Телеком ADSL и OPTIC интернет - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата vmx
  • Време на започнување Време на започнување
Мислам дека не е до ограничувањето него дека има глобален пробелм со нетов. Примерно дома сум на ОНЕ на работа на Т, а колегава дома има близу. Баш коментиравме дека во последно време има некој проблем со интернетов, бидејки, де иде, де не иде, буквално турни ме да кинисам.
ова на сите провајдери се случува или само за т-хоме кажуваш ?
 
Значи да не можеш ништо да симнеш цццццц кај мене нејќе да мрдне повејќе од 70kb/s
 
Може некој Аеродромец да ми каже тука или по ПП каков е квалитетот на интернет конекцијата (со исклучок на глупостиве за торентите)? Фала :)

А, да.. имаат намера да фрлат некој оптички кабел наваму?
 
Додека сме тука ме интересира

1).Дали Близоо или Телекабел имаат некоја оваква мерка применето?
2) Дали Близоо или Телекабел даваат ИП адреси кои се достапни од надвор без ограничување од самите провајдери ака порти, форвардирања итн.
Т.е дали е ист пристапот како и кај Т-Хоме. Оставено на корисникот да си среди што му треба на рутерот а што не? Или пак горе наведените два провајдери вршат некакво филтрирање на inbound / outbound сообраќај ?

Можам да ти кажам за Близу, затоа што го користам нивниот Интернет. Кај нив нема ограничување на брзината на ниту еден тип на сообраќај. Исто така, не филтрираат никаков тип на сообраќај према корисниците. Така е барем кај мене на ЛАН мрежата.
Претходно користев и од Телекабел и можам да кажам дека тогаш немаше никакви ограничувања ниту кај нив. Но, тоа беше одамна, кога брзините беа мали. Како е сега не знам со сигурност, но претпоставувам дека сеуште не ограничуваат.
 
Можно е да имаат некакви проблеми со интернетот, да речеме дека ја утнале математиката и сфатиле дека немаат доволно бендвит за сите корисници после проширувањето на пакетите па се обидуваат некако да се закрпат додека не ги прошират линковите. Чисто моја шпекулација, немам познаници во Телеком :)
Како и да е, мислам дека она што може и треба да го направиме е што помасовно да поднесеме приговори во продажните салони на Телеком, на основа на кои потоа ќе може да се поднесе приговор и во АЕК. Што поголема галама се дигне тоа повеќе шанси има да се реши ситуацијава или во најмала рака да бидат приморани да признаат дека вршат ограничувања.

Ова само што го најдов на фејсбук профилот на МаксТВ, мислам дека можеме да го земеме како официјална изјава: „со сигурност ви тврдиме дека не постојат рестрикции за торентите. МОжеби се работи за некој вирус во вашиот компјутер кој работи во позадина и ги црпи податоците од интернет брзината, па поради тоа може да е поспоро. Исто така, брзината на торентот во голема мера зависи од самиот торент кој го преземате.“
 
МОжеби се работи за некој вирус во вашиот компјутер кој работи во позадина и ги црпи податоците од интернет брзината, па поради тоа може да е поспоро. Исто така, брзината на торентот во голема мера зависи од самиот торент кој го преземате.“

Ova e tocno ,jas go imam primeteno, razlicen fajl so razlicna brzina se simnuva.
 
Ova e tocno ,jas go imam primeteno, razlicen fajl so razlicna brzina se simnuva.
Тоа е карактеристика на самиот бит торент протокол :) Ако симнуваш фајл со 4 сидери од кои сите го имаат лимитирано нивниот аплоуд на 10к не можеш да очекуваш дека ќе добиеш поголема брзина од 40к, но ако симнуваш фајлови од приватен тракер со преку 200-300-500 сидери тогаш во најголем број случаи ќе ја добише максималната брзина колку што ти дозволува пакетот/линијата.
 
Ova e tocno ,jas go imam primeteno, razlicen fajl so razlicna brzina se simnuva.
Ало, плиток народ, фала богу дека е тоа точно ама моментално проблемот е 100 пати напоменат и 100 пати објаснет и до сега требаше да биде јасно дека во овој случај проблемот е друг.
 
Може некој Аеродромец да ми каже тука или по ПП каков е квалитетот на интернет конекцијата (со исклучок на глупостиве за торентите)? Фала :)

А, да.. имаат намера да фрлат некој оптички кабел наваму?

Во зградите околу Бисер има оптика. А конекцијата е одлична. Си тера на максимум, никогаш ми нема паднато.
 
Тоа е карактеристика на самиот бит торент протокол :) Ако симнуваш фајл со 4 сидери од кои сите го имаат лимитирано нивниот аплоуд на 10к не можеш да очекуваш дека ќе добиеш поголема брзина од 40к, но ако симнуваш фајлови од приватен тракер со преку 200-300-500 сидери тогаш во најголем број случаи ќе ја добише максималната брзина колку што ти дозволува пакетот/линијата.

Fala na objasnuvanjeto:)
 
Дали кај вас каналите арена спорт ви се закочени? Овде ли се поставуваат прашања околу мах тв или има друга тема?
 
чудо ми чудо
ова време качи 420 kbps!! со просек 350kbps
водичка?
 
Во зградите околу Бисер има оптика. А конекцијата е одлична. Си тера на максимум, никогаш ми нема паднато.
Супер, ама изгледа од Железничка до Бисер нема (скоро) никаде :) Ако мапата на сајтот е точна, немаат мрднато година-две..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom