам дека има и кај нас луѓе кои би биле ловци.

Не знам баш дали во Македонија имаме такви луѓе кои имаат големи знаења за да бидат ловци.
Во Хрватска има државни првенства во квиз, пред месец дена ловците Деан Котига и Крешимир Сучевич-Меџерал учествуваа на олимпијада во квиз во Атина и имаа добар резултат. Котига на фејсбук објави и фотографија со ловците од Британската и Германската верзија на Потјера.
Инаку се шушка дека наводно ХРТ уште не ја откупил лиценцата за Потјера, актуелниот договор им важи до Нова година, но сметам дека ќе ја откупат лиценцата.

Кај нас Потјера не би била гледана, треба знаење за таков квиз, а пензионерите не би гледале нешто каде се бара знаење.
Плус не верувам дека имаме телевизија која ќе дава големи пари на играчи, она Алфа што го дава 5.000 во Арена е мизерија.
 
Значи сајтот им е катастрофален и не можеш да се информираш кој филмови кога ги даваат освен ако не си цел ден пред телевизор и да чекаш да пуштат промо реклама. Фејсбук страната исто така им е катастрофа и таму исто не можеш да се информираш за филмови.
 
Дали Телма е HD ? Гледам додале HD на логото и сликата ми стои како подобра но не сум многу сигурен дали е HD. Поготово подобрувањето во сликата се приметува на серијата Преспав и на рекламите.

Oва го проверив на Макс тв на истото место каде што си е SD верзијата.
 
Последно уредено:

Имаат HD верзија како посебен канал. Сега Скоро и Вип ја пуштија, сликата си е сосема океј за HD стандарди како и другите канали...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom