Телеком ADSL и OPTIC интернет - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата vmx
  • Време на започнување Време на започнување
Што е Optic пакет?

optika_vlakna.jpg
Оптика до домот (FTTH*) е најнапредната технологија во светот за широкопојасен интернет пристап и за телекомуникациски услуги воопшто.
За разлика од технологии врз база на бакарни кабли, со оптика до домот сигналот се движи во облик на светлосни зраци низ микро цевчиња наречени оптички влакна. Сигналот низ оптичко влакно буквално се движи со брзина на светлината.
Оптика до домот овозможува пренос на повеќе податоци, преку поголеми растојанија на посигурен начин отколку преку бакарни кабли.
Оваа врвна технологија моментално ја користат над 20 милиони претплатници низ светот.
Оптика до домот ви овозможува:

  • Да добиете огромни и симетрични интернет брзини и до 40 Mbps.
  • Уште по стабилна интернет врска.
  • Гледање повеќе ТВ програми со висока резолуција во исто време.
  • Технологија која не застарува.
  • Истовремено сурфање на интернет и разговарање на повеќе телефонски линии.
  • Месечниот надомест не зависи од времето поминато на интернет.
Сите овие поволности можете да ги добиете со Optic пакетите на Македонски Телеком, кои се базирани на технологијата оптика до домот (FTTH).
Optic - пакети на иднината!

Технологијата оптика до домот практично не застарува и има скоро неограничени можности.
Веќе се направени тестови во кои низ едно оптичко влакно е остварен проток од 14 терабита во секунда.

  • Доволно да помине целиот интернет сообраќај на Македонија помножен со 1.000!
  • Доволно за 210 милиони телефонски повици во една секунда!
  • Доволно за преземање на 380 DVD филмови во една секунда!
Со претплата на Optic пакет на Македонски Телеком, добивате вакво оптичко влакно во вашиот дом!
Што можам да правам со Optic пакет?

optika_uredi.jpg

Со Optic пакет на Македонски Телеком можете да:

  • Се поврзете на интернет со досега недостапна брзина и да:
  • Преземате или испраќате филмови, музика, слики и други содржини
  • Гледате филмови, видео клипови или видео стримови (YouTube)
  • Слушате музика и интернет радио
  • Се дружите преку друштвени веб сајтови (Facebook, LinkedIn, MySpace)
  • Се допишувате со пријателите преку “chat” апликации и електронска пошта (MSN, Hotmail, Yahoo)
  • Читате електронски списанија и весници
  • Играте мрежни (online) игри
  • Преземате најнови софтверски апликации
  • Гледате повеќе ТВ програми на MaxTV со висока резолуција во исто време
  • Зборувате на две телефонски линии во исто време додека сте поврзани на интернет и гледате MaxTV – и тоа се преку еден оптички приклучок
Зошто да земам Optic пакет?

Со Optic пакетите на Македонски Телеком добивате посебни погодности кои ги немаат другите производи достапни во Македонија:

  • Драстично поголема интернет брзина и до 40 Mbps симетрично.
  • Повеќе интернет сообраќај.
  • Уште по стабилна интернет врска.
  • Иста дојдовна и појдовна интернет брзина, погодна за примање и праќање обемни соржини (на пример видео снимки или слики).
  • Гледање на повеќе ТВ канали со висока резолуција во исто време.
  • Бесплатна втора телефонска линија.*
Секако, ги добивате и стандардните поволнисти што ги добива секој интернет корисник на Македонски Телеком:

  • 24 часа на ден, 7 дена во неделата, техничка поддршка на бесплатниот телефонски број 0800 12345.
  • Стабилна услуга со докажан квалитет.
  • Широка палета на пакети соодветна за разни потреби, со повеќе дополнителни опции.
  • Долгогодишно искуство во обезбедување на интернет услуги.
  • Високо квалитетен и обучен тим.
  • Македонски Телеком е прв и најголем интернет провајдер во Македонија.
  • Над 100.000 интернет претплатници на Македонски Телеком го сочинуваат најголемото интернет семејство во Македонија.
Колку се побрзи Optic пакетите?

Ако од интернет преземате: Видео клип (35 MB) Фото албум (800 MB) Филм (4,7 GB) Со кабелски интернет или ADSL (8 Mbps) ќе ви треба: 35 секунди 13 минути и 20 секунди 1 час и 21 минута A, со Optic пакет (40 Mbps) ќе ви треба само: 7 секунди 2 минути и 40 секунди 16 минути и 3 секунди Со Optic пакет можете да преземете содржини 5 пати побрзо отколку со стандарден кабелски интернет или ADSL!
Ако на интернет испраќате: Видео клип (35 MB) Фото албум (800 MB) Филм (4,7 GB) Со кабелски интернет или ADSL (1 Mbps) ќе ви треба: 4 минути и 40 секунди 1 час и 47 минути 10 часа и 42 минути A, со Optic пакет (40 Mbps) ќе ви треба само: 7 секунди 2 минути и 40 секунди 16 минути и 3 секунди Со Optic пакет можете да испраќате содржини 40 пати побрзо отколку со стандарден кабелски интернет или ADSL!


Повеќе на T-Home
 
Само во некој делови на Скопје.

Ова меѓу другото ме потрети да прашам дали некој од тие делови што е член на форумов или негов пријател ставил.

Ако е така го молам да сподели импресии.:vozbud:
 
Убава реклама :smee:, ама што аку кога го има само во 2-3 улици во Македоијава. Додека нема покриеност од минимум 80%зошто кревате галама? И на колку си ограничен со интеренетов на 100 гига :D
 
Во кои делови на Скопје поточно? И тоа со оптичките кабли, треба рушење на ѕидови за да се воспостават или има некоја друга солуција?
 
Во кои делови на Скопје поточно? И тоа со оптичките кабли, треба рушење на ѕидови за да се воспостават или има некоја друга солуција?
Другата солуција е со телепротирање на кабли, а бидејќи сеуште не е измислен телепортот, рушењето ѕидови и копањето улици ни останува :smir:
 
Достапност на Optic пакети

Optic пакетите за сега се достапни само во Скопје на следниве адреси:

  • ул. Народен Фронт : блок 5, бр. 5, бр.7, бр.9, бр.11, бр13, бр.15 , бр.17, бр.19, во Капиштец
  • ул Васил Горгов: бр. 20, бр. 21, бр. 23А, бр 29, во Капиштец
  • ул. Козара: бр. 42, бр.64, во Капиштец
  • ул. М. Х. Јасмин бр 38 (кула 6) во Градски Ѕид
  • ул. 11 Октомври : бр.22, бр. 24, бр.26, бр.28 во Градски Ѕид
  • ул. Коцо Рацин : бр.32, бр. 38 во Градски Ѕид
Планирани подрачја

optic_mapa.gif
 
T-Shit видете го само ценовникот и плаќање на опрема и тој дел:pos2::pos2:
 
Уште да не беше адресата динамична :)
Иначе цениве се бајаги евтини
 
T-Shit видете го само ценовникот и плаќање на опрема и тој дел:pos2::pos2:

Епа никаде во светот каде што има оптички интернет нема пакет од 500 денари како што е на повеќето кабелски оператори. Имаш брзина од 40 mbps и неограничен проток на информации ( bandwidth ). Повеќе од тоа здравје.
 
Eбати компанијата,досапно само за 2-3 улици во ЦЕЛО СКОПЈЕ и лупаат реклами..
 
НЕ е неограничен туку е 300 гига.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom