Телма Телевизија

  • Креатор на темата Креатор на темата Lincoln Burrows
  • Време на започнување Време на започнување
Место да извадат од архивите таму Викенд на Мртовци и Солунски Патрдии, тие ќе ги репризираат Династиите 100 пати во годината... Тоа што е Жикина Династија за Југославија, Мртовците и Патрдиите е за Македонија... е тоа ми смета во овие "патриотскиве" телевизии, се чукаат цело време во гради, а 24/7 си даваат турски и индиски серии, а преку викенд Југоносталгија.

Телма си е топ телевизија, само штета што некои тука мислат дека ако Сител и Канал 5 се најгледани, автоматски тоа значи дека се и најдобри телевизии
 
па и жикина династија е ок, а тие нашиве да не има мртв само право да ги емитува?
 
Место да извадат од архивите таму Викенд на Мртовци и Солунски Патрдии, тие ќе ги репризираат Династиите 100 пати во годината... Тоа што е Жикина Династија за Југославија, Мртовците и Патрдиите е за Македонија... е тоа ми смета во овие "патриотскиве" телевизии, се чукаат цело време во гради, а 24/7 си даваат турски и индиски серии, а преку викенд Југоносталгија.

Телма си е топ телевизија, само штета што некои тука мислат дека ако Сител и Канал 5 се најгледани, автоматски тоа значи дека се и најдобри телевизии

Ете Сител ќе го даваат во недела Мис Стон.
 
За Сител патриотизам се пејсажите од Охрид и Мариово кога најавуват реклами. Најбогата телевизија со буџет кој може да го сонуваат сите други , и наместо да ги откупуват последните филмови добитници на оскари , они откупуват парампарче и убавата селанка. Тие гомна од серии Ердоган ги има забрането во Турција, па мора негде да се пласира срањето.

Општо квалитетот на програмите е опаднат ненормално многу. Кога ќе ми текне пред 7-8 години на А1 одеше Премиер лига , Сител шпанско првенство , Телма италијанско ... Сега се радуваме на една утакмица ЛШ во среда. Среќа живееме во модерно време па многу филмови/серии ни се достапни бесплатно , да бевме со технологијата и пиратеријата од 95та ќе го гледавме ГОТ кога Санса ќе влезеше у менопауза. :LOL:
 
Па ене на Мтв најавуваа Breaking Bad ама ништо од тоа, за едно 10-20 години можеби. :)
На Телма колку толку поновиве филмови ги гледаме, да не мора нет да трошам и да се виткам пред компјутер ко кифла. Некогаш некој постар ќе дадат, е сега уште да почнат и по некој вестерн така и супер ќе е, ама добро вестерн и на Едо фаќам некогаш. :D

А1 нема никој да ја достигне, тоа беше телевизија, а не Сител и Канал 5 на тоа утринските ко во Северна Кореја да сум. Уште им фали слика од Грујо позади и таман.
 
...

Кога ќе ми текне пред 7-8 години на А1 одеше Премиер лига , Сител шпанско првенство , Телма италијанско ...

...

Токму А1 Телевизија започна со емитувањето на тие турски идиотизми во македонскиот етер и сигурно ќе продолжеше да ги емитува ако не ја затвореа.

И токму поради таквите идиотизми таа телевизија воопшто не ми недостига на мене лично, а можам да го кажам истото и за Шител, Анал 5, Алфалфа и МРТВа доколку некогаш ги затворат.

Единствена национална телевизија која сеуште е имуна на ваквите телевизиски идиотизми, е Телма, и затоа ја ужива мојата почит, а кога емитува по некој добар филм, ја ужива и мојата гледаност.
 
Последно уредено:
Па ене на Мтв најавуваа Breaking Bad ама ништо од тоа, за едно 10-20 години можеби. :)
На Телма колку толку поновиве филмови ги гледаме, да не мора нет да трошам и да се виткам пред компјутер ко кифла. Некогаш некој постар ќе дадат, е сега уште да почнат и по некој вестерн така и супер ќе е, ама добро вестерн и на Едо фаќам некогаш. :D

А1 нема никој да ја достигне, тоа беше телевизија, а не Сител и Канал 5 на тоа утринските ко во Северна Кореја да сум. Уште им фали слика од Грујо позади и таман.

Секоја Сабота наутро ХРТ 1 дава вестерн филм. Сега терминот не е секогаш ист, некогаш вестерн филмот почнува во Сабота во 7:30, некогаш околу 8, а некогаш накај 9 наутро почнува вестерн филм. Битно секоја Сабота наутро даваат ХРТ1 вестерн филм, а и во Недела наутро даваат стари филмови.

Глупост се тие јавувањата на гледачи во утринските емисии на Сител и Канал 5. Посебно кога некој ќе се јави и оние водителите ќе кажат: Јас со вас немам право да зборувам и да давам свое мислење, такви се правилата. Нормално тоа ќе го кажат кога некој ќе коментира нешто што не одговара на режимот и на црепот од водител.
 
Некој чита изгледа од Телма тука. Случајно вртам на Телма и филм со Џони Деп Dead Man (1995) кој е вестерн филм во црно бела боја :) Штета не го фатив од почеток.
 
A1 крива за турските .. ОК крива е али кога имаше турско на А1 имаше и шпанско, латино тин серии, македонски квизови, забавни емисии , американски серии, филмови итн...

МРТ точно дека не е ХРТ или РАИ ама барем се труди од парите што ги зима да ви обезбеди преноси од сите можни спортови затоа што овие приватните се натпреваруваат со турските „мегахитови“ и српските шоуа...

На Телма имало репризи од серија која се емитувала пред некој месец премиерно.. па народе преферирам реприза на цела серија (или сезона) квалитетна отколку турска серија (ака прикаска) по 3/4 пати неделно или сите можни емисии од гранд и пинк..
Телма не била А1.. епа не е ама А1 да беше со нас сеуште ќе беше нешто слично на Телма што е сега.. зошто?? затоа што благодарение на интернетот народе телевизијата не е иста како што беше во времето пред да ја затворат А1.
 
A1 крива за турските .. ОК крива е али кога имаше турско на А1 имаше и шпанско, латино тин серии, македонски квизови, забавни емисии , американски серии, филмови итн...

...

Никој не им ги бараше турските идиотизми на А1 Телевизија, воопшто не ни мораа да ги емитуваат, имаа добра програма и пред 2009 година.

Истото важи и за партиските пропагандистички телевизии, никој не ги тера со сила да емитуваат партиска пропаганда, а уште помалку па турски и индиски идиотизми.

Ќе си го жнееш тоа што си го посеал(а).
 
Не ги гледам турските серии ама па не сум ни против нив некој и тоа сака да гледа, но не треба турските серии и српските шоу емисии да се главното она што ќе ги прави гледани некој од македонските телевизии. Мислам дека глупаво е било која македонска телевизија да емитува турска серија или било каква серија во термин кога треба да има нешто од своја продукција барем минимум еден или два часа.

Еве ќе ги спомнам грците, сум имал прилика да гледам грчка телевизија кога сум бил на одмор во Грција и таму исто емитуваат турски серии но нема таква серија навечер. Тој период од денот се или страски серии или нешто од нивна продукција.
 
Што е ова на Телма Once upon a time in Anatolia го даваат. Па каде е некоја премиера бе? Каде е Ко то тамо пева, Лепа села лепо горе и слични? Срамота.
 
Hangover викенд на Телма. Во петок првиот дел а во сабота вториот.

Се повеќе почнува да ми се допаѓа Телма. Имаат добра утринска, интересни филмови, интересна македонска серија, Жаре со негово шоу. Уште да им текне да смислат некое гејм шоу, или музичко шоу од нивна продукција а може и да купат лиценца.
 
Добри си се вака, не им треба музички шоуа. :)
Филмовиве растураат, навечер е уживанција. Никад олку не сум седел пред тв.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom