Телекабел интернет - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата cYb3rc0re
  • Време на започнување Време на започнување
Катастрофа невидена со денови ни торент можам да симнам ни ништо. За стримање да не зборам
 
Добро бе зошто толку им е слаб upload-от во основниов пакет упм, да чекаш со саати нешто да upload-ираш. Инаку за симнување си е супер, брз, се, ама upload-ов не можам да го поднесам значи (n)
 
има ли некоја најава во брзо време за зголемување на брзината на интернетот.Нови канали?
 
има ли некоја најава во брзо време за зголемување на брзината на интернетот.Нови канали?
Од техничка гледна точка, особено во Upload нема шанси, за Download можеби...
 
зошто? кои се техичките ограничувања кои ги имаат па да нема поголеми брзини?
 
зошто? кои се техичките ограничувања кои ги имаат па да нема поголеми брзини?

Па на пример античка застарена опрема од пред 15 години поготово старите моторола модеми со DocSIS 1.1 и мала пропусност на каналите низ нивната мрежа... Така да не се лажеме наскоро нема да има новини за Телекабел.
 
Па на пример античка застарена опрема од пред 15 години поготово старите моторола модеми со DocSIS 1.1 и мала пропусност на каналите низ нивната мрежа... Така да не се лажеме наскоро нема да има новини за Телекабел.
kaj mene koga meseteja lani stavija motorola modem vrsnik so dedo mi+bese star(poloven)gi prasuvam sto vaka---aaaa vika ovie se najdobrite, cccccc
 
зошто? кои се техичките ограничувања кои ги имаат па да нема поголеми брзини?
Во целост се согласувам со @Apple

1. Со модеми од пред 15 години не може да се очекуваат поголеми брзини од овие.

2. Мора ПОД ИТНО да ја исклучат аналогната телевизија која беспотребно ја оптеретува мрежата, и завзема голем фрекфенционен опсег. Еве Близу веќе 2 години постепено ја исклучува, а со самото тоа од модулација од 128/256 QAM (за телевизијата), преминаа на QAM 64. Ова преминување на пониска модулација е одлично, бидејќи како што реков аналогната тв завзема голем фрекфенционен опсег отколку дигиталната тв.

Поради тоа Близу Upstream модулацијата ја зголеми од 16/32 QAM на 64 QAM, и со тоа овозможува многу поголема Upload брзина од 1-2 Mbps (овозможува до кај 10 Mbps некаде). Еве веќе цела држава ја исклучува аналогната и премина на DVB-T, а овие уште повеќе канали ставаат на аналогната, со кој памет и логика ПОИМ НЕАМ, не се нормални.

Заклучок: Со исклучувањето на Аналогната ТВ многу ќе се ослободи фрекфенциониот опсег, и со тоа ќе се овозможи: повеќе Дигитални и HD канали, интернет со поголеми Down и Up брзини. Се на се, тоа е, ако има уште нејасно прашајте, ќе се обидам да ви објаснам.

ПС: Близу веќе има најдобра мрежа, ама скржави се катастрофално, таков им е менталитетот изгледа. Да не заборавиме, 2+ месеци Немаа СК, мислам со кој памет ги отстранија тие канали??? Но тоа е тоа, тоа е веќе друга тема, да не забегувам. Инаку можам да ви кажам дека Близу можно е наскоро повторно да зголеми, брзини, не е сигурно, но можно. :)
 
Телекабел е изгубена приказна....сега кога ќе се спојат Оне и Вип и Телеком кога ќе ја пушти оптиката насекаде со каде каде поголеми стартни брзини сите ќе се откажат....Многу од тие што беа подржувачите на Телекабел тука ги нема. Тоа е показател до каде дојде самата компанија. Другите компании можда ќе бидат поскапи но услугата е веќе супериорно поразлична
 
Телекабел е мизерија невидена, аплоадот е тиња, данлоадот исто така, кога нема интернет и телевизија ностоп им е заузето на телефоните а се кажуваат 24 часа техничка подршка

Sent from my SM-N9005 using Tapatalk
 
Јас одамна ќе ги сменев телекабел заради брзините. Ама ете доста им е стабилна конекцијата.

Последен пат ми снема нет некаде во јуни околу 4 саати немав нет, а пред тоа некаде во ноември..

Затоа сум сеуште на телекабел.
 
Се мислам да се префрлам на телекабел. Дајте нешто искуства, брзина на интернет и стабилност. Дали се случува да паѓа нетот? Пошто тоа ми е најголем проблем на One.
 
Се мислам да се префрлам на телекабел. Дајте нешто искуства, брзина на интернет и стабилност. Дали се случува да паѓа нетот? Пошто тоа ми е најголем проблем на One.
Подобро оди на Близу...

Sent from my D2005 using Tapatalk
 
не е толку лошо во последниве 2-3 месеци само еднаш се случи да нема интернет и тв,

за нет просечно брзината кај мене за download e околу 14mb а за upload <1mb (но јас го имам најевтиниот пакет од 850 за тв и нет),

за тв не е нешто посебно но не е и така лошо тоа што јас го гледам го има но мислам дека на близу имаат за класа подобра слика, и тоа што многу ме нервира за разлика од бумот кој го користев порано од оне на дигиталната на секоја промена на канал треба рачно да внесувам превод што мене многу ме нервира и многу често заради тоа гледам на аналогните канали, добро ти е тоа што немаш никаков договор па ако не си задоволен од било што од кај нив што користиш си се откажуваш и никому ништо.
накратко тоа е мое мислење ако те интересира нешто конкретно да се дообјасниме
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom