Телеком ADSL и OPTIC интернет - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата vmx
  • Време на започнување Време на започнување
Луѓе, абе каков рутер даваат за оптички интернет и како и од кај све поврзуваат? Има некој земено оптик па да стаи тука еден тест за брзина и да каже искуства?
Брат ми има 3Мах Оптик Комфорт, тој што е 2.700 или така нешто. Поправило треба да е 30/30 мегабита конекцијата и секогаш е толку. Некогаш и некој мегабит повеќе. Има 2 ресивера за 3Мах, и конекцијтаа останува иста. Претходно, додека немаше оптика, се намалуваше брзината ако ти се вклучени двата ресивера. Пример ако цицаш со 1 МБ, со двата вклучени ти паѓа на 500 килобајти од прилика. Со оптиката е многу подобро, и вреди за 300 денари повеќе. Ставаат Huawei модеми (во тој што влага оптичкиот, и Линксис некој обичен за мрежа и безжично).
Исто така, кај друг роднина, има тој првиот пакет од 20 мегабита, и секогаш е таа брзината.
Одлична е оптиката, само што е скапа и мал е лимитот. Пример брат ми има 30 мегабита, а лимит од мизерни 120 кои можеш да ги симнеш за ден, два најмногу.
 
Значит цел месец штедев интернет, ама буквално штедев, спуштив само 5 ГБ, а јутуб ептем слабо гледав, и еве денес го пројдов лимитот од 30 ГБ.
Ајде од утре друга песна ќе е..
 
Фер политика од 300 ГБ.. Бар за мене е задоволувачи, не прам од 200ГБ појке, ама лошо е то шо 2 години треба да се обврзиш.
 
Добар пакет е 3макс Старт.300гб доволни ми се, и Спортклуб таман ќе си терам :D
 
3 Max Start


  • Повеќе од 80 основни ТВ канали
  • Видеотека со повеќе од 100 филмски и 600 ТВ наслови
  • ТВ-тека: програма од последните 3 дена, достапна без да ја снимате
  • Интернет брзина до 8 Mbps / 768 Kbps
  • Неограничен интернет сообраќај
  • Неограничени бесплатни разговори во мрежата на Македонски Телеком
24 часа техничка поддршка на 0800 12345

Убаво, убаво.Најверојатно ова ќе го земам после истекот на договорот во Јуни.
 
Да не знае некој дали ќе ги намалуваат цените на Call & Surf пакетите?
 
Ги погледнав пакетите за 3 Макс и можам да кажам дека
3 Max Start е она што ми треба!

(8)
За неограничен интернет сообраќај важи политика на фер од 300 GB месечно. По надминување на вклучениот интернет сообраќај, брзината на пристап се намалува на 768Кbps/768Кbps.
топ! :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom