Ај дајте ми совет за Андроид телефон.
Еве што ми е битно
- Да биде брз како iPhone, да не кочи, да нема лаг (или приближно)
- Да биде популарен (за да може да има апдејти на андроидот или custom mods, и accessories и да може полесно да се продаде кога ќе дојде време за понов)
- Да не биде премногу голем (максимум колку Note 3)
- Да изгледа добро.
- Цената не е пресуден критериум и немам горна граница ама ако поефтин тоа е плус
- Камерата не е битен фактор зошто не сликам многу
- Батеријата исто не е страшно битен фактор. Да држи еден ден е битно. Не го користам премногу. Кога сум на работа скоро ич.
- Да е колку толку издржлив. Не сакам нешто како Нексус 4, со стаклена позадина што лесно се крши.
- Не ми текнува што друго...
Уште нешто: не ми е хитно да земам тел. Можам и да почекам некое време ако има некој добар тел. што ќе излезе скоро (ама колку што знам нема, но сепак...)
Тоа помеѓу што јас се двоумам е Нексус 5, СГС 4, Ноте 3.