Едно прашање, совет, помош, солуција за проблемов... или како и да го наречам.
Проблемов ми е константен веќе 2-3 недели, од денот кога се пофалив на форумов дека не ме дисконектира на 6 часа. Ме мачи следново: на секои 10-15-30 минути снемува интернет. Обично конекцијата седи, а интернет нема. Или па паќа и конекцијата и интернетот во исто време. После тоа многу ретко можам пак да се поврзам, а повеќето од случаите ми стои она Connecting through WAN Miniport.... и интернет немам во наредните пола саат. Ова е константно значи неможе еднаш да му се згреши да имам цел саат интернет.
Е сега имам 2 компјутери едниот со Виста другиот со ХР и на двата имам инсталирано од заштите АВГ интернет секјурити, Ад Авеар, и редовно ги апдејтувам и скенирам од вируси и такви глупости. 10 пати се јавив во техничка подршка и ме убеедуваат дека кај нив се е супер, а јас имам гарант некој вирус и на двата компјутери кои не немаат никаква допирна точка еден со друг освен по мсн кога зборам со брат ми во другата соба. Има некој ваков сличен проблем и што предлагате да пробам? Од сите антивируси, АВГ-то најдобро се покажа само тоа најмногу вируси наоѓа. Пробав и НОД и Касперски, ама тие не наоѓаа се што ќе најдеше АВГ-то. Друга работа, еден вирус што е за ХР, може да ја зарази и Вистата? Ова последново онака чисто информативно го прашувам.