Mislev na potpisi za priklucok kon vip mreza,za toa so potpisite na Telekom odamna sredeno e,kazaa ke stignelo pismo,istoto go vikaat 6 meseci i nisto,se ista prikazna.Zgradata e od 83 i vo dobra sostojba e,zosto nejkjat nas stanarite da ne povrzat gospod znae.
Izglea samo so vrski rabotat.
Da izglasase cela zgrada za vip odama ke se povrzevme ama da znaevme deka ke ne zaebaa Telelopovi nemase da go prodolzime dogovorot.
Ama preku coax ili optika,posto za niv i coax e optika xD[coaxot e skoro brz kako optikata pa na niv ne im pravi razlika,ni na mene]ali se sjebav,produziv dogovor na Telekom i nisto od optika,a i plus nema izglasano (za vip)50%+ od stanarite za da postavat ormari pa slabo so vip :/
За почеток треба да си 100% сигурен дека во твојата населба Вип има пуштено оптички кабли кои завршуваат кај локалната телекомуникациска станица на Вип ТВ, од каде што сигналот се префрлува преку коаксијални кабли, бидејќи ако сепак немаат пуштено оптички кабли до локалната телекомуникациска станица, нема да имаш постојано стабилен кабелски сигнал.
Ако од Македонски Телеком сеуште не одговориле на вашите барања за поврзување со нивната оптичка телекомуникациска мрежа, најлесно е да поднесете повторно нови барања.
Кога ќе им се појават повеќе налози на иста адреса, можеби некој од налозите ќе заврши кај некоја екипа која ќе ви даде приоритет.
Друга опција е да отидете кај шефот на одделението за технички услуги за корисниците на Македонски Телеком во соодветниот реон - вообичаено одделението е сместено во истиот објект во кој е сместена локалната пошта во Центар, Карпош, Чаир, Кисела Вода и останатите населби.
Центар, Автокоманда, Керамидница и делови од Железара спаѓаат под реон Центар, заедно со скопската чаршија, скопско Кале, Бит Пазар, факултетите од универзитет Свети Кирил и Методиј, Мавровка, Крњево, делови од Гази Баба и се` што е јужно од пластичарска улица кон Вардар, што значи дека ќе треба да се жалиш во кафеавата зграда на Македонски Телеком покрај Вардар, веднаш до зградата на Македонски Пошти.
Чаир и се` што е северно од пластичарска улица кон Скопска Црна Гора - Топанско Поле, Шуто Оризари, Топаана, Визбегово, Радишани, Бутел, Бардовци, делови од Железара и селата на Скопска Црна Гора - спаѓаат под реон Чаир, што значи дека ќе треба да се жалиш во зградата на Македонски Пошти во Чаир, еден влез е за вработените од Македонски Пошти, а друг влез е за вработените од Македонски Телеком.
Лисиче, Ново Лисиче и претпоставувам Аеродром - спаѓаат под реон Лисиче, што значи дека ќе треба да се жалиш во зградата на Македонски Пошти во Ново Лисиче.
Ченто, заедно со Сингелиќ, Инџиково, Маџари, Хиподром и околните населби и села, спаѓаат под реон Ченто, што значи дека ќе треба да се жалиш во зградата на Македонски Пошти во Ченто, поточно позади салонот на Македонски Телеком веднаш до локалната клиника.
Карпош, заедно со Тафталиџе, Козле и околните населби спаѓаат под реон Карпош, што значи дека ќе треба да се жалиш во зградата на Македонски Пошти во Карпош, каде што исто така има еден влез за вработените од Македонски Пошти, а друг влез е за вработените од Македонски Телеком.
Ѓорче, заедно со Влае, Волково и околните населби и села спаѓаат под реон Ѓорче, што значи дека ќе треба да се жалиш во зградата на Македонски Пошти во Ѓорче, каде што исто така има еден влез за вработените од Македонски Пошти, а друг влез е за вработените од Македонски Телеком.
Иста е ситуацијата и со Кисела Вода, Драчево, Сарај, Илинден и останатите места низ Скопјево.
Ако живееш надвор од Скопје, би требало да биде уште полесно да најдеш каде треба да се жалиш - вообичаено во зградата на Македонски Пошти, кои ја делат зградата заедно со Македонски Телеком.
Раководителот на одделението за технички услуги за корисниците на Македонски Телеком во конкретниот реон, ќе ти даде информација од прва рака за актуелната состојба на налогот кој ти и твоите соседи сте го поднеле за поврзување со оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком.
За разлика од одделението за технички услуги за корисниците на Македонски Телеком во конкретниот реон, во салоните на Македонски Телеком се задолжени само за да примаат барања, но не и за нивна реализација, за реализацијата на барањата и налозите се задолжени одделенијата за технички услуги за корисниците на Македонски Телеком во конкретните реони.