- Член од
- 11 април 2013
- Мислења
- 355
- Поени од реакции
- 183
Голем дел од канали можат да се емитуваат во Македонија. Спорт Клуб HD сите канали може тука, Total TV веќе ги има што значи дека нема проблеми со СРД(АВМУ). Eurosport HD го има речиси секаде, Eurosport 2 HD го има на телеком незнам зошто го нема на близу/телекабел. Близу конечно ставија српски audio на Eurosport HD. Сите тие фокс канали во HD ги има само SBB, ги нема дури ни српскиот телеком а изгледа ни никој друг на балканот. Исклучок е Fox(обичен) го има во Бугарија изгледа во HD. Сите HBO/Cinemax HD канали се достапни во Македонија, незнам кој им е на операториве едвај обичен во SD го ставаат, на страната на HBO Македонија убаво е објаснето дека сите можат во HD и со превод македонски. National Geo HD и Nat Geo Wild HD, се истотака достапни никој ги нема освен Total TV(Nat Geo HD). Travel HD го има по кабелскиве низ јужна Македонија ако не се лажам(значи може и он).History немам HD сретнато за Македонија али пошто има обичен не гледам проблем, освен операториве кои им чуе-нормално.Discovery HD Showcase, Discovery Science HD, Animal Planet HD, Viasat Nature/History HD се канали коишто се достапни кај нас ги има на Близу, Анимал има и македонски превод, другиве два се со српски. Генерално тоа се каналиве што вредат. Arena SD и Arena HD каналите се посебна прича, како што рече членот МК Предавател близу може да не мота колку сака, ама договорот на телеком ке трае уште неколку години па џабе им се. Но како што реков, не сум ич импресиониран од каналите кај телекомците, коментирано е и тука, сум читал и по српски/хрватски форуми за нивните телекомци што исто нудат IPTV, генерално сликата е повеќе компресирана и квалитетот не е ист како преку обична кабелска.Проверено, на реон Скопје уште ги немаат пуштено МРТ 2 и Собраниски во висока резолуција. Него, вчера баш разгледував како стојат работите со понуда на телевизија и интернет во регионов, и конкретно ми падна во очи компанијава од линкот во прилог. Она што приметив е дека покрај понудата од повеќе канали споредено со нашите оператори (бројчано) и каналите во висока резулуција се каде-каде повеќе застапени (кај нас сеуште се движат до 5 со исклучок близу што нуди над 10 ми се чини). Поентата на муабетот ми е дека пазарот уште ни е на примитивно ниво споредено со она што се нуди во регионот т.е. плаќаме многу за просечна услуга, притоа да не ги земаме земјите од западна Европа. Дури и Телеком кај нас во споредба со овие изгледа смешно, а пробуваат да се продадат како компанија со најдобра понуда во државата (имаат 3 HD канали, МРТ АЛФА и Сител). Телекабел во овој поглед мислам дека се коректни, бидејќи HD каналите ги нудат бесплатно, а и дигиталните се без дополнителна претплата - али сепак уште треба да се работи.
Линкот во прилог : http://www.sbb.rs/D3 digitalna televizija/5487/Raspored kanala.shtml/nav_start=0/nav_start2=0
Извинете за off topic ама мислам дека помага во дискусијата.
EDIT: Еве извадок од хрватско списание BUG, кратка споредба меѓу DVB-C и IPTV. Линк / на страна има pdf изваде и прочитајте
Последно уредено: