Magic Mike
The difference between me and dem, my love is pure
- Член од
- 20 септември 2023
- Мислења
- 3.021
- Поени од реакции
- 6.667

Приказната го следи Тед Ласо (Џејсон Судеикис) американски тренер по американски фудбал (рагби) кој е неочекувано ангажиран да го води англискиот фудбалски клуб АФК Ричмонд иако нема никакво познавање од европски фудбал.
Серијата е за фудбалски клуб и фудбал но уствари поентата на серијата нема никаква врска со фудбалот туку обработува нешто подлабоко.
Наместо само за спортски резултати, серијата е приказна за емпатија, ментално здравје и моќта на човечноста.
Серијата има топла, духовита и инспиративна атмосфера дава feel good vibes, лично во мене буди емоции и многу ми помогнала да ме разведри и е одлична comfort show.
Првично серијата беше предвидена да има само три сезони, така и финишираше третата сезона но поради огромниот успех и поддршка од публиката ја вратија серијата за четврта сезона но со свежа идеја што вреди да се раскаже.
Веќе се излезени неколку епизоди од новата четврта сезона.