Телеком ADSL и OPTIC интернет - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата vmx
  • Време на започнување Време на започнување
Абе кога станува збор за техника-технологија за мене нема тешка работа, ама за некого може да биде и тешко. :-)
 
Па не е нешто тешко тоа за инсталирање :D

Па не е тешко, убаво е објаснето и се. Но после одкога се ќе поврзеш и ќе видиш дека ништо не работи, губиш цел ден да го најдеш проблемот, им се јавуваш и ти викаат дека од таму не е пуштено и ќе треба да почекаш ден два >.<
 
Ма нееее грешка си не е научна фантастика за да го поврзеш :D
 
Се шибнав на 3макс бејзик, малку ми се 30гб но комшииве(двајца) беа на 3макс старт па ги убедив да ги обноват договорите, така да 600 гб ми се доволни. Јбг и мене да ми се исплати сервисирањето на нивните компјутери...:D
 
Чудна работа на 171 чекав само 2 минути и ги добив. :)
Го земав новиот 3Max Start и ми рече вработената од таму дека ќе се реализира барањето за 2-3 дена, до понеделник некаде и ќе ми биде јавено.
Ама за 20те плус канали, неможев да и докажам дека нема никакви плус 20 канали, незнам дали се грешка нешто па имаат пишано така или се во план да ги пуштат спортските или хбо пакетот бесплатно, незнаеше и госпоѓата да ми каже прецизно, ќе имале на сајтот подетално демек деновиве.
 
Јас мигрирав од 3max comfort + на 3Max comfort ... со одредени попусти овој пакет ме фаќа 2.000 денари што и мислам дека вреди максимално за цената !!!
 
ja si zavrsiv rabota, vcera napraviv nov dogovor deneska mi pustija 8mb so 300 giga,
 
Јас мигрирав од 3max comfort + на 3Max comfort ... со одредени попусти овој пакет ме фаќа 2.000 денари што и мислам дека вреди максимално за цената !!!

Како 2000 кога новата цена е 2500. Ја сакам да се префрлам, затоа прашувам.
 
Како 2000 кога новата цена е 2500. Ја сакам да се префрлам, затоа прашувам.
Епа некој инвладиски попуст , ако имаш дедо баба , префрли го телефонот на нивно име и ќе добиеш попуст 500+ денари !!!
 
Епа некој инвладиски попуст , ако имаш дедо баба , префрли го телефонот на нивно име и ќе добиеш попуст 500+ денари !!!

Фала, јас мислев ако си корисник на повеќе услуги или подолго време ги користиш услугите даваат некој попусти.
 
Фала, јас мислев ако си корисник на повеќе услуги или подолго време ги користиш услугите даваат некој попусти.
даваат и тоа, ама не во попуст на цена туку имаат акции за лојалност па даваат гага безжични телефончиња (фиксни) и слично !!! стално кога ќе плаќаш сметка ќе си прашуваш за тоа да не имаат некоја акција , зашто најчесто не кажуваат, прошли пут така случајно се најдов у муабет и ко испадна сум имал право на гага телефон ...
 
Се успори нешто нетов или мене пак ме зезаат овие?
 
Рејсиверот за MaxTV мора ли да биде во LAN 4 портата на Speedport рутерот? Јас имам пуштено мрежен кабел од LAN1 до свич во дневна. Ќе работи ли само ако го брцнам МаxTV рејсиверот во свичот?
 
А откако ќе свртите на 171 и потоа откако ќе го изберете јазикот, што треба следно да се стисне за да можам да го потпишам новиот пакет. Има опции од 1 до 7 мислам, ама некако не ми се прецезирани ко што треба или јас неможам да слушнам убаво... пробав со некои, но на различни работи наидов. Инаку сум корисник на 3 max comfort + и плакам 3100, па гледам сега дека не постои веќе тој туку само 3 max comfort кој е сличен на овој +, дури е и подобрен, а вреди 2490 ден.
 
„Ако ви е потребна помош од нашиот оператор притиснете 0“
Ќе ти се јави операторот по чекање од некои 10-15 (многу се зафатени) ќе му кажеш матичен број на корисникот и конто број од сметка и имаш нов пакет за еден до два дена.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom