Телеком ADSL и OPTIC интернет - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата vmx
  • Време на започнување Време на започнување
Некој кој го користи HBO пакетот ... кај мене пола ден еден од каналите ( наизменично ) е "отклучи ја содржината за возрасни".
Mене на фејсбук ми кажаа дека програмата им е заштитена на HBO и затоа некој филмови се заклучени. Без гајле ќе си ги отклучуваш со пин 0000 или ако си сменил со тој што ти е ставен а може и во опциите има некако таму да се намести цело време да е отклучено но поима немам како.

Вака пишува на сајтот на Телеком

Согласно правилата на HBO, содржините недолични за малолетната публика се заштитени со PIN. Отклучувањето е стандардно, како и за останатите содржини заштитени со PIN.
 
Линкот за проверка на интернет сообраќајот (оној moj.telekom така нешто) не ми работи веќе 4-5 дена. Дали и кај другите е така? Сакам да проверам интернет сообраќај, маме им.
 
Линкот за проверка на интернет сообраќајот (оној moj.telekom така нешто) не ми работи веќе 4-5 дена. Дали и кај другите е така? Сакам да проверам интернет сообраќај, маме им.
Да не работи,јас вечерва видов:)
 
Сакам да се прфрлам на Магента 1...
Не сум бил да прашам сеуште што е и како од немање време.

АКо знае некој да каже кои промени може да се прават во пакетот...

Мене ми треба една мобилна линија...
Фиксна воопшто не ми треба...
Телевизија сакам фул пакет...
Интернет М пакетот на оптика би ми бил доволен.

Не барам да ми пишете цена (знам дека не е изводливо)....него прашувам дали може да се направи ваква
комбинација и дали би ми ја намалило претплатата пример на пакетот М....?
 
Брзината на М е 50/50 кај оптика ,тој пакет го користам само на таа цена треба да додадеш 18 % ДДВ
мене пред некој ден ми се јавија да ми нудат Магента им викам добро со кој памет да плаќам повеќе кога сега имам 50 mpbs a вие ми нудите 12 mbps и таа ми вика ама господине имате бесплатни разговори кон фиксни национални мрежи/ Добро сега кој кого прави будала? Фиксни мрежи кој врти од фиксен на кого му треба тоа? На 0.01% од претплатниците. Оптика со 12 mbps нека се лечат.
 
Или има сеуште будали на светов, или тие се будали ама уште незнаат-не им е кажано
 
мене пред некој ден ми се јавија да ми нудат Магента им викам добро со кој памет да плаќам повеќе кога сега имам 50 mpbs a вие ми нудите 12 mbps и таа ми вика ама господине имате бесплатни разговори кон фиксни национални мрежи/ Добро сега кој кого прави будала? Фиксни мрежи кој врти од фиксен на кого му треба тоа? На 0.01% од претплатниците. Оптика со 12 mbps нека се лечат.
Доколку имаш оптика брзината нема да ти ја намалат останува 50/50 прочитај малку подобро тие 12 ги нудат на бакар
 
Сакам да се прфрлам на Магента 1...
Не сум бил да прашам сеуште што е и како од немање време.

АКо знае некој да каже кои промени може да се прават во пакетот...

Мене ми треба една мобилна линија...
Фиксна воопшто не ми треба...
Телевизија сакам фул пакет...
Интернет М пакетот на оптика би ми бил доволен.

Не барам да ми пишете цена (знам дека не е изводливо)....него прашувам дали може да се направи ваква
комбинација и дали би ми ја намалило претплатата пример на пакетот М....?

Мора 2 мобилни линии. Фиксна едноставно оди во пакетот заедно со интернет и исто така е задолжителна, и мене не ми беше потребна, ама земав. За телевизија и интернет може да комбинираш како сакаш, на пример мобилна земаш С пакет, Телевизија Л, а интернет и фиксна земаш М.

Цените ги гледаш поединечно за секој пакет и комбинираш.
 
А пример... Можам една од две мобилни линии да ми биде С а другата М?

Sent from my D2303 using Tapatalk
 
На бакар тешко дека можи брзина со 12 мб/с ако се има 2 телевизори како јас. Ми сецкаше телевизијата, мрзнеше сликата и после неколку пријавувања, ја намалија брзината на интернетот на испод 8 и сега немам проблем. Техничарите ми рекоа дека на бакар едноставно 2 телевизори и брз интернет-неможжжеее
 
На претхидниот пост напишав дека го имам пакетот Магенда 1 М и брзината на нетот е 50 /50 на оптика
Да да те разбрав иронизирав. Јас ја прашав за оптика она како навиена ми вика 12 Mbps. Сепак јас сум на Фемили оптика М пакет и мислам дека е подобро и поисплатливо.
 
А пример... Можам една од две мобилни линии да ми биде С а другата М?

Sent from my D2303 using Tapatalk

Не, мора или С или М. Можеш да ги комбинираш пакетите мобилна (2С 2М и 2Л пакети), интернет со фиксна (С, М, Л) и ТВ (С, М, Л) и ги собираш цените и добиваш на тоа 20% попуст. Така јас направив, комбинирав С во мобилна и М во останатите.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom