Теист/Атеист

  • Креатор на темата Креатор на темата Божино
  • Време на започнување Време на започнување

Теист/Атеист?

  • Теист

    Гласови: 26 44,8%
  • Атеист

    Гласови: 32 55,2%

  • Вкупно гласачи
    58

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.617
Поени од реакции
13.341
Веб-сајт
www.facebook.com
Една порелаксирачка тема од останатите во Религија, чисто да се преброиме. Дискусии имаше доволно и преку доволно за тоа дали е точна Теоријата на еволуцијата, дали Бог постои, која религија е вистинска итн. Овде едноставно искажете дали верувате во Бог или не.

Јас - Теист.
 
А за кој бог е прашањето??

Пошто и атеисти има разни, не е сеедно во кој бог не верува човек, исто како што има и разни верници кои веруваат во разни богови. Дали овде се мисли на овој нашиот бог или некој туѓ ??
 
- Атеа=невидлив
- атеист=поединец кој не верува во Божјото постоење;
- теист=поединец кон верува во Бога, но на рационалан основа, преку искуствени истражувања кои му ја покажуваат целата слава Божја; теистите во принцип, не се верници и не практикуваат верско учење;
- верник=поединец кој поверувал во Божјото постење и кој верува на „невидено„ и кој го практикува учењето Божјо.
 
Не гласав, зашто од една страна не верувам дека постои бог како нешто материјално и опипливо, а од друга страна верувам, зашто знам дека не можам да знам.

Малку е нејасна анкетава.
 
А списокот ке оди кај...? :pos:
 
Не гласав, зашто од една страна не верувам дека постои бог како нешто материјално и опипливо, а од друга страна верувам, зашто знам дека не можам да знам.

Малку е нејасна анкетава.

Анкетата е дали ВЕРУВАШ дека Бог постои (Теист си ондак) или веруваш дека Бог не постои (Атеист си ондак).
Не е битно која религија, пошо Бог е еден. Верниците нека се вбројат во Теисти, ако веќе одиме до детали.
 
Анкетата е дали ВЕРУВАШ дека Бог постои (Теист си ондак) или веруваш дека Бог не постои (Атеист си ондак).

Не е битно која религија, пошо Бог е еден.

А што со оние кои веруваат на пример дека постои Кришна а не постои исус??
Тие се теисти или атеисти ?, (пошто не веруваат во твојот бог)
 
Ти се идолопоклоници...надвор и од теисти и од атеисти.
 
Ти се идолопоклоници...надвор и од теисти и од атеисти.

“Нашата вера се базира на вистински свети писма и вистински пророци, за разлика од останатите вери чии свети писма и прорци се лажни“


(Овде може да стои било чии потпис)
 
Не гласав, зашто од една страна не верувам дека постои бог како нешто материјално и опипливо, а од друга страна верувам, зашто знам дека не можам да знам.

Малку е нејасна анкетава.

Анкетата е многу јасна и едноставна, ако веруваш во постоење на господ или богови без разлика на религија и дали е тоа физичко или нефизичко битие, тогша си теист. Ако не веруваш во постоење на такво битие тогаш си атеист.
А инаку никој не знае дали постои или не господ бидејќи тоа неможе да го докаже, може само да верува во неговото постоење.

А за кој бог е прашањето??

Пошто и атеисти има разни, не е сеедно во кој бог не верува човек, исто како што има и разни верници кои веруваат во разни богови. Дали овде се мисли на овој нашиот бог или некој туѓ ??

Лет дај не се прави со сила интересен, не си, ако веруваш во каков и да било бог, господ, богови, божества и сл. тогаш си теист, ако не веруваш дека светот е создаден и раководен од страна на некои битие без разлика дали е тоа физичко или не, односно од страна на некој бог, господ, богови или божества тогаш си атеист.

А списокот ке оди кај...? :pos:

св. Петар
 
Јас разбрав дека Шиндлер ќе ја зема листат .. можда сум грешка , можда ќе оди кај Петрета ..:nesum:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom