Ted Lasso

  • Креатор на темата Креатор на темата Magic Mike
  • Време на започнување Време на започнување

Magic Mike

The difference between me and dem, my love is pure
Член од
20 септември 2023
Мислења
3.192
Поени од реакции
7.138
MV5BMDE5OTkxM2EtMDM1ZC00MDRlLWI5MTgtNjNkMzdlYzY0NzQ2XkEyXkFqcGc@._V1_.jpg

Приказната го следи Тед Ласо (Џејсон Судеикис) американски тренер по американски фудбал (рагби) кој е неочекувано ангажиран да го води англискиот фудбалски клуб АФК Ричмонд иако нема никакво познавање од европски фудбал.
Серијата е за фудбалски клуб и фудбал но уствари поентата на серијата нема никаква врска со фудбалот туку обработува нешто подлабоко.
Наместо само за спортски резултати, серијата е приказна за емпатија, ментално здравје и моќта на човечноста.
Серијата има топла, духовита и инспиративна атмосфера дава feel good vibes, лично во мене буди емоции и многу ми помогнала да ме разведри и е одлична comfort show.
Првично серијата беше предвидена да има само три сезони, така и финишираше третата сезона но поради огромниот успех и поддршка од публиката ја вратија серијата за четврта сезона но со свежа идеја што вреди да се раскаже.
Веќе се излезени неколку епизоди од новата четврта сезона.
 
Добра комедија, оваа нова сезона нема да ја гледам. Заради очигледни причини.
 
Добра комедија, оваа нова сезона нема да ја гледам. Заради очигледни причини.
Зошто???
Знам дека не требаше да ја чепкаат но ја почнав јас и не е лоша до сега се надевам дека нема да ја усерат понатаму.
 
Зошто???
Знам дека не требаше да ја чепкаат но ја почнав јас и не е лоша до сега се надевам дека нема да ја усерат понатаму.
На било која серија што се завратиле да молзат пари ја уништиле, не фала.
Не викам дека сите трема да ја одбегниваат, на кого му се допаѓа нека ја гледа.
 
На било која серија што се завратиле да молзат пари ја уништиле, не фала.
Не викам дека сите трема да ја одбегниваат, на кого му се допаѓа нека ја гледа.
Кога ќе мењаш профилна?
 
Првата сезона беше интересна и после отиде у надолна линија со воук срањата.
 
Четвртава сезона го нема шармот од првите три сезони но сепак поради носталгичност уживав во добра доза на хумор, оптимизам и позитивна енергија што ја нуди серијата.
Во првите три сезони музиката беше една од најубавите сегменти во серијата и имаше одличен саундтрак, нешто што многу фалеше во последнава сезона.
Четврата сезона заврши со опција и можност Тед повторно да се врати да биде тренер на машкиот тим но дали навистина ќе биде така ќе мора да почекаме за да видиме.
 
Дај боже но ко што им тече причава ќе биде тренер или на новосоздаден тим од џендери или на инвалидски тим. Дај боже да грешам, со исклучок на оваа сезона другите беа што-годе добри.
 
Back
На врв Bottom